Author: Sashko

Државниот архив на Македонија и Државната агенција ,,Архиви” на Република Бугарија подготвија заедничка изложба насловена ,,Стари балкански фотографии” на која се прикажани архитектурата, народните носии, обичаите и занаетите од крајот на 19-от и почетокот на 20-от век на балканските простори. „Изложбата, што ќе трае десет дена и која ја подготвија експерти од двата Архива, е отворена во Музејот на Македонија од директорот на Државниот архив, Емил Крстески, неговиот бугарски колега, Михаил Груев и Јасмина Дамјановска, а обраќање имаше и амбасадорот на Бугарија во нашата земја, Ангел Ангелов“, се наведува во постот на Државниот Архив на Македонија на Фејсбук. Државниот архив…

Read More

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Кишињев изјави дека желбата на Молдавија за членство во Европската унија е „совршено легитимна“. „Франција ќе помогне да се постигне консензус меѓу членките на ЕУ за барањето на Молдавија да се приклучи кон Унијата на клучниот состанок на Советот следната недела“, рече Макрон на заедничката прес-конференција со молдавската претседателка Маја Санду. Молдавија, која граничи со Украина на исток и со Романија на запад, продолжува со напорите да се приклучи кон ЕУ поради стравот да не биде вовлечена во руско-украинскиот конфликт, наведуваат британските медиуми.

Read More

Движењето за правата и слободите и партијата Препород најавија поддршка на иницијативата на ГЕРБ за гласање на недоверба на бугарската Влада. Претставници на двете партии денеска одржаа консултации за оваа тема. Лидерот на Движењето за права и слободи, Мустафа Карадај оцени дека мотивите на ГЕРБ се основани и го повтори ставот на Движењето дека најважна антикризна мерка е оваа бугарска Влада да си замине, јави дописникот на МИА од Софија. „И „Препород“ ќе го поддржи гласањето поради „несоодветната антибугарска политика“, изјави по средбата пратеникот од најмалата партија во Народното собрание Петар Петров. Според него, предвремените избори треба да се одржат…

Read More

Објектот во кој е сместен конзулатот на Русија во Битола останал без руското знаме. Настанот се случил вчера попладне и веднаш бил пријавен во полиција од вработена во Конзулатот. Министерството за внатрешнби работи презема мерки за расчистување на случајот.

Read More

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, го пречека претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел кој штотуку слета на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“. Вицепремиерот Маричиќ изрази големо задоволство од посетата на Мишел која е во исклучително важен момент за нашата земја и за целиот регион. „Во пресрет на јунскиот Самит на француското претседателство оваа посета е одлична можност со Мишел да го повториме ставот за нашата стратешка определба и партнерство со ЕУ, но и да поразговараме за идните планови за натамошниот развој на Западен Балкан и ЕУ“, вели Маричиќ. Во рамки на посетата, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој е во мини балканска турнеја, ќе биде гостин на вториот Преспа…

Read More

Американскиот производител на течен гас Freeport LNG објави дека нивниот погон во Тексас, оштетен од експлозија, ќе продолжи со работа дури во септември, најавувајќи нови проблеми за Европа која бара замена за рускиот гас. Погонот учествува со една петтина во извозот на ЛНГ на САД и важи за главен снабдувач на европските купувачи кои трагаат по алтернативни извори на снабдување. „Пукнатина на гасоводот од прекумерен притисок предизвика експлозија и пожар на 8 јуни, па работата во фабриката Квинтана беше прекината“, соопшти компанијата, додавајќи дека погоните за преработка не се оштетени. Погонот ќе продолжи да работи и во септември, но со…

Read More

Сто и дваесет пратеници од опозициските „Има таков народ“, ГЕРБ-СДС, Движењето за правата и слободите и „Препород“ денеска поднесоа предлог за разрешување на Никола Минчев, претседател на Народно собрание на Бугарија, јави БНР. Според Деловникот на Народното собрание, предлогот ќе биде ставен на гласање на првата седница по денот на приемот, со што на претседавачот му се дава право да биде сослушан. Гласањето за предлогот треба да се одржи утре. ГЕРБ, ДПС и Препород најавија дека ќе го поддржат барањето на „Има таков народ“ за оставка на претседателот на Собранието Никола Минчев. Лидерот на Движењето за права и слободи, Мустафа…

Read More

Михаил Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, експресно одговори на твитот на Дмитриј Медведев, еден од најблиските соработници на рускиот претседател Владимир Путин, во кој изрази дилема „дали Украина ќе постои за две години?“ Подољак во твитот го опиша Медведев како „мал човек со огромни несигурности, што шири отров кон Украина“. „Тоа му е единствениот начин да се докаже“, напиша Подољак и додаде: „Украина била, е, и ќе ја биде. Прашањето е каде ќе биде Медведев за две години“, појасни советникот на украинскиот претседател.

Read More

Германија, со одлука на сојузната влада, се враќа во мисијата „ЕУФОР Алтеа“ на ЕУ за стабилизација на БиХ по пауза од 10 години. Одлуката за испраќање на војници на Бундесверот во мисијата во БиХ треба да биде одобрена и од Бундестагот. Доколку Бундестагот го одобри учеството во мисијата, што е формалност, првите 25 германски војници ќе заминат во БиХ во август. Потоа во ЕУФОР ќе бидат испратени до 50 војници, со мандат до крајот на јуни во 2023 година. Мисијата „ЕУФОР Алтеа“ на Европската Унија има мандат да се грижи за безбедноста и да дава поддршка за почитување на Договорот…

Read More

Патничко моторно возило од марката „Лада нива“ во сопственост на инситуцијата Народен правобранител било украдено од автомеханичарска работилница на автопатот Тетово – Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Кражбата ја пријавил Б.Ш. (32) од с. Ласкарци и според него настанала во периодот меѓу 12 у 14 јуни. Од МВР посочуваат дека се преземаат мерки за расветлување на случајот.

Read More

Откако Владата ќе добие официјално писмо од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги дека се одземени лиценците на „Балкан енерџи груп“ (БЕГ) за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија во Град Скопје, ќе објави јавен оглас на кој доколку не се јави заинтересиран понудувач ќе одлучиме тоа да го прави ЕСМ како што беше случај во изминатата грејна сезона, истакна министерот за економија, Крешник Бектеши на денешната прес-конференција. „Секако дека нема да ги оставиме оние скопјани кои користат топлинска енергија за згревање на своите домови заради институции кои немаат капацитет да го направат тоа. Град Скопје веќе ја…

Read More

Фудбалската репрезентација на Костарика се пласира на Светското првенство во Катар како последен 32 учесник на планетарниот шампионат. Селекцијата, чиј предводник од клупата е Луис Фернандо Суарез Гузман, го совлада Нов Зеланд во баражот во Доха со 1:0, со погодокот на Џоел Кемпбел. Костарика во завршниот турнир во Катар ќе игра во групата Е заедно со репрезентациите на Шпанија, на Германија и на Јапонија.

Read More