Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
СДСМ поздравува што Христијан Мицкоски на социјалната мрежа Фејсбук ги промовира повисоките плати во здравството, подобрените услови, реновираинте болници и достапноста до нови лекови
Национална гордост и успех е што Северна Македонија е една од 30-те членки на НАТО-семејството, објави премиерот Зоран Заев на Фејсбук по повод 72 години од основањето на Алијансата, со потпишаниот Северноатлантски договор од 12 членки, на 4 април 1949 година во Вашингтон. -НАТО денеска одбележува 72 години. Членството во најмоќниот сојуз на светот – НАТО е израз на нашата натпартиска, широка, мнозинска, национална, мултиетничка и државничка одлука за тоа дека патот напред е патот на демократијата, сигурноста и безбедноста, патот кон развој и добробит за сите наши граѓани. За уште долги години заеднички успеси! Ние сме НАТО, напиша претседателот…
Министерството за здравство денеска информира дека и покрај големиот притисок врз болниците во државата, кои се побрзо се исполнуваат со ковид-пациенти, обезбедени се слободни места на повеќе клиники, Институтот за белодробни заболувања Козле, како и на интерните клиники. -Сите болници и медицински кадар се целосно мобилизирани. И во болниците низ државата, секојдневно системот се менаџира, помеѓу постојаните инфективни одделенија во здравствените установи и модуларните болници, се наведува во соопштението од Министерството за здравство. Оваа здравствена криза погодена од третиот и, како што стои во дописот – можеби најсилен бран досега, е присутна насекаде – кај нас, во регионот, во цела…
Пратениците во петокот го изгласаа законот за задолжување кај Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) за воведување трамвај на тркала во Скопје. Со тоа, по неколку месечна собраниска процедура Град Скопје конечно може да почне со имплементација на проектот за воведување брз автобуски превоз (БРТ). Заемот од ЕБРД ќе биде 70 милиони евра, а како што вели градоначалникот Петре Шилегов, наскоро Владата ќе го потпише договорот за задолжување. -Откако Собранието го усвои законот за задолжување, наголемо се отвара вратата Скопје конечно да добие современ и добро организиран јавен превоз. Очекувам дека во најкраток можен рок ќе се потпише договорот…
Во изминатите три дена во работна посета на Македонија беа Флора Карагиани, директорка на Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици и Марија Мерзани, директорка на Управата за конзервација на антички и современи споменици од Грција. За време на посетата експертите од Грција со директорот на НУ „Завод и музеј“ – Прилеп, Благој Атанасовски го посетија манастирот Трескавец. Нивната работна посета продолжи во Преспа каде со директорката на НУ „Завод и музеј“ – Битола, Мери Стојанова и надлежните конзерватори, ги посетија црквата „Св. Илија“ во с. Грнчари и црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново. Во Курбиново се дискутираше за досега преземените зафати во доменот на конзервацијата на…
Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека еден од петте уапсени антиваксери бил вакциниран против коронавирусот, објави денеска Танјуг. -Од петмината анти-ваксери кои беа приведени, еден беше вакциниран и истовремено ги ширеше најстрашните можни лаги против вакцинацијата. Значи, излезе, вие се заштитивте, но велите дека другите не треба да се вакцинираат”, изјави Брнабиќ за ТВ Прва. Неколкумина активисти против вакцините се уапсени оваа недела во Србија поради ширење паника, велат властите. -Тоа е најстрашното лицемерие. Антиваксерите навистина ја загрозуваат националната безбедност. Тие преку социјалните мрежи сериозно ги загрозуваат безбедноста и животот на луѓето, шират паника и лажни вести”, додаде таа. Брнабиќ…
Еден глас чини 50 лева во најсиромашниот регион во Бугарија – Видин, во северозападниот дел на земјата. Ова го објави телевизијата бТВ во новинарската истражувачка сторија. Според сторијата, во видинските села лесно може да се купат гласови. Човек кој се претставувал како Спас од Медовица бил снимен со скриена камера. Објаснува дека на секого му се даваат 50 лева, а на самиот него му се даваат 10-15 лева по бројка. Поради сомневања за купување гласови, извршени се претреси во градот Славјаното, регионот на Плевен, објави бТВ. Има информации за луѓе кои се превезуваат со минибуси до избирачките места. Тие биле…
Покажавме дека сме солидарни во најтешките можни времиња – на Северна Македонија ѝ испративме 8.000 вакцини на Фајзер и 40.000 вакцини „спутник V“, што е за 24.000 граѓани, изјави српската премерка Ана Брнабиќ на ТВ Прва. Брнабиќ додаде „дека ова нема никаква врска со политиката, но се надева дека ова ќе не зближи во иднина“. -Народот од тие земји ја гледа таа подадена рака. Среќна сум што Србија е препознаена да може тоа да го направи и како единствена земја во светот што има таков вид солидарност. Таа најави дека во Србија утре пристигаат 106.470 вакцини Фајзер и 500.000 Синофарм,…
Надзорот врз работата на наставниците не смее да биде притисок, туку поддршка, вели министерката за образование и наука Мила Царовска во неделното интервју за Радио Слободна Европа. -Сите надзори имаат цел да бидат советодавни и едукативни. Многу е интересно што со години Министерството за образование и наука и институциите под него, се однесуваа наредбодавателно кон наставниците, сакајќи со притисок да постигнат квалитет. Тоа не се постигнува и затоа ние, нашата идеја, како ова Министерство функционира додека јас сум министер, главниот збор е поддршка, што укажува на тоа дека наставниците, дури и да имаат надзор, дури и да имаат посета од…
– Издавачката куќа „Готен“ во рамки на проектот „Превод во движење“ (Translation in Motion) организира резиденција за литературнит преведувачи кои преведуваат од македонски јазик на јазиците на земјите-членки на Европската Унија. Конкурсот за пријавување е отворен до 30 април 2021 година. „Превод во движење“ е програма чија цел е збогатување и засилување на протокот на преведената литература во Европа и особено меѓу земјите од Западен Балкан и земјите-членки на Европската Унија. Препознавајќи ги литературните преведувачи како влијателни и клучни амбасадори на културниот дијалог, оваа програма обезбедува меѓународна мобилност и професионален развој на литературните преведувачи. Од „Готен“ посочуваат дека во рамки…
Со летниот ред на летање се враќаат повеќето од авиолиниите што беа запрени во 2020 година со затворањето на аеродромот во Скопје. Станува збор за голем број линии на авиокомпанијата Визер, како и на рутата Скопје-Варшава на полски ЛОТ. Најавени се и чартер летови од Скопје до Анталија во Турција за периодот од мај до октомври од пет авиокомпании. Ваквите најави се очекува да го зголемат бројот на патници, којшто, како и во минатата година по стартот на пандемијата, така и во првите два месеца од годинава бележи пад од 70 проценти во однос на истиот период лани. Сепак, натамошниот…
Одлуките за привремено ограничување на копнените граници и забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, грчката Влада ги продолжи за уште две седмици, односно до 19 април 2021 година, а за транспортерите продолжено е работното време на граничниот премини Евзони (Богородица) кон Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Конкретниот премин, ќе биде отворен од 7 до 23 часот по локално време, наместо до 19 како што беше претходно, иако македонските и грчките транспортери, од надлежните власти бараа, за нив да биде отворен 24 часа, со оглед на тоа дека има голема фреквенција на камиони. Непроменета…