Author: Sashko

Институтот за демократија (ИДСЦС) и Институтот за европска политика (ЕПИ) денеска ќе го презентираат документот „Бугарското вето на македонските евроинтеграции: какво јаболко може да загризе Македонија?“. Како што информираат од ИДСЦС, документот има за цел да ја информира општата и политичка јавноста и да го изостри нејзиниот фокус за суптилностите кои евентуалниот компромис со Бугарија мора да ги земе предвид. „Во контекст на засилениот дијалог меѓу владите на двете земји, се наметнува потреба да и ги воочиме на јавноста црвените линии преточени низ конкретни, а не декларативни принципи и решенија кои политиката мора да ги испочитува за да обезбеди трајно,…

Read More

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) до крајот на неделава треба да ги усвои измените на тарифниот систем за универзалниот снабдувач со електрична енергија со кои се воведуваат четири блок тарифи за високата дневна тарифа, односно за скапата струја. Блоковите ќе важат само за скапата струја и предвидено е во првиот блок да бидат потрошувачите кои трошат до 210 киловат часови електрична енергија, во вториот блок од 211 до 420, во третиот блок од 421 до 630 и во третиот блок над 630 киловат часови електрична енергија. Блоковите ќе важат за сите граѓани. „За тој што троши многу има…

Read More

Премиерката на Финска, Сана Марин денеска ќе престојува во еднодневна посета на Македонија. Според агендата, Марин ќе биде пречекана пред Владата од премиерот Димитар Ковачевски по што ќе има билатерален состанок на двете делегации. Најавена е заедничка прес-конференција на премиерот Ковачевски и премиерката Марин во 15:15 часот. Финската премиерка ќе се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Read More

Без амин од парламентот, ќе нема одлука за Македонија, најави бугарскиот премиер, Кирил Петков во интервју за националната телевизија. „Како премиер, нема да донесам никаква одлука ако истата не биде одобрена во бугарскиот Парламент. Единственото нешто што ќе го кажам на маса со европските лидери е дека нема да го сменам бугарскиот став, доколку нема одлука од бугарскиот Парламент, изјави Петков. Тој рече дека доколку е вистина тоа што го слушнал, во францускиот предлог ќе има гаранции за Бугарите во Република Северна Македонија и во однос на антидискриминацијата и во однос на Уставот на земјата. Како што рече, не го…

Read More

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека одржувањето на комуникацијата со рускиот претседател Владимир Путин е од суштинско значење, иако Москва ја продолжува својата војна против соседна Украина. „Апсолутно е неопходно да се разговара со Путин и јас ќе продолжам да го правам тоа, како и францускиот претседател Емануел Макрон“, рече Шолц во интервју за германската новинска агенција ДПА. Западните лидери продолжуваат да вложуваат дипломатски напори за ставање крај на руската инвазија на Украина, која започна на 24 февруари. Шолц се врати од Киев, каде разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски, заедно со Макрон, италијанскиот премиер Марио Драги и романскиот претседател…

Read More

Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска соопшти дека неговата земја има намера да воведе визи за Русите од 1 јули. „Украина воведува визен режим за граѓаните на Руската Федерација“, објави Зеленски на својот канал на апликацијата Телеграм. Тој рече дека новото правило ќе стапи во сила следниот месец.

Read More

Од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, на фронтовите во Украина заминале 79 македонски државјани од кои 21 загинале заклучно со денеска, 17 јуни, стои во списокот на странски платеници кои се борат во Украина што денеска го објави Министерство за одбрана на Русија. Освен тој податок, се наведува дека и 19 македонски државјани веќе ја напуштиле Украина, а на украинска страна во моментот се борат уште 39 лица, објави РИА Новости. На првото место на листа на еврпски земји е Полска со 1.831 платеник, според руското Министерство за одбрана, пред Романија со 504 и Велика Британија со 422.…

Read More

Два борбени ловци F35A Lightning II Joint Strike, кои се дел на 158-то борбено крило на Националната гарда на Вермонт, денеска накратко застанаа на воениот аеродром Петровец. Стелт-млазовите во моментов се дел од засилената воздушно-полициска мисија на НАТО, а постојката ја покажа способноста на Северна Македонија да ги поддржува авионите во иднина. Ова е прв пат F35 да слетаат во Северна Македонија. Слетувањето на Ф35 ја зајакнува виталната улога на земјава во зајакнување на интероперабилноста на НАТО во регионот.

Read More

Македонскиот кошаркарски стратег Емил Рајковиќ е назначен за нов тренер на рускиот гигант ЦСКА Москва, потврди денеска осумкратниот европски шампион. Трофејниот македонски стручњак потпиша договор на една плус една сезона, а ангажманот во рускиот гигант е убедливо најголем успех на еден македонски тренер во историјата. Рајковиќ во ЦСКА Москва доаѓа по успешната сезона со екипата на Автодор Саратов, која поради суспензијата на руските клубови во ФИБА натпреварувањата го спречи да ја заврши сезоната со трофеј. Но, Рајковиќ ќе нема можност да ја води московска ЦСКА во Евролигата во наредната сезона, откако раководството на организацијата ја потврди суспензијата за руските клубови и за…

Read More

Руски воен брод вчера двапати влегол во данските територијални води во близина на островот Борнхолм во Балтичко Море, соопшти Данската одбранбена команда. Корветата влегла во данските води северно од малиот остров Кристијансон, во близина на поголемиот остров Борнхолм. По радио пораките на данската морнарица, бродот веднаш ја напуштил областа, објавија денеска данските власти. Министерот за надворешни работи, Јепе Кофод го повика рускиот амбасадор на разговори за инцидентот. „Тоа беше длабоко неодговорна и целосно непотребна провокација за време на Фолкемодет“, напиша Кофод на Твитер, мислејќи на годишниот политички настан што се одржува во Борнхолм. Тој додаде дека „насилните тактики не функционираат…

Read More

Северна Македонија да се обврзе да го смени Уставот во брз рок за да ги внесе Бугарите во Преамбулата, а потоа да донесе и Акциски план за заштита на нивните права, за да ги започне пристапните преговори со Европската Унија (ЕУ), се наведува во францускиот предлог кој е доставен до Софија, пренесува „Дојче веле“. Официјално Скопје, барем засега, тврди дека до нив не стигнал овој документ. Притоа, поголем дел од планот „4+1″ на чија основа двете земји преговараат за надминување на билатералниот спор, се сели во Преговарачката рамка. Па така, во Акцискиот план кој треба да го спроведе Скопје, освен…

Read More

Украина доби заем од 770 милиони американски долари по повластени услови од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). „Благодарен сум на канадската вицепремиерка, Кристи Фриланд за нејзината поддршка и сеопфатна помош за Украина во борбата против агресорите“, напиша на Твитер украинскиот премиер, Денис Шмигал. Тоа се првите средства што Украина ги повлекува од специјалната сметка што ММФ ја отвори во април годинава, со цел да им обезбеди на донаторите безбеден начин да ја насочат финансиската помош за Украина во форма на грантови и заеми.

Read More