Author: Нова ТВ

Владиката Петар со апел до верниците да ги почитуваат мерките, предупредува вирусот е сериозен. Тој веќе 20 дена е на болничко лекување откако добил поситивен тест. Тој во изјава за Сител открива дека од пред некој ден во болница е и повардарискиот митрополит Агатангел. Од редот на владиците, околу божиќните празници вирусот веќе го прележа владиката Пимен, кој најверојатно се заразил додека беше во Германија пред Нова година. А позитивен на корона беше и новиот поглавар на ИВЗ. Со апел до верниците и првиот човек на Комисијата за односи со верките заедници Даријан Сотировски, сите да се придржуваат до мерките…

Read More

Владата на Северна Македонија ги демантира и ги отфрла како невистинити тврдењата на пратеникот Антонио Милошоски дека наводно „премиерот Зоран Заев и министерот Оливер Спасовски делеле македонски пасоши на терористи од ИСИС“. Од Владата бараат опозициската ВМРО-ДПМНЕ да престане да ги саботира успешните акции на Министерството за внатрешни работи. -Ова е брутална лага која има за цел да ја манипулира јавноста, да попречува случајот да се расчисти до крај и да направи штета на угледот на институциите кои посветено и успешно се справуваат со секаков вид криминал, велат од владината прес служна. Оттаму уште еднаш потенцираа дека токму челниците на…

Read More

На шестмината осомничени кои паднаа во акцијата на МВР што ја спроведуваше со американската ДЕА, а во која беше запленета голема количина дрога вредна над 800 илјади евра, судот на барање на обвинителството за организиран криминал им одреди мерка притвор. Според информации од Обвинителството, судија на претходна постапка им одредил притвор од по 30 дена. Лицата се обвинети за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” – кривично дело кое е предвидено и казниво по член 215 став 3 од Кривичниот законик“. Од Обвинителството велат дека оваа акција е спроведена по повеќемесечна постапка, координирана и…

Read More

Индустријата која организира настани во земјава е една од економски најпогодените поради кризата од пандемијата. Со цел да им излезе пресрет Владата во последниот 5ти пакет економски мерки креираше наменска директна поддршка за оваа економската гранка. Клучни критериуми се за содржините да се ангажираат исклучиво домашни артисти и изведувачи, за во целост да се поддржи домашната сцена и настаните да се на тема од висок јавен интерес со што ќе придонесеме и кон националната гордост, кон она што е наше обединување и највисок државнички интерес – а тоа оваа година е јубилејот 30 години независност на нашата татковина Северна Македонија…

Read More

Новата влада ќе ја состави второпласираната партија на изборите во Бугарија „Има такви луѓе“ предводена од Слави Трифонов и таа ќе добие широка поддршка од сите парламентарни сили, прогнозира професорот Михаил Константинов, кој е шеф на државната агенција „Информативни услуги“. Според него, таквата влада би можела да има многу сериозна поддршка, потсетувајќи на времето пред 1989 година, кога БКП беше единствената партија во Бугарија. Според него на Бугарија сега и треба стабилно управување бидејќи „земјата е во војна“, мислејќи на пандемијата на Ковид-19 и евентуалниот конфликт во Украина, кој не би бил мал за црноморскиот регион, во кој Бугарија е…

Read More

– За прв пат во нашата земја се изработија наставни програми врз основа на Национални стандарди базирани на компетенции и истите се фокусираат на резултати од учењето. Прецизно е дефинирано какви компетенции (знаења, способности, вештини и ставови) се очекува да стекнат учениците за време на основното образование, а наставникот добива целосна автономија да ја прилагодува наставата кон одделни ученици или групи за целосно постигнување на очекувањата и потенцијалот на секој еден ученик, се вели во соопштението од МОН. Од министерството истакнуваат дека наставните програми се изработувани од страна на работни групи во кои покрај советниците на БРО, учествуваа и универзитетски…

Read More

Во барака 16 во Град Скопје се поднесуваат даночни пријави за утврдување данок на имот. Во истата, двајца граѓани во различни месеци поднеле пријави за услугата што се нуди со два засебни купопродажни договори во кои стојат податоци за идентичен стан. Пријавите прифатени, данокот платен, Град Скопје добива двајца различни даночни обврзници за еден ист стан. Станува збор за двајца од шестмината граѓани за кои МИА вчера откри дека се оштетени со капар од 32 илјади евра при обид за купување на стан. Покрај тоа што биле измамени за капар од 10 илјади евра, двајцата купувачи платиле и данок за…

Read More

Над 6 000 текстилни работници во земјава минатата недела се испратени дома, на колективен одмор, кој ќе им трае две недели. Бизнис секторот оваа одлука, која силно одекна во текстилните градови Штип, Прилеп и Кочани ја образложија, со тоа дека немаат ниту нови нарачки од странските партнери, ниту пак државна помош во исплата на плати, која е заглавена со Собранието. Претставникот на штипските текстилни конфекции во Кластерот за текстил, Кирил Нашков вели дека оваа е преодна фаза и се во исчекување, што ќе се случи деновиве. – Се надеваме дека вработените ќе ги вратиме назад на работа. Секако ако остане…

Read More

Трајче Заев, братучедот на премиерот Зоран Заев, чие име го споменуваат од ВМРО-ДПМНЕ поврзано со заплената на марихуаната во вредност од 800 000 евра, на профил на социјалната мрежа Фејсбук наведува дека изнесените работи од опозициската партија не се точни. -Два дена по ред следам како еден политички субјект исклучиво заради сопствени политички цели се обидува да го извалка моето име и името на компаниите во сопственост на Заеви. За да биде јасно на целата македонска јавност, а посебно да се знае за злонамерната цел на политичката партија вмро дпмне сакам да го објавам следното: Споменатото комбе од акцијата на…

Read More

Статистичките податоци што ги објавува Народната банка и покрај состојбата со пандемијата се висококвалитетни и според сите меѓународни стандарди кои што ги исполнуваат само 26 земји во светот. Особено важно е првото објавување на статистиката на финансиските сметки на крајот на минатата година. Значајно е што Народната банка ги оствари статистичките истражувања без доцнење, со задржување на квалитетот. Ова, како што соопштија од Народната банка, се дел од констатациите од состанокот на дел од тимот на Народната банка со тимот на Одделот за статистика на ММФ, во рамките на Пролетните средби на ММФ и Светската банка. – На состанокот беше…

Read More

Голема лага е дека ние го блокираме петтиот сет на мерки за помош на граѓаните и стопанството во ковид-кризата условувајќи го со Законот за државјанство, вели Зијадин Села во интервјуто за Радио Слободна Европа. -Не го блокираме, ние сме поднеле амандмани, но која е матичната комисија која дебатира околу оваа работа, бидејќи дојде време еве да ја кажам вистината за оваа тема. Тоа е Комисијата за финансирање и буџет, а таму, исто како и во Комисијата за европски прашања, можеш да имаш и 100 илјади амандмани, дебатата во оваа комисија трае три дена. Кажете ми колку денови и недели се дебатира…

Read More

Во првите три месеци од годинава се потпишани договори со три странски компании со вкупен износ од 50 милиони евра, а во тек се преговори за уште 15 нови инвестиции кои тежат 250 милиони евра. Канадската МАГНА која ќе гради нова фабрика во ТИРЗ Струга е третата нова инвестиција за годинава, и иако поради пандемијата нивните претставници го одложија доаѓањето договорот сепак е потпишан, најави директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски. -Она што е важно е што самиот тек и реализацијата на инвестициите, не зависи од чинот на потпишувањата. Не робувам на сликање, важно ми е работите да се случуваат, рече…

Read More