Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Светската економија оваа година нагло ќе забави поради војната во Украина, која ја намали куповната моќ на граѓаните, а Европа ќе претрпи најтешки последици, предупреди Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Светската економија во 2022 година ќе порасне за три отсто, проценува ОЕЦД, намалувајќи ја својата декемвриска прогноза за 1,5 процентни поени. Растот, пак, во 2023 година би требал малку да забави, на 2,75 отсто, пресмета организацијата во последниот извештај. „Најтешко ќе бидат погодени европските економии, бидејќи тие се најмногу изложени на војната преку увоз на енергија и прием на бегалци. Економијата на еврозоната оваа година ќе порасне за…
Бугарија има три јасни барања за напредок по прашањето на евроинтеграциите на Северна Македонија кои се однесуваат на почитување на рамковниот став што го усвои бугарскиот парламент, потоа вклучување на Бугарите во уставот на Северна Македонија за заштита на нивните права и спроведување на Договорот за соседство, порача бугарскиот премиер Кирил Петков по денешната средба со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји во Софија. „Тоа е суштина на нашите разговори со еврокомесарот и досега и сега. За тоа му благодарам на комесарот“, изјави Петков за бугарските медиуми. „Сè уште нема решение, што е многу фрустрирачко за нас, бидејќи не можеме да…
Град Скопје во понеделник ќе објави јавeн повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување за 2022 година за кои ќе може да се аплицира онлајн. За таа намена се предвидени 24 милиони денари во Буџетот на Град Скопје за 2022 година. „На повикот може да аплицираат лица што набавиле инвертер клима уреди почнувајќи од 1 јануари во 2022 година и се жители на Град Скопје (општини Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел и Сарај) и ги исполнуваат предвидените услови. Повикот ќе биде отворен до 1 ноември…
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во полицискиот центар „Ѓорче Петров“ имаше прилика да се запознае и да предаде во употреба осум специјализирани интервентни возила кои се донација од чешкото МВР во вкупна вредност од 14.200.000 милиони денари. Шест од нив ќе бидат ставени на располагање на Единицата за брзо распоредување, а останатите две за интервентни операции на САЕ „Тигар“. https://www.youtube.com/watch?v=mR7pkU0u3R8&t=144s Пред присутните на пистата во Полицискиот центар „Ѓорче Петров” беше изведена демонстрација на брзо излегување и влегување, како и тактичко движење, а беа презентирани и техничките карактеристики на возилата. „Заедно со заменик шефот на Мисијата на Амбасадата на…
Над 3.000 луѓе се евакуирани ноќеска во Шпанија, поради голем шумски пожар во туристичкиот регион Коста дел Сол, јави агенцијата ДПА. Причината за пожарот сè уште не е утврдена, а високите температури и силните ветрови со отежнуваат гаснењето на огнот. Најзагрозени беа 8.000 жители на Бенахавис и 300 на Пухера, западно од Малага. Повредени се тројца пожарникари. 🔴 #IFPujerra | Medios: -15 aeronaves (6 helicópteros, 2 Súper Puma; 2 Kamov, 2 aviones de carga en tierra, 2 anfibios y 1 avión de coordinación) -140 efectivos -6 autobombas -1 UMIF -1 UMMT -1 UNASIF La velocidad del viento hace que el…
Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика на Европската Унија (ЕУ), Оливер Вархеји, кој вчера учествуваше на самитот на Иницијативата „Отворен Балкан“ во Охрид, денеска е во посета на Бугарија. Вархеји во Софија ќе има средби со бугарскиот претседател Румен Радев, со премиерот Кирил Петков и со министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска. Еврокомесарот Вархеји ја најави посетата на Бугарија при последниот престој на 20 мај кога, по средбите со Радев, со Петков и со Генчовска, рече дека наскоро ќе се врати во Софија за да се најде заеднички прифатливо решение за отворање на преговорите со Северна Македонија. Вархеји пред заминувањето…
Стопанската комора на Северна Македонија, за првпат во своето 100 годишно постоење, додели Голема плакета на македонскиот премиер Димитар Ковачевски, на поранешниот претседател на Влада, Зоран Заев, на српскиот претседател Александар Вучиќ и на премиерот на Албанија, Еди Рама како личности кои најмногу допринеле за регионална бизнис интеграција, изразувајќи на тој начин длабока почит кон креирањето на регионалната иницијатива „Отворен Балкан“. „Искрените заложби на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Албанија, Еди Рама, поранешниот премиер на Северна Македонија, Зоран Заев и актуелниот македонски премиер, Димитар Ковачевски кој ги продолжи заложбите за натамошен развој и креирање на Иницијативата за единствен…
Германскиот канцелар Олаф Шолц во сабота доаѓа во посета на Северна Македонија, како дел од неговата турнеја низ земјите од Западен Балкан. Шолц во Скопје ќе има средба со премиерот Димитар Ковачевски, а планирани се и пленарни разговори на двете делегации. Предвидено е Ковачевски и Шолц да одржат заедничка прес-конференција. Германскиот канцелар од Скопје ќе замине за Софија на средби со бугарскиот државен врв. Се очекува на средбите во Скопје и во Софија да се разговара за бугарската блокада на евроинтеграцијата на Северна Македонија, проширувањето на ЕУ и војната во Украина. Шолц во рамки на балканската турнеја, претходно ќе ги…
Американскиот претседател Џо Бајден го предложи Кенет Мертон за нов американски амбасадор во Бугарија на местото на Хeро Мустафа, која е во Бугарија од 2019 година. „Номинацијата на Бајден се очекува да биде одобрена од Сенатот“, објавија бугарските медиуми. Мертон беше амбасадор на САД во Хрватска, како и вршител на должноста во Амбасадата на САД во Хаити и потоа и нејзин амбасадор. Претходно бил заменик-помошник секретар во Бирото за глобално управување со таленти, а претходно и помошник секретар во Бирото за прашања на западната хемисфера. Мертон бил економски советник во Амбасадата на САД во Париз, Франција, извршен асистент во Бирото…
Собраниската Комисија за избори и именувања денеска треба да ја продолжи расправата за утврдувањето на предлози за избор на судии на Уставниот суд. Комисијата треба да се произнесе за уште осум предлог-судии. Досега е прифатен само предлогот за Фатмир Скендер за нов уставен судија. Членовите на Комисијата треба да ги разгледаат биографиите и на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, како и на Тања Васиќ Бозаџиева која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство, предложени, како и Скендер, од владејачките партии, но и на универзитетските професори Саво Климовски и Родна Живковска, судијата во пензија Бранко Секуловски, обвинителот…
Изненаден сум од разговорите што ги водат канцеларот Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон со Путин. Ништо нема да се постигне со нив, тврди полскиот претседател, Анджеј Дуда за германскиот весник „Билд“. За Дуда, разговор со рускиот претседател Владимир Путин претставува „вид на легитимизација на лицата кои се одговорни за злосторствата што руската војска ги изврши во Украина“. Самиот Путин е одговорен за испраќање на својата војска во Украина, смета Дуда, додавајќи дека тој добива поддршка од неговите воени команданти. „А дали некој вака разговарал со Адолф Хитлер за време на Втората светска војна? – Дали некој кажал оти…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски оцени дека судбината на Донбас се решава во битката за Северодоњецк. Зеленски во видеообраќање рече дека битката за Северодоњецк е една од најтешките во војната со Русија. „Северодоњецк останува епицентарот на конфликтот во Донбас“, нагласи Зеленски.