Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Хакери упаднаа во воените фејсбук-профили на Украина во обид да ги принудат војниците да се предадат, објави компанијата Мета, во чија сопственост е Фејсбук. „Нападнати се профилите на украинскиот воен персонал“, се наведува во најновиот безбедносен извештај на компанијата. Безбедносни експерти изјавија дека таквите напади ги извршило лице или група луѓе кои ги нарекат Ghostwriter, пишува „Индепендент“. Во извештајот од февруари, Мета веќе ги спомна активностите на Ghostwriter, но сега велат дека оттогаш се извршени нови напади. Хакерите прво ја компромитираат е-поштата, а потоа ги користат мејловите за да се логираат на профилите на социјалната мрежа. Кога хакерите влегле во…
Русија протера 45 вработени во полската амбасада и членови на конзуларниот персонал, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи. Станува збор за одговор на неодамнешното протерување на руски дипломати од Варшава. Полска минатиот месец протера 45 руски дипломати кои ги обвини дека работеле за руските разузнавачки служби. Русија ги отфрли таквите обвинувања како неосновани. Официјална Москва денеска, исто така, протера и двајца бугарски дипломати како одговор на одлуката на Бугарија да протера двајца руски дипломати од Софија донесена во март, соопшти денеска руското МНР. Бугарија ги прогласи за персона нон грата двајцата руски државјани поради наводни активности што се спротивни…
Генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, кој поднесе неотповиклива оставка по сомневањата дека ја злоупотребил службената положба, попладнево пристигна во Основниот кривичен суд во Скопје, каде ќе биде изнесен пред судија на претходна постапка, по предлогот на Обвинителството за негов притвор. Претходно, судија на претходна постапка, од Кривичниот суд – Скопје, издаде наредба до надлежната полициска станица за спровод на Мухамед Зеќири, но тој во судот пристигна сам во придружба на својот адвокат. Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе наредба „за спроведување истражна постапка против двајца хрватски државјани и висок функционер во Владата на РСМ…
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека земјата го суспендира своето членство во Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), а одлуката е донесена откако Генералното собрание на ОН вчеравечер ја усвои резолуцијата за суспендирање на членството на Руската Федерација во ова тело на ОН со седиште во Женева. „Руската страна ја смета усвоената Резолуција од Генералното собрание на ОН за суспендирање на членството во Советот за човекови права на ОН како незаконски и политички мотивиран чекор за пркосно казнување на суверена земја-членка на ОН која води независна домашна и надворешната политика“, се наведува во соопштението на руското МНР.…
Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, како дел од триото претседавачи со ОБСЕ, заедно со хомолозите од Полска, Збигњев Рау и од Шведска, Ан Линде, денеска на полско-украинската граница остварија средба со нивниот колега од Украина, Дмитро Кулеба. На средбата со Кулеба беа дискутирани потребите на украинската страна за одбрана на својата земја и помошта што меѓународната заедница треба да ја обезбеди на Украина за справување со последиците од војната. „Треба да направиме повеќе, не само за справување со последиците, туку и да го запреме ова лудило. Херојскиот отпор на украинскиот народ е за највисоко восхитување: додека…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва на РТС изјави дека вчера разговарал долгo со неговиот руски колега, Владимир Путин. „Беше многу фер. Ќе изнесам и еден детаљ од разговорот. Зборувавме за се, за гасот, за нафтата, на НИС… Разговорот беше добар и коректен. Ние двајца се познаваме долго и јас нема да прифатам пристап во кој него го нарекуваат Хитлер или дека е луд“, рече Вучиќ. „Тој не е луд, ниту се однесува хистерично. Многу стабилно, смирено и рационално говореше во разговорот со мене. Постигнавме значаен дел на согласности и тоа многу важно за Србија. Сакаше да ме информира за…
Сите 27 членки на Европската Унија (ЕУ) ја одобрија забраната за увоз на руски јаглен, дрвени материјали и водка, јави агенцијата ДПА. Европската Комисија во вторникот предложи нов пакет на санкции против Русија што денеска е одобрен од сите земји во блокот. Високи претставници на ЕУ рекоа дека во случај Русија да продолжиу со инвазијата во Украина, би можела да се донесе одлука за целосна забрана за сите фосилни горива од Русија. За новите санкции да стапат на сила, потребно е да бидат објавено во службеното гласило на ЕУ. Станува збор за формалност која многу веројатно ќе биде објавена во…
Американскиот Сенат ја потврди Кетанџи Браун Џексон (51) како прва црна судијка во историјата на Врховниот суд. Џексон беше номинирана од претседателот на САД, Џо Бајден. Нејзината кандидатура ја поддржаа 53 застапници, а 47 беа против. Тројца републиканци – Сузан Колинс, Лиза Мурковски и Мет Ромни се придружија на демократите и ја поддржаа Џексон за функцијата за што ѝ требаше просто мнозинство. Џексон во Врховниот суд на САД доаѓа на местото на 83-годишниот Стивен Брејер во либералниот блок на судот. Брејер ќе биде на позицијата до истек на мандатот што вообичаено завршува на крајот на јуни, по што Џексон и…
Израелска болница пријави најмалку две убиени лица и шест ранети во пукотница во центарот на Тел Авив. Телевизиските снимки покажуваат голем број на полицајци и вработени во итната служба на местото на настанот во центарот на градот. „Терорист отвори оган од непосредна близина и побегна пешки. Неколку лица се ранети“, рече портпаролот на полицијата, Ели Леви за ТВ Канал 13. Од итната служба рекоа дека примиле дојава за пукање на неколку локации и дека се згрижени неколку лица.
Новинарката Ирена Каревска е добитник на наградата за најдобра истражувачка сторија „Никола Младенов 2021“, што вечерва ја додели Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Таа наградата ја добива за серијалот од 10 ТВ прилози преку кои го истражува случајот со набавката на софтвер за автоматско казнување на сообраќајни прекршоци од поранешниот секретар на Владата, Драги Рашковски, објавени во емисијата „360 степени“ на Алсат ТВ. Новинарката Катерина Топалова е добитничка на наградата за најдобар иновативен новинарски производ, а фоторепортерот Игор Бансколиев за фотографијата на тема „Херојот од Дељадровце“ објавена во дневниот весник „Нова Македонија“ е добитник на наградата за најдобра репотерска фотографија.…
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков призна дека руските загуби во Украина се „значителни“. Во интервју за „Скај њуз“, тој призна дека војната е „голема трагедија“ за Русија и оти „загубите се значителни“. Песков рече дека историјата на Украина е променета од 2014 година за време, како што рече, на „илегалниот пуч“. „Украина стана анти-руска. Сè што се случи во Украина по тоа беше насочено против нашата земја“, рече Песков и додаде дека „Русија со децении е загрижена за сопствената безбедност“. На прашање на новинарот, дали војната се покажа како понижување за Русија со оглед на бројот на загинати војници, Песков…
Руските сили ги уништија сите болници и останати здравствени установи во регионот на Луганск, на истокот на Украина, објави првиот човек на локалната власт во Луганск на Фејсбук. „Од почетокот на војната меѓу Русија и Украина, секоја медицинска установа во нашиот регион беше на удар на руските гранати“, напиша Сергеј Гаидаи на Фејсбук. Тој објави и неколку фотографии од оштетената болница Рубижње за која наведе дека била „нова и полна со напредна опрема“. Гаидаи го обвини главниот лекар во болницата за предавство, откако тој се сложил со руските тврдења дека зад уништувањето на болницата стојат украинските сили.