Author: Нова ТВ

На 6.888 вработени не им е исплатена плата во февруари додека се чека финансиската поддршка за исплата на плати како дел од петтиот антикризен пакет заглавен во Собранието. Тоа се 10,7 проценти од вкупно доставените 63.948 МПИ пресметки доставени до Управата за јавни приходи. Оттаму апелираат поскоро Собранието да ги донесе законските решенија со кои ќе се овозможи практична примена на антикризниот пакет, а дотогаш најавија дека ќе има период на толеранција само за оние компании кои немале средства за исплата на плата, а ја чекале финансиската помош од државата. – Ќе блокираме онаму каде има основ да се блокира.…

Read More

Кај речиси три четвртини од граѓаните постои загриженост од моменталната состојба предизвикана од Ковид-19, жените се попесимистични од мажите, а етничките Македонци се позагрижени од етничките Албанци, додека во поглед на потеклото на вирусот, мнозинството испитаници (72 отсто) сметаат дека е намерно или случајно излезен од лабораторија. Ова меѓу другото го посочуваат резултатите од истражувањето за актуелната состојбата предизвикана од Ковид-19 и поголем број други состојби кои ги предизвика болеста спроведено на барање од МЦМС. Истражувањето е составено од три дела, а во првиот дел се обработени прашањата поврзани со загриженоста за моменталната состојба во однос на Ковид-19, ставовите за…

Read More

Може секој да си дозволува да игра за политички причини со бројките. Не е во ред да ни треба дијаспората кога треба да не гласаат, а да не ни треба кога ни дава пари, кога треба да ја попишеме, кога помага на домаќинствата. Дијаспората е нашиот народ. Денеска е надвор, утре ќе е тука. Може некој од нас утре ќе е надвор, а дијаспората ќе е тука. Тоа е нашиот народ. Ние си го попишуваме целиот наш народ без разлика дали е дома или надвор, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавата на Христијан…

Read More

Девојката кај која се појави тромбоцитна реакција по вакцинацијата со „АстраЗенека“ се чувствува добро, има добра клиничка слика, стабилна е и вон животна опасност, соопшти денеска министерот за здравство, Венко Филипче. Засега, потврди, нема друг ваков случај во земјава. Министерот повтори и дека за „Астра Зенека“ ќе се чека официјалниот став на Европската агенција за лекови (ЕМА), а во меѓувреме, продолжува имунизацијата на повозрасните категории граѓани со оваа вакцина. – Ние бевме многу внимателни и се уште сме. По укажувањето на германската агенција и канадската дека има такви случаи со што го паузираа давањето на ова вакцина на „Астра Зенека“…

Read More

Клаус Шрамаер, поранешен заменик-амбасадор на Германија во Бугарија и експерт по уставно право, за бугарската редакција на Дојче вели дека единствената реална политичка промена по изборите ќе биде одлуката на Софија да го укине ветото против Скопје, а се друго ќе остане исто, вклучувајќи го беззаконието и корупцијата. „Оваа антимакедонска фарса, која всушност се игра само од тактички причини пред изборите за да се придобијат националистичките кругови, конечно мора да се запре. Инаку, сè ќе остане исто – освен некои мали пресврти“, вели Шрамаер. Запрашан кој според него ќе победи на изборите во Бугарија, тој оцени дека тоа ќе биде…

Read More

На Светскиот ден на свесноста за аутизмот, ве повикувам да се поддржуваме едни со други и да покажеме солидарност со лицата со аутизам, напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил. Зоаев потенцира дека Светскиот ден на свесноста за аутизмот е ден кога ги афирмираме и славиме инклузивноста на лицата со аутизам. – И оваа година Светскиот ден на свесноста за аутизмот, го одбележуваме за време на здравствена криза којашто лицата со аутизам ги прави посебно изложени на закани и последици од коронавирусот. Ова е ден и кога гласно говориме за почитување на универзалните човекови права, вклучително и правата на лицата…

Read More

Словачка е силен поддржувач на евроинтеграциските стратегиски цели на вашата земја. Оттука, предвидена е можност за воспоставување соработка во повеќе сегменти, меѓу другото и во доменот на централнобанкарското работење. Народната банка е силен партнер за остварување на овие предвидени активности, преку размена на искуства и стекнување нови знаења во соработката со централната банка на Словачка и ѝ подаваме рака за спроведување заеднички проекти и забрзување на соработката. Ова, како што соопшти Народната банка, го истакна словачкиот амбасадор Хенрих Маркуш, на средбата со гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, иницирана од негова страна, заради поддршка на Народната банка преку спроведување повеќе…

Read More

Младинскиот културен центар стана членка на најреномираната мрежа на концертни сали на европскиот континент, Лајвјуроп, многу важни за функционирањето на европската музичка индустрија. Членувањето е своевиден сертификат за квалитет што го добиваат концертни сали кои работат посветено на претставување на европската култура, на европската музичка сцена. До минатата година имаше 16 вакви концертни локации од 16 држави во Европа, меѓу кои се Ансен Белжик од Брисел и Вега од Копенхаген, а единствена од регионот беше Кино Шишка од Љубљана. Од годинава, МКЦ заедно со уште 4 концертни сали од Линц, Братислава, Загреб и Солун стануваат дел од оваа платформа. За…

Read More

Велика Британија евидентира 30 случаи на ретки згрутчувања на крвта по употребата на вакцината АстраЗенека против Ковид-19, објави регулаторот на лекови во земјата во четвртокот вечерта, но инсистираше на тоа дека придобивките од вакцината сепак се поголеми од сите можни ризици, за разлика од другите земји во Европа кои или ја прекинале или ограничиле употребата на вакцината поради ретките неповолни инциденти. Во своето неделно резиме, Агенцијата за регулирање на лекови и здравствени производи на Обединетото Кралство (МХРА), тврди дека примила 22 извештаи за ретки тромбови на мозокот и 8 извештаи за други настани на згрутчување на крвта од вкупно 18,1 милиони…

Read More

– Откако Србија вчера на земјава и ги испорача првите 20.000 вакцини „Спутник В“ од втората донација, во наредниот период се очекува да пристигне и останатата договорена количина од уште 20.000 „Спутник В“. Но, како што најави премиерот Зоран Заев, државата ќе набави и 500.000 „Синовак“. Во текот на овој месец, рече Заев, од ЕУ треба да стигнат првите 20.000 – 25.000 вакцини од вкупно 100.000, сите 200.000 кинески вакцини, следните количини „Спутник В“, како и вакцините „Фајзер“ од кои имаме нарачано 800.000. Со набавката на 500.000 „Синовак“, ќе се заокружи бројката од 2,6 милиони вакцини за 1,3 милиони граѓани.…

Read More