Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Државниот завод за ревизија денеска на својата веб-страница ги објави конечните ревизорски извештаи на политичките партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ на Сметката за редовно работење. Државниот завод за ревизија, како што се наведува во извештајот, изврши ревизија на спроведување на дадените препораки содржани во Конечниот ревизорски извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност за 2018 година на СДСМ и извести дека двете дадени препораки не се спроведени. – Во конечните извештаи за извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усоглаеност на СДСМ за претходни години, овластениот државен ревизор извести дека партијата располага и користи…
Неколку дена пред одбележувањето на христијанскиот празник Велигден спорец Грегоријански календар и седмица пред почетокот на муслиманскиот свет месец Рамазан, Светската здравствена организација (СЗО – WHO) објави препорака за организирање на верските собири во Европа -Во земјите каде што вирусот повеќе се шири, треба сериозно да се размисли за виртуалните собири, за одложување или за намалување на големината на тие собири, напиша одделот на СЗО за Европа во соопштението на темата пролетните верски празници. Воопшто, „сите верски обреди треба да се одржуваат надвор доколку е можно, или треба да се намалат во обемот и во времетраењето, со почитување на растојанието, проветрување, миење…
Се финализираат подготовките на салата „Борис Трајковски“ каде ќе се врши масовна вакцинација. Според најавите на министерот за здравство Венко Филипче во салата ќе се вакцинираат околу 5000 граѓани дневно. „Подготвени се вкупно 48 позиции за истовремено вакцинирање и капацитет да се вакцинираат околу 5000 граѓани дневно. Согласно планот ќе се работи во две смени од 08:00 до 20:00 часот. Вакцинацијата која вчера започна на вакциналните пунктови ширум државата се одвива одлично“, информираше министерот Филипче. Министерот посочи дека вакцината на АстраЗенека нема да биде наменета за лица под 60 години. Ваквата мерка ќе биде преземена по укажувањето на Агенцијата за…
Преку југословенскиот Јуваx систем насекаде низ светот се води борбата со вакцината „Козара 6“. Некои од братските неврзани народи веќе се враќаат во нормално функционирање во општествено културниот живот, а многу од нив повторно ги отворија и казнените кампови.
Се уште е неизвесно дали ќе почне за денеска најавениот Попис на населението, домаќинствата и становите 2021 година или, пак, во последен момент Собранието ќе донесе одлука за негово одложување за септември како што беше договорено на лидерската средба меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Од Државниот завод за статистика кој е надлежен за спроведување на пописот велат дека немаат коментар дали треба да се одржи или одложи пописот се додека не се заврши постапката во Собранието. Министерот за правда, пак, Бојан Маричиќ вели дека пописот, според постојниот Закон, треба да почне денеска и доколку…
Со свечена академија во Музејот на македонската борба Државниот архив денеска ќе ја одбележи 70-годишнината од постоењето. На настанот свое обраќање ќе имаат покровителот на јубилејот, претседателот на Владата, Зоран Заев, како и директорот на Државниот архив, Емил Крстески, додека со видео порака ќе се обрати Дејвид Фрикер, претседател на Меѓународниот архивски совет и директор на Националниот архив на Австралија. Присутните ќе може да се запознаат со изложба и со три нови изданија, кои треба да го прикажат историјатот на Архивот и документарното богатство што го поседува. По повод јубилејот ќе биде промовирана монографијата „Печат на времето – 70 години…
Северна Македонија повеќе од една година се соочува со еден од најголемите здравствени предизвици – пандемијата на опасниот Ковид-19, голгота на која се уште не и се наѕира крајот. Мноштвото на информации, предупредувања, опасности од вирусот и неговите мутации, случувањата од болничките соби коишто се прераскажуваат од страна на оние коишто ја пребродиле болеста, испреплетени со болката на семејствата коишто прерано ги изгубиле своите најблиски, како и очекувањата да пристигнат вакцините како последна надеж, проследени со стравувања од можните компликации од одредени вакцини – навлегоа буквално во секоја пора од секојдневието на граѓаните, кои на секој начин бараат спас од…
Вакцинацијата на постарите граѓани со АстраЗенека се одвива добро, истакна министерот за здравство Венко Филипче, но во однос на ставовите на Германија и Канада конкретно за таа вакцина за Ковид-19, посочи дека одлучиле да бидат внимателни, да се оди полека и да се чека дефинитивна потврда дека вакцината е безбедна. – Почна вакцинацијата на постарите граѓани од онаа критична категорија според Националната стратегија за вакцинација. Вакцинацијата почна во најголем број од градовите, а во останатите, односно во помалите градови во здравствените домови ќе започне в петок. Нашите информации се дека досега целокупниот процес се одвива добро. Нема некакви проблеми. Јасно…
Македонската фудбалска репрезентација ја забележа вечерва една од најспектакуларните победи во својата историја, триумфирајќи над Германија во Дуисбург со 2:1 (1:0) во рамки на мундијалски квалификации. Македонскиот состав најави шокантен развој на настаните за големиот фаворит, кога во судиското продолжение на првото полувреме капитенот Горан Пандев, по одлична асистенција на Енис Барди, рутински ја смести топката во мрежата на Андре тер Штеген. Претходно во текот на првиот дел, Езѓан Алиоски можеше да ја начне германската мрежа од слободен удар во 39. минута, а на спротивната страна Леон Горетцка во осмата минута ја погоди пречката, додека обидот на Серж Гнабри во…
Висината на минималната плата ќе се покачи за 1,7 проценти и од април 2021 година ќе изнесува 22.146 денари бруто или 15.194 денари нето, соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП) по денешната седница на Економско социјалниот совет (ЕСС). Усогласувањето на платата се врши врз основа на законски предвидените параметри: една третина од порастот на просечно исплатената плата во Република Северна Македонија, една третина од порастот на индексот на трошоците на живот и една третина од реалниот пораст на БДП. -Владата и Министерството за труд и социјална политика сериозно ги зедоа предвид тврдењата на Сојузот на синдикатите на Македонија…
Министерот за правда Бојан Маричиќ очекува во мај да има нова измена на Изборниот законик со која ќе бидат имплементирани препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Ќе има измени и на изборниот модел, вели Маричиќ, доколку за тоа постои согласност. Но, опцијата да се избира градоначалник во прв круг, за повеќето партии не е прифатливо. -Пет и пол месеци пред изборите не е пет минути до 12. Верувам дека во мај ќе имаме изменет Изборниот законик со препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Дали ќе стигнеме до тогаш да го промениме и изборниот модел, не може од сега да се каже. Но, имаме цел април и…
Евентуалниот неуспех на ЕУ во постигнувањето консензус за почнување на преговорите со Северна Македонија ќе има регионални импликации и затоа е неопходен одлучен и навремен исчекор на евроинтегративниот пат со што ќе се даде нова искра на политиката на проширувањето, се согласија на денешната средба вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и претседателот на Република Словенија, Борут Пахор. Со оваа средба на која во пријателска и непосредна атмосфера беа разменети мислења за актуелните состојби во регионот, Димитров ја заокружи официјалната посета на Љубљана. Како што соопшти СЕП, Пахор го информирал Димитров дека своите заложби и поддршката на европската перспектива на…