Author: Sashko

Бруклин Бекам, син на Дејвид и Викторија Бекам, го зема презимето на својата сопруга Никол Пелц и во иднина ќе го користи како негово средно име на венчавката што се одржа во Палм Бич на Флорида и за која, според странските медиуми, се потрошени три милиони долари. Младата двојка влезе во брак со предбрачен договор, но не за заштита на богатството на славниот фудбалер, туку на семејството на невестата кое е неколкукратно поголемо. Богатството на семејството Бекам се проценува на 38 милиони фунти, додека Нелсон и Клаудија, родителите на Никол, изнесува 1,3 милијарди фунти. Венчавката се одржа на семеен имот…

Read More

Делегација на Комитетот за буџетска контрола на Европскиот парламент (ЕП) денеска почнува тридневна посета на Бугарија, соопшти ЕП. Европратениците ќе ги испитуваат наводите за корупција и злоупотреба на јавните средства и како тие влијаат врз финансиските интереси на ЕУ. Во делегацијата се Томаш Здечовски (ЕПП, Чешка), Цветелина Пенкова (С&Д, Бугарија), Софија ин’т Велт (Рењу, Холандија), Виола фон Крамон Таубадел (Зелени/ЕСА, Германија), Јоаким Кус (ИД, Германија), Ришард Чарнецки (EQF, Полска) и Андреј Новаков (ЕПП, Бугарија) како придружен член. Делегацијата ќе има средби со различни бугарски граѓански организации, истражувачки новинари, како и со високи државни и владини претставници кои се директно или…

Read More

Санкционирани се 249 возачи во вчерашните сообраќајни контроли на територија на град Скопје од кои 60 за возење над дозволената брзина, 44 за возење под дејство на алкохол, а 31 за возење без возачка дозвола, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Изречени се и осум мерки за користење на мобилен телефон, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум мерки за нерегистрирани возила, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, осум мерки за возач почетник, итн. „Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да…

Read More

Актуелниот француски претседател Емануел Макрон би добил 54 отсто гласови, наспроти 46 на неговата противкандидатка од екстремната десница, Марин Ле Пен, покажува анкетата на Ипсос за вториот круг на претседателските избори во Франција Анкетата е спроведена синоќа со репрезентативен примерок од 1.172 лица.  За потсетување, Макрон во 2017 година доби 66,1 отсто од гласовите, наспроти 33,9 отсто за Ле Пен во вториот круг од претседателските избори.

Read More

Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ) се обрати до претседателот на Собранието, Талат Џафери со барање за неусвојување на предложените измени и дополнувања на Законот за работни односи во законодавниот дом и апелира за законите во иднина, конечно, да се носат низ транспарентен и инклузивен процес, со вклученост на засегнатите страни. Од комората велат дека барањето е последица на бројни реакции од компании кои се нејзини членки во врска со Предлог законот што е во собраниска процедура. „Законот за работните односи е комплексен закон (Устав за работниците), за чии измени и дополнувања е потребна широка јавна расправа, а не нивно…

Read More

Делчево и Здружението  се подготвени за 6-тата изложба на олдтајмери што ќе се одржи на 17 април на паркингот пред Спомен домот на АСНОМ во Делчево. „Оваа година имаме најави за доаѓање на колеги и пријатели од Бугарија, од Грција и од Србија и очекуваме да пристигнат околу 100 возила“, рече Трајановски, претседателот на здружението „King’s of the road’s“. Во рамки на настанот како и претходните години предвидено е доделување на награди за учесниците во повеќе категории. „Имаме пехари, помали награди слични на пехари кои деновиве треба да ги добиеме, како и плакати и пропагандниот материјал. Годинава по третпат сме…

Read More

Украинскиот претседател Володомир Зеленски ноќеска упати предупредување до нацијата дека престојната седмица ќе биде клучна, ништо помалку важна од претходните како и и секоја останата седмица мината во војна. „Ќе биде исто толку напнато, дури и уште поодговорно. Русија се повеќе се плаши. Се плаши дека ќе изгуби. Се плаши дека ќе мора да ја признае вистината“, вели тој. Според него, руските трупи ќе се преориентираат на уште поголеми операции на истокот од нашата земја. „Можат да користат уште повеќе проектили против нас, да фрлаат уште повеќе бомби од воздух. Но, ние се подготвуваме за нивните постапки. Ќе одговориме. Ќе…

Read More

Самостојниот синдикат на образование, наука и култура (СОНК) денеска го почнува штрајкот во сите установи на национално ниво во дејностите детска заштита – градинки и во основните и средните училишта кој според најавите ќе трае се додека не се изнајде соодветно прифатливо решение за двете страни. Од Министерството за образование и наука (МОН) и Министерството за труд и социјална политика (МТСП), пак, посочуваат дека и во услови на штрајк училиштата и градинките мора да ја вршат својата дејност – згрижување и воспитание на децата и организирање на воспитно-образовниот процес. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков вчера најави дека штрајкот ќе се…

Read More

Лондонски „Тајмс“ објави дека Финска и Шведска, се чини, дека ќе се приклучат на НАТО уште ова лето, пренесе агенцијата ДПА. Русија направи „голем стратешки гаф“, пишува весникот, цитирајќи официјални американски претставници. Официјални претставници додадоа дека членството во НАТО за двете земји било „тема на разговор и повеќекратни сесии“ за време на состанокот на шефови на дипломатии на Алијансата минатата недела.

Read More

Денеска од 9 часот без вода ќе бидат делови од скопските населби Дебар Маало и Тафталиџе. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи во Скопје, поради уличен дефект од Ф-80 мм. на „Јордан Хаџи-Констатинов Џинот“ бб, кај кафеаната „Кај Жабарот“, прекин во водоснабдувањето ќе корисниците од улиците „Јордан Хаџи-Константинов Џинот“, „Ристо Шишков“, „Аминта Трети“, како и делови од булеварот „Илинден“ и улицата „Наум Наумовски Борче“ во Дебар Маало. Поради изведување на приклучок на водоводна мрежа со пречник од Ф-100 мм. на улица „Осло“ број 29 во населба Тафталиџе, прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од оваа и од…

Read More

Без напојување со електрична енергија денеска ќе останат делови од скопските населби Островска, Маџир Маало и Лисиче, како и дел од селото Ракотинци. Причина се технички зафати во дистрибутивната електромрежа. Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје соопшти дека во периодот од 8 до 15 часот без струја ќе биде дел од село Ракотинци во Општина Сопиште. Од 08:15 до 10:15 часот, пак, без електрична енергија ќе бидат корисниците од улица „Ѓорѓи Капчев“ – Крак 16 во населба Островска во Општина Аеродром, Од 08:30 до 11:30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат и дел од улиците „Ѓуро…

Read More

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а во делови на земјата и засилен ветер од северен правец. Температурите ќе бидат во интервал од 9 до 16 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе достигне до 14 степени. Во текот на работната седмица времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури кои ќе бидат и под нулата, додека дневните температури ќе бидат во пораст.

Read More