Author: Sashko

Владата, на предлог на Министерството за економија, денеска одлучи да се продолжи рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи до 31 декември 2022 година. „Имајќи предвид дека со оваа Одлука се ограничува растот на цените преку утврдување на висината на трговската маржа која треба да влијание на растот на цените на мало на основните прехранбени производи, а состојбата на пазарот укажува дека цените не се стабилизирани, се наметна потребата да се продолжи рокот за следните три месеци од оваа година, односно до 31 декември 2022 година. На овој начин, евентуалниот раст на цените во…

Read More

Повторно руските војници оставаат траги од воени злосторства зад себе. Тие бомбардираа болници и театри во Мариупол, гранатираа трговски центар во Кременчух, мачеа и егзекутираа стотици цивили во Буча и Ирпен. Сега, кога украинските сили ги протераа Русите од поголемиот дел од регионот Харкив, голем број злосторства повторно излегоа на виделина, пишува Александар Ј. Мотил, професор по политички науки на Универзитетот Рутгерс-Њуарк за The Hill. Стратешки важниот град Изjум, под окупација од 1-ви април, се чини дека е еден од клучните центри на масовни убиства. Украинските власти ексхумираа 146 тела на цивили и пронајдоа уште 445 во масовни гробници. Една масовна гробница…

Read More

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска ја потврди и втората ноемвриска контролна пресметка на националниот тим. Како што е соопштено, на 20 ноември на Националната арена „Тодор Проески“ ќе гостува селекцијата на Азербејџан. Три дена претходно, исто така на Арената во Скопје, избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе одиграат пријателски дуел против Финска. Репрезентацијата на Азербејџан ќе допатува во Скопје од Кишињев каде на 16 ноември ќе одигра пријателски натпревар против Молдавија.

Read More

За да помогне во трендот на растечки цени на енергијата, холандската Влада планира да плати дел од сметките за струја и за гас на своите граѓани. Кралот Велем-Александар, во денешното обраќање по повод почетокот на парламентарната година, истакна  дека „е болно тоа што луѓето веќе не можат да ги платат своите сметки“. Еден од плановите е ограничување на сметките за енергија и државата ќе ја плаќа пазарната разлика директно на енергетските компании. Ограничувањето на цената ќе важи само за дел од потрошувачката на енергија. Тоа ќе се заснова на просечната потрошувачка на домаќинствата на почетокот од годината, пред руската инвазија…

Read More

Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски денеска ја доставил својата оставка до Владата. Оставката, како што посочуваат од Владата, ќе биде  разгледана, а потоа ќе биде информирано Собранието кое на седница треба да ја констатира. Согласно процедурата, ќе биде предложено друго име на министерското место за локална самоуправа. Доколку оставката на Милевски биде испратена до Собранието пред новата 86. седница, таа би можела да биде констатирана в четврток за кога е закажано ова парламентарно заседание. Офијално сè уште нема информација кој ќе го наследи Милевски, иако во јавноста веќе циркулираат одредени имиња. Милевски вчера изјави дека се повлекува од лични…

Read More

Нови 75 случаи на ковид-19 од направени 887 тестови се регистрирани во последните 24 часа, информира Министерството за здравство (МЗ), согкласно податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Нови случаи се регистрирани во Скопје – 38, во Куманово – осум, во Велес – шест, во Кавадарци – четири, во Охрид, во Кичево и во Гевгелија – по три, во Битола, во Прилеп и во Штип – по два и по еден во Неготино, во Радовиш, во Крива Паланка и во Берово. Регистрирани сe 99 оздравени пациенти од Скопје – 54, од Кавадарци и од Прилеп – по седум, од Куманово…

Read More

Во моментов има 74 пратеници во Собранието кои се „за” уставните измени и ќе успееме да обезбедиме гласови од уште шест пратеници од македонската опозиција кои недостигаат за двотретинско мнозинство, истакна првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби. „Шестмината ќе ги најдеме во проевропскиот дел на опозицијата, каде тој европски дух е во растеж и тоа е очигледно. На кого мислам? – На македонската опозиција. Дали мислам на пратеници на ВМРО? – Македонската опозиција не е само ВМРО“, рече тој во вчерашното госување во емисијата „Клил плус“ на ТВ21. На…

Read More

Тестирањето на единствениот електронски систем за наплата на патарините во земјите на „Отворен Балкан“ е во тек, а овие ТАГ уреди ќе можат да се користат во Србија, Албанија и Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белгад. Како што изјави Дарко Савиќ од „Патишта на Србија“ за РТС, системот ќе почне да функционира кога ќе се потпишат сите договори. „Системот во моментот е во тест фаза, но очекуваме многу брзо да бидат потпишани конечните договори и системот да профункционира. Многу лесно може да се прошири на други системи за наплата, дури и на системи како што се сателитскиот во Бугарија, како и на…

Read More

Институтот за проучување на војната тврди дека рускиот претседател Владимир Путин се повеќе се потпира на „нередовните доброволни и помошни сили, наместо на конвенционалните единици“ на фронтот. Во најновиот извештај за руската инвазија се наведува дека „лошиот однос на Путин со воената команда и руското Министерство за одбрана може делумно да се објасни со зголемениот фокус на Кремљ на регрутирање на лошо подготвени доброволци во ад хок нередовни единици“. Па зошто Путин не нареди мобилизација и на тој начин да ги надополни руските трупи во Украина? „Затоа што во тој случај тоа би предизвикало бунт во Русија и тешко дека…

Read More

На почетокот на декември ќе се одржи нов самит на лидерите на Европската Унија (ЕУ) и на Западен Балкан, за првпат во една од земјите од регионот, во Северна Македонија или во Албанија, објави РТС повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел. Како што јави дописникот на МИА од Белград, тој состанок треба да даде нов, силен сигнал за посветеноста на ЕУ кон Западен Балкан, со порака до земјите од регионот да го искористат новосоздадениот политички амбиент во Европа, со цел да се подобри процесот на пристапување и решавање на отворените прашања во регионот. Иако консултациите сè уште траат, европските…

Read More

„АстраЗенека“ денеска соопшти дека лекот Евушелд, комбиниран лек со антитела со долго дејство за пациенти со ковид-19, е одобрен во Европската унија (ЕУ) за лица на возраст од 12 години и постари. „Одобрувањето на Европската комисија е засновано на резултатите од третата фаза од студијата за Евушелд“, соопшти британско-шведската фирма. Резултатите покажаа дека една доза Евушелд обезбедува клинички и статистички значајна заштита од развивање на тешка клиничка слика на ковид-19 или смрт кај нехоспитализирани возрасни лица кои имале благи до умерени симптоми седум дена или помалку. Евушелд доби дозвола за ставање во промет во ЕУ за превенција од пред-изложеност на…

Read More

Над 250.000 лица чекаа со часови во километарски редици за да минат покрај ковчегот со телото на кралицата Елизабета Втора и да ѝ оддадат почит во деновите пред нејзиниот погреб во Лондон, соопшти денеска Владата на Велика Британија. Само на британскиот премиер Винстон Черчил досега граѓаните му оддаваа почит, минувајќи покрај неговиот ковчег во Вестминстерската сала во 1965 година. Тогаш покрај неговиот ковчег поминале 321.360 луѓе. По државниот погреб вчера во Лондон, кралицата беше погребана на приватна церемонија во капелата Свети Џорџ во дворецот Виндзор. Претходно, ковчегот со нејзиното тело беше изложен во Вестминстерската сала пет дена, а граѓаните можеа…

Read More