Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција најави дека до Обвинителството ќе ги испрати сите документи за аферата „Мафија“, кои ги добиле преку свиркачи и дека бараат експресна реакција. Според него аферата потврдува дека власта е во спрега со мафијата и дека ова не само што има негативно влијание дома, туку се одразува и регионално. Тој тврди дека има докази за двајцата, како што рече, членови на високи мафијашки структури Јован Вукотиќ и Седат Бекер, кои добиле македонски пасоши со туѓ идентитет. – Кога пред неколку месеци кажав дека државата е управувана од мафија бев обвинет дека сум престрог во…
Полицијата по координација со Канцеларијата за истраги на американската амбасада и Интерпол и по повеќе од една година истрага и документирање, спроведува голема акција во која до сега уапсени се десетина полициски службеници кои се сомничат дека биле дел од ланец за фалсификување на патни исправи и лични документи Информацијата ја потврдуваат од МВР од каде велат дека акцијата се уште е во тек, а детали најавуваат по нејзино завршување. Извори од истрагата велат дека вчерашниот брифинг од политичка партија бил во насока да се саботира оваа меѓународна акција. Инаку, ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение во кое наведе дека премиерот Зоран…
Холандија и натаму ќе обезбедува силна поддршка за земјата и за Народната банка во комуникацијата и соработката со меѓународните институции, што е исклучително важно во овие тешки времиња. Одлуките на Народната банка донесени во изминатата година се добредојдени во овој контекст. Потребно е состојбата и понатаму да се следи и соодветно да им се одговори на предизвиците, особено во однос на фискалната дисциплина и управувањето со јавниот долг. Од клучно значење е да се продолжи со спроведувањето на структурните реформи во економијата на Северна Македонија. Ова се дел од пораките и констатациите изнесени од амбасадорот на Кралството Холандија, Дирк Јан…
Две турски компании влегуваат во последната фаза од изборот на јавен – приватен партнер кој ќе ја развива дистрибутивната мрежа во земјава за природен гас наменет за домаќинствата, а услов ќе биде на корисниците да им понуди опција за инсталацијата да плаќаат на рати. Самиот приклучок на мрежата нема да чини повеќе од 100 евра вели првиот регулатор во земјава Марко Бислимовски. „Она што е важно е дека најважен тендерски услов ќе биде најниската цена која ќе се понуди за приклучок на природен гас. Нашите очекувања се дека тоа ќе биде под 100 евра по приклучок. Тендерирањето ќе започне од…
– До сега не сме се нашле во ситуација да нема слободно место на државните клиники, граѓаните одлучуваат да се лечат во приватните по сопствена волја, вели министерот за здравство Венко Филипче. Тој посочи дека болниците Ремедика и Систина се согласиле да дадат лекари специјалисти кои што ќе работат во јавното здравство во период од следниот месец дена, 5 лекари специјалисти од приватната болница Систина, двајца од Ремедика. Од клиниката Жан Митрев одговориле дека во моментов голем број од вработените се на боледување, но истакнале дека во следните две недели и тие ќе дадат кадар кој ќе помогне во доекипирање…
Од денеска почнуваат нови рестриктивни мерки кои ќе важат следните две недели. Целта е да се заштити здравјето на граѓаните и здравствениот систем. Во изминатиот период имаше огромен наплив на пациенти во болниците. Интервениравме со ангажирање дополнителни одделенија, инсталирање кислород, екстра кадар по системот на ротација и успеавме добро да го одржиме здравствениот систем и за секој пациент да се обезбеди болнички кревет. Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека сега сме во период кога е навистина оптоварен здравствениот систем, а пред нас се празници. – Имајќи го предвид искуството од минатата година кога ваквите…
Климатските промени треба да се приоритет на сите институции како и за целата заедница, порача министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска на конференцијата „Да зборуваме за климатските промени“ на тема „Можности за попаметно греење“, во организација на Еко-Свест, ЦНВП Македонија и ДЕМ. -Апелирам институциите, државни и приватни, како и секој граѓанин директно да се вклучат во можностите за алтернативни решенија. Потребно е подобрување на состојбите со загадување на воздухот поради загревање домовите на некои локации во земјава, како и идентификување на можните поддржувачи на промената кон почисти и климатски поповолни опции преку интерактивна онлајн работа. Затоа ги охрабрувам сите општини…
БСП би ја поддржала владата на второпласираната партија на парламантерните избори во Бугарија, од неделата, на шоуменот Слави Трифонов – „Има таков народ“, во која би влегле и „Стани! Излези!“ на поранешниот правобранител на земјата, Маја Манолова, и „Демократска Бугарија“ на поранешниот министер за правда, Христо Иванов, изјави за Нова ТВ пратеникот на БСП, Христо Проданов. Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на Проданов, доколку сите партии изјавија дека се „за“ смена на владата на премиерот Борисов, тогаш може да се зборува за поддршка на владата со мандат на партијата „Има таков народ“. Проданов ја потврди…
Инвестициите во развојот на човечкиот капитал се од исклучителна важност за напредокот на државата, а особено во секторите образование, здравство и социјална заштита. Како земјите се справуваат со последиците од кризата предизвикана од ковид 19 пандемијата и ударите врз здравството, образованието, ранливите категории на граѓани и работните места, градењето одржливи и инклузивни системи отпорни на идни шокови, промовирањето на економски можности и истовременото обезбедување фискална одржливост, беа темите дискутирани од страна на министрите за финансии и развој од различни земји во светот, заедно со потпретседателот на Светската банка за развој на човечки капитал, Манта Мурти и претседателот на Групацијата на…
Премиерот Зоран Заев денеска на својот фејсбук-профил упати апел до граѓаните за почитување на мерките за заштита, кои, како што посочува се неопходни и побара максимална ангажираност на институциите со цел нивно доследно спроведување. -Вирусот во овој бран е многу поопасен и многу побрзо прогресира. Затоа клучно е да се ограничи бројот на контакти коишто ги правиме со други луѓе.Ова е момент кога е потребна целосна мобилизација на граѓаните и општеството во заштитата на јавното здравје коешто е обврска на секој од нас. Повикувам на максимална одговорност од сите. Седете дома во наредниот период! Не излегувајте ако не е потребно и никако не…
Горд сум што Грција ја надгради својата геополитичка динамика во петте тешки години додека бевме на власт и што зад себе остави еден многу важен договор, Договорот од Преспа, рече лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во интервју за грчката телевизија „Контра“, објаснувајќи дека благодарение на договорот, Турција не е и на северната грчка граница. Како што јави дописничката на МИА од Атина, говорејќи за надворешната политика на земјата, поранешниот грчки премиер се осврна и на Договорот од Преспа, рече дека „некои кои глумеа, иако знаеја дека е позитивен договор, се бореа против него до последен момент поради политички цели“. –…
Во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и денеска продолжува масовната имунизација на населението против ковид-19, што стартуваше вчера за кога беа закажани 3 000 термини. Вчера сите пријавени примиле вакцина. Министерот за здравство Венко Филипче синоќа оцени дека првиот ден се вакциинирани околу 300 лица на час, односно околу 3 000 дневно. -Денеска се вакцинираа дел од здравствените работници како и еден дел од припадници на МВР. Утре продолжува вакцинациајта на МВР и започнува на припадниците на АРМ. Колегите ме информираат дека целиот систем функционира беспрекорно и тоа многу ме радува. Да бидеме максимално претпазливи во неделите што следат и да…