Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Марка со ликот на великанот Блаже Конески од денеска е во оптек во 6.000 примероци, со што Пошта на РСМ се вклучи во одбележувањето на јубилејот – 100 години од неговото раѓање. Илустрирана е со портретот на Конески, дело на академик Димитар Кондовски. Во вредност од 72 денара може да се најде во Бирото за филателија во Пошта 2 во Скопје. Претседателот Стево Пендаровски на промоцијата порача дека негувањето и афирмацијата на македонскиот јазик не е само долг кон делото на академикот Конески, туку и долг кон самите себеси, долг кон сите наши предци, долг кон идните генерации. -Заштитата и негувањето…
Фрапиран сум од оваа ноншалантна демонстрација на префрлање на одговорност. Мислам дека во државава треба да се забрани фразата: не сме надлежни. Јас како носител на јавна должност, јас како граѓанин, јас како човек, јас самиот чувствувам одговорност за оваа поразителна слика. Ова не смее да биде сликата за нашата Македонија, вели вицепремиерот Никола Димитров испровоциран од како што вели трогателната приказна за која вчера раскажа докторот Павле Зафиров. Станува збор за несекојдневна случка, во која за жал се огледаат навистина навиките секоја од институциите, поединците поставени да помагаат да креваат раменици во државава. Димитров вели дека сосем случајно го…
Затворање на кафеаните и кафулињата и полициски час од 20 часот, било предложено на денешната седница на Централниот кризен штаб. Ваквата одлука, според изворите, следува по зголемениот број на новозаразени и смртни случаи од ковид-19, како и преполнетоста на болничките капацитети и се очекува да биде изгласана на денешната седница на Владата. Предлогот на Централниот кризен штаб е овие мерки да почнат да важат од утре.
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, смета дека министерот за здравство Венко филипче треба да донесе одлука со која ќе го стави приватното здравство, кое енромно профитира од кризата, во функција на државата. „Алармантно е, бројките се загрижувачки. Во Велика Британија имаше 254 починати, кај нас има 263 починати. Ова се загрижувачки бројки, да не зборуваме за капацитетите во болниците. Како лекар зборувам, повеќето пријатели ми кажуваат дека нема место по болниците, има огромен број пациенти кои се третираат во домашни услови. Мора државата да направи протокол по кој ќе се водат фамилијарните доктор. Се уште не можам да разберам зошто…
Епидемиологот Предраг Кон денеска изјави дека во Србија се смирува ширењето на заразата со корона вирусот и оти бројот на заразени лица ќе се намалува, јави Бета. Кон за РТС изјави дека бројот на новозаразени сè уште е висок, но оти има стабилизација „на високо ниво“. – Во Белград се гледа јасен пад. Од друга страна, требаше некому да му се дозволи да работи, рече епидемиологот, по повод отворањето на терасите на кафулињата. Кршењето на антипандемиските мерки тој го опиша како „пркос и инает“, наведувајќи дека тоа служи „само за намалување на моралот на здравствените работници“. На прашањето како може…
Ако се земат предвид изборните резултати, мислам дека можеме да кажеме дека ниту еден од оние што решија да го блокираат почетокот на преговорите на С Македонија со ЕУ не успеа да профитира од тој евтин национализам. Време е да се тргне напред, напиша на својот твитер профил професорот и експертот за Балкан, Флоријан Бибер. Considering election results in Bulgaria tonight, can we say that none of those who decided to block North Macedonia from EU negotiations benefited from this nationalist cheap shot? Time to move on. — Florian Bieber (@fbieber) April 4, 2021
Значи, Денот на вистината е навистина потребен. Итно. И мора да не се шегувам кога го предлагам ова, без оглед што во тек е Денот на шегата.
Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција, до 19 април ги продолжи авионските упатства, според кои за сите пристигнувања во земјата, задолжителен e негативен ПЦР тест направен до 72 часа пред патувањето, како и седумдневен карантин, со исклучок на државјаните на Израел кои имаат сертификат за вакцинација, јави МИА од Атина. Авиоупатствата се однесуваат на сите пристигнувања од странство, вклучително и од земјите- членки на ЕУ, а продолжена е и забраната за влез во Грција на државјани на трети земји. Државјаните на Израел кои ги примиле двете дози од вакцината 14 дена пред патувањето и имаат сертификат на англиски јазик се…
Масовното вакцинирање на населението против Ковид-19 во земјава официјално ќе почне од денеска во А1 Арената (сала „Борис Трајковски“). Закажани се термини за 3.000 граѓани, кои ќе бидат вакцинирани со руската вакцина „Спутник В“. Во оваа фаза ќе бидат имунизирани лица од т.н. критична инфраструктура – вработени во МВР, АРМ, новинари, возачи на автобуси, пожарникари, воспитувачки во градинките, вработени на патарини и други. Според планот за имунизација, вакцинацијата со 20.000 руски вакцини „Спутник“, донација од Србија, ќе се одвива на 48 пункта. Во салата завчера беше направена проба како ќе функционира и ќе се координира масовната вакцинација – местата каде ќе се прави приемот на граѓаните, потоа индивидуалниот…
Вјоса Османи е нова претседателка на Република Косово, откако вечерва за нејзиниот избор гласаа мнозинството пратеници во републичкото Собрание, јави дописникот на МИА од Приштина. Досегашната пратеничка, а поранешна собраниска спикерка на Собранието и вршителка на должноста претседателка на државата, 39-годишната правничка Османи, го доби петгодишниот мандат на чело на државата во третиот круг на гласање, откако за неа гласаа 72 пратеници. Неважечки беа 11 гласачки ливчиња, додека противкандидатот на Османи, Насуф Бејта не освои ниту еден глас. По првите два круга гласање ниеден од двајцата кандидати за претседател на Косово не ги доби потребните две третини од гласови на републичките пратеници…
Пред неколку дена се потпиша договор за изградба на Коридорот 8 со американската компанија Бехтел Енка. На потпишувањето на меморандумот учествуваше и амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнс. Градежните активности ќе почнат кога ќе се подготви законот кој треба да се усвои во Собрание. Но, кои се придобивките од овој проект!? Со изградбата на коридорот 8 отворањето нови економски полиња е неизбежно. Економијата на земјата ќе има директна но и индиректна придобивка, од транзитот на камионите меѓу Албанија и Бугарија, се вели во анализата на Стопанската комора на Северозападна Македонија. Директорот на ЈП „Државни Патишта“, Ејуп Рустеми, вели дека овој…
Излезната анкета на агенцијата „Алфа рисрч“ покажува дека ГЕРБ, партијата на сегашниот премиер Бојко Борисов, победи на денешните избори во Бугарија и дека новиот парламент ќе биде многу пошаронолик од досегашниот. Според овие анкети, Бугарската социјалистичка партија (БСП) доживеа изборна катастрофа, затоа што е едвај малку понапред од новата партија на шуменот Слави Трифонов, Има таков народ. ВМРО е малку над самиот раб на влезот во парламентот. ГЕРБ, според оваа излезна анкета има 25,7 отсто од гласовите, БСП 17,6, а Има таков народ со дури 15,2 проценти. Зад нив партијата на етничките Турци ДПС со 11 отсто, а одличен резултат…