Author: Нова ТВ

Утрово имав редовна координација со директорите на клиниките, ковид – центрите во Скопје. Деновиве е намален бројот на хоспитализации во болниците, но подготвени се дополнителни капацитети во болниците како во Скопје, така и низ државата, објави денеска на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче. Справувањето со овој трет бран, кој е многу силен, посочува министерот, е исклучително тешко, не само кај нас, туку насекаде во Европа. -Според епидемиолошките анализи, РО факторот е паднат под 1 и се надеваме дека ќе остане така. Остануваме претпазливи, вирусот е непредвидлив и подмолен, напиша Филипче.

Read More

Вакцината на „Астра Зенека” во земјава нема да се дава на лица помлади од 60 години. Одлуката ја донесоа нашите здравствени власти откако го разгледаа ставот на Одборот на Европската агенција за лекови (ЕМА) за безбедноста на вакцината на „Астра Зенека”. Досега околу 15.500 повозрасни граѓани во земјава се вакцинирани со „Астра Зенека” и засега нема пријавена ниту една несакана реакција од вакцинацијата, освен пријавениот случај на 28-годишна девојка по вакцинација со оваа вакцина во Србија. Според најавите од здравствените власти, наредната недела во земјава треба да пристигнат околу 1.500 пакувања од новата терапија што веќе се применува во САД…

Read More

СДСМ повторно најави истрага за загрозувањето на полициската акција за фалсификуваните пасоши од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а опозицијата возврати дека е скандалозно негови коалициони партнери (од ДУИ и помали партии) да имаат средби со мафијаши. -ВМРО-ДПМНЕ деновиве се нервозни бидејќи целосно потфрлија во обидот да го скријат фактот дека токму нивниот Христијан Мицкоски направи неуспешен обид  да саботира комплицирана полициска акција „Двојник“ преку јавно откривање на информации во тек на активна истрага.Благодарение на брзината и координираноста на полицијата намерата на Мицкоски да ги спаси криминалците беше осуетена. Ако Мицкоски, единствениот на браникот на криминалот по сопствено признание, навистина…

Read More

Министерот за финансии Фатмир Бесими одржа повеќе состаноци со претседателите на стопанските комори на коишто се дискутираше за даночната реформа и за акцискиот план за годинава во однос на Стратегијата за реформа на даночниот систем за периодот 2021-2025 година. На состаноците, министерот Бесими ја истакнал важноста од партнерството на Владата со приватниот сектор и порачал дека покрај преземените мерки, важна е конзистентноста и инклузивниот процес со засегнатите страни при носењето на одлуките. – Реформите на даночниот систем се во насока на воспоставување современ, транспарентен, ефикасен даночен систем што се заснова на јасни правила и принципи и ќе се темели на…

Read More

Предизвици и можности со кои се соочуваат иновативните компании од областа на вештачка интелигенција во Македонија беше темата на последниот #FITRClassroom, организиран од страна на ФИТР. Свои размислувања и искуства на темата презентираа претставници на компании кои со поддршка од ФИТР успеаа да развијат успешни проекти од оваа индустрија: Светлана Кордумова Трајанова-Pixyle.ai, Христијан Ѓорески од Aidea Lab, Нино Карас од Codewell unlimited, Дашмир Истрефи од Hoyo Tech и Александар Савески од компанијата Si-mAInd. За време на настанот свое обраќање имаше Фатмир Битиќи, Вицепремиер задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции. “ФИТР ќе продолжи да биде двигател на…

Read More

Веќе со години имам делумно приватна, делумно професионална потреба да нервирам гадови. И денеска, повеќе од кога и да е, чувствувам потреба јасно да им дадам на знаење колку презирам сѐ што е поврзано за тоа светско движење на ширење глупости.

Read More

Една просечна плата не му стигнува на едно семејство кое брои четири члена да ги покрие сите трошоци. Ова е заклучокот на Сојузот на синдикати на Македонија според кој пресметките за синдикална кошничка покажуваат дека минималните трошоци во март изнесувале 33 772 денари. Најмногу од тие трошоци семејствата издвојуваат за храна и пијалоци или 42 проценти, додека за режиски трошоци и нивно подмирување отпаѓаат 32 проценти. За превоз одат 7,4 проценти, па следат трошоците за хигиена и облека и обувки. Платата која во јануари во просек б ила 28 272 денари не била доволна да ги покрие трошоците на семејствата кои…

Read More

2021 година ќе биде година на економско заздравување и раст. Тоа го навестуваат добрата кондиција на буџетот во првиот квартал и позитивните трендови што се препознаваат. Ваква е оценката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев кој вели дека ваквите текови се должат на преземените мерки, но и на довербата на деловната заедница во мерките кои овозможија стопанството да не работи во грч туку да ја следи бизнис логиката дури и во услови на криза. Посочи дека владиниот стимул придонесе за двојно амортизирање на економскиот пад лани, поточно, според калкулациите на Министерството за финансии е амортизиран за…

Read More

„Со членството во ОН нашата држава се етаблираше на меѓународна сцена, како самостојна и независна држава, еднаква во меѓународното семејство на народи. Во изминатите 28 години поминавме многу предизвикувачки моменти и премрежија кои бараа храбри одлуки. Со мудро лидерство, разумни политики и обединетост сите успеси ги постигнавме откако станавме членка на ОН. Да останеме обединети, силни и посветени и во овие тешки моменти да ја направиме заканата од коронавирусот да биде минато со одговорно однесување на сите“, порача премиерот Зоран Заев во објава на Фејсбук по повод одбележување на 28 години од приемот на нашата држава во Организацијата на Обединетите…

Read More

Македонската фудбалска селекција, летово, за прв пат ќе биде дел од европскиот репрезентативен крем и ќе учествува на Европското првенство, кое ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули. По тој повод, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), во соработка со македонски музичари ќе подготват официјална химна, која ќе ечи низ цела земја и на стадионите каде што ќе игра Македонија. Навивачката химна се вика „Одиме на Европско“. Химната е во фаза на изработка, а ФФМ долови неколку строфи, колку да се загрее атмосферата и привлече вниманието. Дел од спотот ќе се снима во Охрид, на некои специфични локации и…

Read More

Недозволиво е да се работи против интересите на државата и да се рушат истраги. Политиката е една работа, меѓутоа да работите директно против интересите на државата, е нешто што апсолутно не е дозволено, вели министерот Оливер Спасовски. -Секој одговорен граѓанин на оваа држава, посебно политичар, ако добие каква било информација за некакви нелегални дејствија, ако има за тоа некакви сознанија, треба да ги сподели најпрвин со Обвинителството, се вели во изјавата на министерот. Според Спасовски доколку некој знаел дека постои таква истрага и овие податоци ги споделува во јавноста, во еден момент кога се знае дека ќе имаме реализација на…

Read More

Дезинформирањето на јавноста со свесна намера да се наруши угледот на господинот Седат Пекер. Ова е коментарот на адвокатите на турскиот државјанин Дублин Караџа и Јасмин Калач кои преку соопштение тврдат дека нивниот клиент не поседувал фалсификуван македонски пасош. „Реис Седат Пекер категорично и целосно ги отфрла содржината на насловите и прилозите емитувани на порталите и медиумите како невистинити и тенденциозни. Дезинформирањето на јавноста со свесна намера да се наруши угледот на Пекер се гледа од тоа што прилозите се подготвени надвор од професионалните новинарски стандарди, а пренесените вести се во целост лажни“, се вели во објавеното соопштението во кое…

Read More