Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Четири лица загинаа во невремето проследено со поројни дождови во турската престолнина Анкара, соопшти турското претседателство за управување со катастрофи и несреќи (АФАД). Спасувачките операции продолжуваат од почетокот на невремето, кое почна пред два дена. „Како резултат на дводневната операција за пребарување, во која учествуваа приближно 350 вработени, беше пронајдено безживотното тело на граѓанин зафатен во поплавите во областа Алтандаг во Анкара“, се вели во соопштението, во кое се изразува сочувство до роднините. Бројот на загинати во поплавите во градот се искачи на четири лица. Претходно беше соопштено за три жртви. Во различни делови на Анкара автомобилите останаа на патот…
Собраниската Комисија за финансирање и буџет попладнево ја продолжи расправата за ребаланс на Буџетот за 2022 година. Според власта, со ребалансот се проектираат повеќе средства за поддршка на стандардот на граѓаните и се поддржува економска активност, а опозицијата останува на ставот дека буџетот е несоодветно димензиониран и се полни единствено на грбот на граѓаните. Пратеничката од СДСМ, Лолита Ристова во својата реплика истакна дека и во време на светска економска криза, се инвестира во унапредување на инфраструктурата. Таа додаде дека се инвестира и во канализациски и водоводни системи, како и во изградба на социјални станови, односно дека во овие четири…
Московскиот суд ја казни Википедиа со 88.000 американски долари (пет милиони рубли), затоа што одби да го отстрани од написите на руски јазик она што Русија го смета за дезинформација. Меѓу нив се „Руската инвазија на Украина“, „Воени злосторства за време на руската инвазија на Украина“ и „Масакрот во Буча“. Википедиа поднесе жалба на судската одлука со која се бара отстранување на информации поврзани со руската инвазија на Украина. „Оваа одлука имплицира дека оригиналните, проверени информации на Википедиа кои не се во согласност со ставот на руската влада се дезинформации“, рече Стивен ЛаПорте, помошник главен советник во Фондацијата Викимедија, пренесува…
Јавниот долг е намален за 2,2 процентни поена и заклучно првиот квартал од 2022 година, според денеска објавените податоци, изнесува 54,9 отсто од БДП. Истовремено, намалување е забележано и кај државниот долг кој на крајот на март изнесува 46,8 отсто и понизок е за 1,9 процентни поени, соопшти Министерството за финансии (МФ). Оттаму наведуваат дека дополнителното намалување на јавниот долг е потврда за добро поставената фискална политика и доброто управување со јавните финансии, особено што тоа е евидентирано во период на криза. Фискалната политика останува на определбата за натамошна консолидација и реструктуирање на јавните расходи со постепено намалување на буџетскиот…
Германската Влада подготвува помош во вредност од пет до 10 милијарди евра за „Гаспром Германија“, национализираната поранешна подружница на рускиот гасен гигант Гаспром, објави денеска „Блумберг“, повикувајќи се на свои извори. Помошта би можела да биде одобрена уште во текот на оваа недела, а државната развојна банка KfW ќе биде во улога на заемодавач, пишува американската агенција. Разговорите се во тек и плановите, сепак, би можеле да се променат, додава „Блумберг“. Запрашан да го коментира извештајот на „Блумберг“, портпаролот на Bundesnetzagentur (БНА), германскиот енергетски регулатор, изјави: „Ние не учествуваме во шпекулации“. „Сите во БНА работат интензивно за да обезбедат „Гаспром…
„Денеска Одеса доби серија хуманитарна помош од нашите добри пријатели од Северна Македонија, поточно од фондацијата на поранешниот премиер на земјата Зоран Заев – „Фондација Заев – Едно општество за сите“, соопшти на Фејсбук, Олександр Горењук, пратеник на Врховната Рада на Украина. Тој појасни дека Фондацијата на поранешниот македонски премиер доставила 20 тони производи кои ќе одат за потребите на вооружените сили на Украина, бегалците и оние на кои навистина им се потребни. „Ние сме многу благодарни на народот на оваа земја и лично на господинот Зоран Заев и неговото семејство за поддршката на Украина во борбата против руските окупатори”,…
Бугарија е поважна од задкулисните интереси на група луѓе кои веројатно владеат со нашиот лидер. Со голема тага ќе ja напуштам „Има таков народ“ (ИТН), бидејќи во последните две години ја вложив сета моја енергија, сила, волја и значителни средства за да ги изградам структурите на оваа партија. Мафијата влегува во ИТН, изјави министерот за спорт во оставка, Радостин Василев попладнево на прес-конференција во Софија, пренесува бгнес.бг. Василев на прес-конференцијата беше со останатите пет свои колеги од ИТН, кои, исто така, ќе ја напуштат пратеничката група и партијата. Тоа се професорот Николај Радулов, адвокатот Иво Атанасов, инженерот Георги Георгиев, Дејан…
Ветувајќи им брз влез на Финска и на Шведска во НАТО, северноатлантската Алијанса не очекуваше жестоко противење на Турција, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во интервју за „Фајненшл тајмс“. „Немавме причини да веруваме дека ќе има било какви проблеми по тоа прашање“, истакна Столтенберг. Истовремено, додаде тој, загриженоста на Анката не е нешто ново, пренесува агенцијата РИА Новости. „Турција е важен сојузник и кога сојузник ќе укаже на безбедносна загриженост, треба да посветиме вниманике на тоа“, порача Столтенберг. Шведска и Финска на 18 мај поднесоа официјални барања за влез во Алијансата, но Турција го блокираше процесот на разгледување…
Русија заработила, речиси, 100 милијарди евра од извоз на нафта и гас за време на првите 100 дена од војната во Украина, иако руските приходи опаднаа во мај, покажува извештајот на независниот Центар за истражување на енергија и чист воздух со седиште во Хелсинки и, исто така, предупредува на потенцијални пропусти во напорите на ЕУ и САД да го ограничат увозот од Русија, пренесува „Би-Би-Си“. Извозот на руска нафта и гас е во пад, а приходите на Москва од продажба на енергија, исто така, бележат надолен тренд во споредба со мартовскиот рекорд од преку една милијарда долари дневно. Руските приходи,…
Новата словенечка Влада планира да ги отстрани физичките препреки на границата со Хрватска, кои беа подигнати во екот на мигрантската криза, за што наскоро ќе се направи и оперативен план, а активнистите треба да завршат до крајот на година, пренесува агенцијата СТА. Податоците на Министерство за внатрешни работи во Љубљана покажуваат дека Словенија има 135.372 метри панелни дрвени огради и 60.595 метри жилет жица на границата со Хрватска, за чие поставување биле потрошени 23,25 милиони евра и дополнителни 3,6 милиони евра за нивно одржување. Подигнувањето на оградата почна во 2015 година и одвреме-навреме се дополнуваше, а жицата постепено беше заменета…
Ламбе Алабаковски, покрај македонското државјанство, имал и американско, меѓутоа не се повикал на него, ниту, пак, побарал за неговиот случај да биде известена Амбасадата на САД во Скопје. Ова, за порталот Пресинг ТВ, го истакна адвокатот Драган Георгиев, правен застапник на естрадниот уметник, кој е приведен како осомничен за саботното опожарување на влезната врата на бугарскиот кулрутен центар „Ванчо Михаилов“ во Битола за што му е одредена и мерка притвор во траење од осум дена. Георгиев, како што истакна, очекува дека неговиот клиент ќе биде пуштен да се брани од слобода и пред истекот на изречената мерка притвор. „Се надева,…
Независниот синдикат во ЈСП „Скопје“ за среда (15 јуни) најави протест на возачите на автобуси на кој ќе испорачаат барања за зголемување на платите и за подобрување на, како што велат, „тешките услови за работа“. Раководството на компанијата веднаш се јави со реакција, оценувајќи дека најавениот протест е политички мотивиран и ќе биде на штета на граѓаните. „Затоа ги осудуваме таквите дејствија и апелираме дека со политички мотивирани манипулации, поттикнати од центри на политичка моќ, нема да се придонесе за развој и унапредување на статусот на вработените во ЈСП „Скопје“, туку, напротив, ќе доведат до непоправлива штета која негативно ќе…