Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Крстосувачкиот брод „Москва“ е „тешко оштетен“ во пожар што бил предизвикан од експлозија на муниција, соопшти руското Министерство за одбрана (МО). Екипажот е евакуиран, а во тек е истрага за инцидентот. Но, руското МО не наведе каде се случил инцидентот. Украинските власти претходно објавија дека пожарот на бродот „Москва“ е предизвикан од ракетен напад. Гувернерот на областа Одеса, Максим Марченко изјави дека „ракетите од Нептун кои го штитат Црното Море предизвикале голема штета на тој руски брод“. Бродот „Москва“ учествуваше во првите денови од инвазијата врз Украина и во нападот на Островот на змиите во Црното Море, при што беа…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека Киев не добил службено барање од Берлин за посета на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер. „Ние сме слободна земја. Можеме да си дозволиме да бидеме меѓу оние кои вистински нè поддржуваат, да бидеме меѓу вистинските пријатели“, изјави Зеленски. Штајнмаер пред два дена изјави дека планира да отпатува во Украина заедно со полскиот претседател и шефовите на балтичките држави, но дека Киев не го сака тоа. Во изминатите неколку недели, тој беше критикуван за неговите односи со Русија. Тој на почетокот од месецот изјави дека направил грешка со поддршката на гасоводот „Северен тек 2“ меѓу…
Укинување на задолжителното поседување на сертификат за вакцинација или прележаност на ковид-19 за влез во земјата, препорача вчера Комисијата за заразни болести. Сертификатот засега останува да важи за влез во затворен дел на угостителските објекти, бидејќи Комисјата смета дека е потребно постепено олабавување на рестрикциите. Доктор Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести, вчера истакна дека постепеното укинување на мерките дава резултат и тоа се гледа по секојдневниот пад на бројките. Најновата препорака од Комисијата ќе стапи на сила откако ќе биде усвоена од страна на Владата. Министерот за здравство, Беким Сали го дели истиот став со Комисијата и…
Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветар од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4 степени, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб ветар од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2 степена, а максималната ќе достигне 22 степена. Според УХМР, до петок ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност. Во сабота ќе има зголемена облачност, а од недела до вторник ќе преовладува променливо облачно, ветровито и значително постудено време со…
Хеликоптер на вооружените сили на БиХ со четири члена на екипажот се преврте денеска за време на редовна летечка обука кај Високо. Леталото, според Министерството за одбрана на БиХ, се превртело додека било на земја и никој не е повреден во инцидентот. На хеликоптерот има видливи траги од оштетување, а надлежните служби спроведуваат истрага за причините на превртувањето.
Соединетите Американски Држави и нивните партнери нема да ги толерираат активностите на другите земји со кои се поткопуваат санкциите против Русија, изјави денеска американската министерка за финансии Џенет Јелен за време на говорот пред Атлантскиот совет. Според неа, некои земји продолжуваат да „не прават ништо, веројатно гледајќи можности за сопствено збогатување преку одржување на односите со Русија и пополнување на празнините што ги оставаат другите“. „Таквите мотиви се кратковиди. Да бидеме јасни: обединетата коалиција на земји кои воведоа санкции нема да биде рамнодушна кон активностите што ги поткопуваат тие санкции“, рече Јелен. Јелен рече дека војната меѓу Русија и Украина…
Претседателите на Полска – Анджеј Дуда, на Литванија – Гитанас Науседа, на Летонија – Егилс Левитс и на Естонија – Алар Карис пристигнаа во Киев, соопшти Амбасадата на Естонија во Украина, пренесува Укринформ. „Естонскиот претседател Алар Карис и неговите колеги – полскиот претседател Анджеј Дуда, литванскиот претседател Гитанас Науседа, летонскиот претседател Егилс Левитс – пристигнаа во Киев“, се вели во соопштението. Во него се посочува дека се планирани средби со претседателот Володимир Зеленски и други украински претставници.
Раководството на шведската Социјалдемократска партија ја овласти премиерката Магдалена Андерсон да поднесе барање за членство во НАТО во јуни оваа година, соопштија денеска партиски извори. Во соопштението се наведува дека апликацијата би требало да биде предадена на состанокот на Алијансата на 29 и 30 јуни во Мадрид, пренесува агенцијата ТАСС. Весникот Афтонбладет претходно објави дека партијата најавила состанок на 24 мај на кој ќе присуствуваат претставници на 26 партиски окрузи и ќе разговараат за ставот на партијата за членство во НАТО. На тоа ќе претходи анкета меѓу партиското членство за да се добие сечие мислење.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко ги отфрли наводните планови за неговата поранешна советска република да стане дел од Русија. „Не сме толку глупи со Путин да користиме стари методи. Ние градиме единство меѓу двете независни држави за луѓето да учат од нас“, порача Лукашенко од посетата на Владивосток на далечниот руски исток, пренесува белоруската државна новинска агенција Белта. Лукашенко на покана на Путин моментно престојува на рускиот далечен исток, на брегот на Тихиот океан. Белорусија е важна поддршка на Русија во војната во Украина. За разлика од него, меѓународните политички набљудувачи сметаат дека придружувањето на Белорусија кон Русија е сосема реална…
Британскиот премиер Борис Џонсон е казнет со 50 фунти за прекршување на Законот за ковид-19 во време на пандемијата со присуство на роденденската забава на Даунинг Стрит број 10. Министерот за финансии, Риши Сунак и сопругата на Џонсон, Кери, исто така се казнети за присуство на состанокот на 19 јуни 2020 година во кабинетот. Од градската полиција велат дека се изречени повеќе од педесет казни. Сите тројца изјавија дека ги платиле казните во вторникот. Џонсон и Сунак се првиот актуелен премиер и министер за финансии кои се казнети. Тие се обвинети и дека го доведоа во заблуда парламентот со тоа…
Македонската ракометна репрезентација вечерва гостува кај Чешка во првиот меч од пресметката за пласман на Светското првенство во 2023 година. Селекторот Кирил Лазаров верува дека со максимална негова ангажираност и на неговите избраници може да се дојде до добар резултат пред реваншот во Скопје. Лазаров кој ќе ја има и улогата на капитен на теренот, смета дека Чешка е посилна од претходниот ривал Романија. „Ако треба да ја споредам Чешка со Романија, можам да кажам дека 15 до 20 отсто се работи за повоиграна репрезентација, иако не треба да се занемари квалитетот на Романците. Нема да не плаши тоа, имаме…
Германскиот политички врв денеска реагираше со чудење и неразбирање за одбивањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски да го прими во посета германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер. „Германскиот претседател јасно и дефинитивно застана на страната на Украина. Германија беше и сè уште е еден од најодлучните поддржувачи на Украина, а овој факт е тесно поврзан со долгорочните активности на германскиот претседател“, изјави портпаролот на германската Влада. Портпаролката за надворешна политика на владејачката Социјалдемократска партија на Германија (СПД), Нилс Шмид изрази незадоволство од одлуката на Киев. „Ова е повеќе од несоодветно: ние сме пријателски земји и посетата на германскиот претседател заедно со другите претседатели…