Македонскиот кошаркарски стратег Емил Рајковиќ е назначен за нов тренер на рускиот гигант ЦСКА Москва, потврди денеска осумкратниот европски шампион.

Трофејниот македонски стручњак потпиша договор на една плус една сезона, а ангажманот во рускиот гигант е убедливо најголем успех на еден македонски тренер во историјата.

Рајковиќ во ЦСКА Москва доаѓа по успешната сезона со екипата на Автодор Саратов, која поради суспензијата на руските клубови во ФИБА натпреварувањата го спречи да ја заврши сезоната со трофеј.

Но, Рајковиќ ќе нема можност да ја води московска ЦСКА во Евролигата во наредната сезона, откако раководството на организацијата ја потврди суспензијата за руските клубови и за следната сезона во елитното европско клупско натпреварување.