Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Докторите прават се за пациентите, но дел од нив не успеваат да се спасат. Болниците се преоптеретени, како што досега никогаш не биле, со систем на ротација се помага, ангажирани се одделенија кои досега не биле ангажирани, изјави денеска министерот Венко Филипче при посетата на СЦ „Борис Трајковски“. – Колегите кажуваат дека до сега немале можност да видат ваква прогресивност на болеста. Има пациенти кои се во многу тешка состојба. Покрај преземените мерки, кај некои од пациентите едноставно нема ефект. И кај млади луѓе за само неколку часа прогресира болеста. И покрај целиот терапевтски пристап да се спречи прогресивноста на…
Министерот за здравство, Венко Филипче вели дека за во понеделник се закажани нешто помалку од 3.000 термини и вели дека за почеток во просек се планира да се вакцинираат по 4.000 луѓе на ден, а понатаму и 7.000 граѓани на ден
Министерството за надворешни работи започнува нова доктрина на работата на дипломатијата поставена на три столба, која треба да резултира со нова десетгодишна надворешна политичка стратегија – Рефлексија 20-30, изјави денеска на прес-конференција Министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Како прв столб на новата стратегија, Османи најави дека започнуваат со широки граѓански консултации, преку кој најави оформување на врските меѓу надворешната политика и потребите на граѓаните. – Се работи за партиципативни и инклузивни демократски средби, кои ќе се одржуваат во општините и преку кои ќе се обидеме да ги зацврстиме врските меѓу обичниот граѓанин и евроатлантската интеграција на земјата, изјави Османи.…
Претставници на австралиското Министерство за здравство потврдија дека земјата ќе ја продолжи програмата за имунизација против Ковид-19 со вакцината на Астра Зенека, откако еден случај на згрутчување на крвта предизвика сомнежи во нејзината безбедност. Еден човек (44) беше примен во болница во Мелбурн со тромб неколку дена откако ја примил вакцината на Астра Зенека, а австралиските регулаторни тела за здравство на состаноците вчера и денес дискутираат за понатамошните препораки за оваа вакцина. – Регулаторните тела во моментов не советуваа да престанеме со употребата на вакцината Астра Зенека во Австралија, рече австралискиот заменик министер за здравство Мајкл Кид. Кид исто така…
Дваесет и петгодишниот Ноа Грин од Вирџинија е лицето кое го изврши вчерашниот напад пред зградата на американскиот Конгрес во којшто загина еден полицаец, а потоа беше застрелан и самиот напаѓач. Од неговото семејство изјавиле дека Ноа подолг период се борел со зависност од дрога и параноја и дека биле загрижени за неговото ментално здравје, а според неговите објави на Фејсбук тој бил следбеник на националистичка верска организација Нација на исламот и обвинувал дека ЦИА и ФБИ го трујат со лекови. Според првичните проценки на полицијата, нападот не е поврзан со тероризам, но безбедносните органи најавуваат дека ќе продолжат да…
Театарот е место каде што се случува нешто исклучително, тука се преплетуваат режисерските идеи со актерското срце, место каде што се создава магија, а публиката ја восприема со отворена душа. Токму тоа се случи на 3 април 1945 година, се случи празник на македонскиот театар, завесата се крена, а во свечена тишина се изговори и првата реплика. Некогаш во Скопје — ѕидовите, тарабите и бандерите беа облепени со плакати на кои се објави радосната вест – „Денес се отвори Народниот театар“, споделија од МНТ Од тој април до денеска веќе 76 години Македонскиот народен театар неуморно патува низ времето, го…
Лажен пост на директорот на Клиниката за пулмологија, проф. д-р Дејан Докиќ поврзан со состојбата со Ковид-19, во кој тој наводно повикуваше сите да останеме дома и дека нема ниту едно слободно место во болниците, беше споделуван на социјалните мрежи, а за кој подоцна самиот Докиќ кажа дека е дезинформација и оти пријавил во полиција, вести за ВИП вакцинација на министри, кои неколку пати беа демантирани од владини претставници, лажен повик за вакцинација на членови на СДСМ се само дел од лавината невистините информации поврзани со пандемијата со кои е бомбардирана јавноста изминатите денови. Вирусот, кој минатата година го зафати…
Расте бројот на новозаболени од Ковид-19, на хоспитализирани и на починати. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, регистрирани се нови 1.320 случаи со Ковид-19, 50 починати, 457 оздравени пациенти. На инфективните оддели во земјава се лекуваат вкупниот 1.720 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, од кои 686 се во Скопје. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 132.740, бројот на оздравени пациенти е 108.197, а на починати е 3.860. Вкупниот број активни случаи изнесува 20.683 од кои 10.281 се во Скопје. Вкупно вакцинирани се 8.398 здравствени работници и граѓани на возраст над 77 години,…
Со синоќешното гласање Собранието и формално го одложи пописот во земјата кој наместо во април ќе се спроведе од 5 до 30 септември, а соодветно на тоа и локалните избори што најверојатно ќе се одржат на 24 или 31 октомври, предвидено со измените на Изборниот законик, како и гласањето со отисок од прст. Одложувањето на пописот, воведувањето на отисок од прст и одложувањето на локалните избори беа дел од договорот на средбата меѓу лидерите на двете најголеми партии во земјата премиерот Зоран Заев од СДСМ и Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ. Со поддршка подоцна излезе и лидерот на ДУИ Али Ахмети,…
Според извори од кабинетот на премиерот Кривокапиќ, вицепремиерот Дритан Абазовиќ го искористил своето влијание седницата да не се одржи на колена, како што беше претходно најавено.
Собранието на Република Северна Македонија вечерва ги донесе Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година, по скратена постапка и измените и дополнувањата на Изборниот законик со којшто се предвидува воведување на терминали за отисок од прсти на локалните избори што се одложуваат за втората половина на октомври. Измените и дополнувањата на Законот за попис беа донесени со 95 гласа „за“, а „против“ гласаа 12 пратеници. Во рамки на гласањето по Бадентер, 26 пратеници од заедниците гласаа „за“, додека 12 против. Воздржани немаше. Исто така со 95 гласа…
Премиерот Зоран Заев смета дека е можно да се постигне решение со Бугарија до јуни и оваа година да има прва меѓувладина конференција. Притоа, вели, македонскиот јазик и македонскиот идентитет не можат да бидат на маса, оти тие никаде не се на маса. За тоа, како што рече, никаде во светот за тоа не се преговара. Историјата, вели, не може и не смее да биде пречка. Најважно е каква историја ќе напишеме сега за идните генерации. –Насетувам дека прозорецот на решението е тие да го потврдат нашиот македонски народ и македонски јазик и тоа да биде на сигурно, и ќе…