Author: Sashko

Во 214 училишта во Белград има дојави за поставени бомби. Дојавите пристигнале на емајл адреси на 148 основни и 66 средни училишта, соопшти Министерството за образование. Според претходно утврдената процедура, објектите се евакуирани, а учениците ќе може да се вратат во училишните клупи, штом се утврди дека тоа е безбедно. „Екипи на Министерството за внатрешни работи се излезени на терен и ги прегледуваат објектите“, се додава во соопштението.

Read More

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП) информира дека линиите 59 од Карпош 3, од Ново Лисиче и од Кисела Вода во петок, во сабота и во недела ќе бидат опслужувани со дополнителен број на автобуси поради верскиот празник Задушница. Од таму нагласуваат дека автобусите во петок ќе сообраќаат по саботен возен ред. „Во петок, во сабота и во недела, на линиите 59 (Карпош 3 – Кучевишка бара – гробишта Бутел), 59а (Ново Лисиче – гробишта Бутел) и 59б (Кисела Вода – гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси“, соопштуваат од ЈСП „Скопје“. Од Јавното сообраќајно претпријатие потенцираат дека од понеделник почнува…

Read More

Вистинска драма се случува во Берлин, откако автомобил влета во толпа луѓе и според првичните инфирмации едно лице го загуби животот, а 30 се повредени. Непознат маж со автомобил „рено“, влетал меѓу луѓе, но не е познато дали станува за напад или едноставно загубил контрола врз возилото. Откако ги „покосил“ пешаците, автомобилот завршил во излог на продавница. Германските медиуми пренесуваат дека возачот на автомобилот е уапсен. Инцидентот се случил недалеку од местото каде во 2016 година беше извршен терористички напад на Божик во кој загинаа 11 лица.

Read More

По однос на пријавените шпекулации за употребата на македонскиот јазик во рамки на Обединетите нации (ОН), Министерството за надворешни работи (МНР) информира дека единствениот референтен документ на ОН за главните обележја и податоци за земјите е UNTERM (кратко од UN Terminology). „Во него се дадени основните информации за секоја земја – официјалното име, кратко име, јазик на држава, назив на валута, ISO кодовите и др.“, се посочува во реакцијата на МНР. Секретаријатот на ОН, додаваат од МНР, како и сите негови тела, „е обврзан да се придржува и да ги почитува податоците изнесени во истиот (UNTERM)“. „Вработените во Секретаријатот на…

Read More

Виетнамскиот министер за здравство, Нгујен Тан Лонг и градоначалникот на Ханој, Чу Нгок Ан се уапсени во истрага за вештачко зголемување на цените на тестови за ковид. Нгуен Тан Лонг е сменет од министерската функција, а Чу Нгук Ан, поранешен министер за наука е сменет од функцијата градоначалник, јавија виетнамските медиуми. Истрагата против нив се заснова на сомнежи за злоупотреба на службената положба. И двајцата се исклучени од владејачката виетнамска комунистичка партија. Истражните органи открија дека Министерството за здравство и Министерството за наука и дозволиле на „Виет А Технолоџи“ (Viet A Technology) да ги напумпа цените за комплетите за тестирање за Ковид доставени до…

Read More

Попладнево (18 ч.) пред полициската станица во Битола ќе се одржи протест за поддршка на пејачот Ламбе Алабаковски, кој е осомничен за пожарот на бугарскиот културен центар „Ванчо Михаилов“ во Битола, за што вчера му беше изречен и осумдневен притвор. По информациите во медиумите дека Алабаковски стои зад палењето на влезната врата на клубот во Битола, на социјалните мрежи се појавија лавина од реакции во знак на поддршка за естрадниот уметник. „И јас сум Ламбе“, „Ламбе за Нобел“, „Ламбе војвода“, „Ламбе херој“, „Слобода за Ламбе“ се само дел од коментарите на Фејсбук и Твитер по настанот од саботата. Од тука…

Read More

Најмалку шест лица, меѓу кои пет тинејџери на возраст од 17 и 18 години, се убиени во вооружен напад во централно Мексико, соопштија локалните власти. „Со тага ве информирам дека шест лица ги загубија животите“, изјави Цезар Прието, градоначалник на Саламанс, во државата Гуанахуато, каде што се случи нападот во близина на основно училиште. Вооружена група пукала во учениците, како и врз 65-годишен минувач, соопшти полицијата. Мотивот за нападот не е познат. Државата Гуанахуато е центар на мексиканската нафтена индустрија, како и еден од деловите во земјата со најмногу насилство. Кон крајот на мај, во вооружен напад во хотел во градот Челаи,…

Read More

Денеска во 12:30 часот во Кривичниот суд во Скопје ќе биде објавена пресудата за случајот „Талир 2“, во кој се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, и поранешниот генерален секретар на Владата и на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски. Обвинетите се товарат за злоупотреба на службената положба, при што овозможиле правното лице ДГ „Бетон“ АД Скопје да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во времето кога фирмата имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија, спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи. Предметот…

Read More

Постои итна потреба за придвижување на интеграцијата на Македонија и на Албанија во Европската Унија (ЕУ). Тактизирањето со ветото е сериозен безбедносен ризик за Балканот, оценија заменик-помошничката на секретарот за одбрана на САД, Лора Купер и министерката за одбрана, Славјанка Петровска во заедничкото интервју за „Гласот на Америка“, реализирано при посетата на македонската делегација на Вашингтон. „Мислиме дека е неверојатно важно да се продолжи со дипломатските разговори за решавање на тоа прашање. Би го пофалила лидерството на Северна Македонија и начинот на кој му пристапи на тој предизвик. Мислам дека тоа што го видовме од Северна Македонија е дипломатско лидерство.…

Read More

Над 1.000 украински војници, кои се предале во Мариупол, се префрлени во Русија поради истражни дејствија, изјави извор од полицијата за агенцијата ТАСС. „Над 1.000 луѓе од Азовстал се префрлени во Русија. Со нив работат полициски службеници. Истражителите планираат да испратат и други затвореници во Русија во наредниот период“, рече изворот за ТАСС. Според него, во Москва во моментот има околу 100 луѓе, „вклучувајќи ги и странските платеници кои се предале во Мариупол“, за што ТАСС во овој момент не може да добие официјални коментари од истражителите и полицијата за оваа информација. Според руската страна, во челичарницата Азовстал се предале…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека земјата ќе отвори „книга за крвниците“, што всушност претставува систем за собирање на докази за воени злосторства за кои Киев тврди дека биле извршени за време на руската окупација. Украинското обвинителство соопшти дека се евидентирани над 12.000 воени злосторства во кои се осомничени повеќе од 600 лица, по почетокот на русската инвазија на Украина на 24 февруари. „Следната недела ќе биде објавена специјална публикација „Книга на крвниците“, систем што ќе собира податоци за воените злосторства и криминалците од руската армија“, рече Зеленски во најновата видео порака. Според неговата забелешка, оваа книга ќе биде клучниот…

Read More

Руската инвазија врз Украина е „брутален напад кој ги игнорира човековите права и нема никакво оправдување за тоа“, изјави поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел во нејзиното прво интервју по заминување од власт. Таа рече дека нападот е голема грешка, но додаде дека никогаш немало шанса да се создаде безбедносна архитектура која ќе ја убеди Русија да бара алтернативен пат. „Секако дека се прашував што направивме погрешно“, рече таа, говорејќи за „големата трагедија“. „Дали можевме да направиме повеќе за да го спречиме тоа, она што јас го нарекувам голема трагедија. И затоа сè уште си ги поставувам тие прашања“, додаде Меркел. Но, таа,…

Read More