Author: Sashko

Македонија е меѓу 93-те земји кои гласаа „за“ суспендирање на Русија од Советот за човекови права во Обединетите Нации (ОН). Покрај Македонија, за суспензија на Русија од Советот за човекови права во ОН се изјаснија и Србија, Албанија, Бугарија и Грција од најтесното наше опкружување, но и сите држави што произлегоа од распадот на поранешна Југославија (Црна Гора, БиХ, Хрватска и Словенија). Суспензијата на Русија беше иницирана од САД и од Велика Британија по обелоденување на масакрот во Буча. Против гласаа 24 земји – Белорусија, Русија, Кина, Северна Кореја, Иран, Алжир, Боливија, Бурунди, ЦАР, Конго, Куба, Еритреја, Етиопија, Габон, Казахстан,…

Read More

Украина доби околу 25.000 противвоздушни системи од САД и нивните сојузници, што му помогна на официјален Киев да не дозволи Русија да доминира во воздухот, изјави денеска началникот на здружениот Генералштаб на вооружените сили на САД, генерал Марк Мили. Тој додаде дека САД и сојузниците на НАТО ѝ испорачале 60.000 противтенковски системи на Украина. „Украинците се исклучително благодарни за тоа“, нагласи Мили во обраќањето пред Комитетот за вооружени сили на американскиот Сенат.

Read More

Претседателката на Европската Kомисија (EK), Урсула фон дер Лајен в петок ќе престојува во посета на украинскиот главен град Киев, каде меѓу другите ќе се сретне со претседателот Володимир Зеленски. Таа ќе биде придружувана од шефот за надворешни работи на ЕУ, Жосеп Борел. Европската Комисија претходно објави дека посетата ќе биде оваа недела, но не го наведе точниот ден. Фон дер Лајен ќе биде првиот западен лидер што ќе ја посети Украина по разоткривање на злосторствата врз цивили во киевското предградие Буча. Во средината на март, премиерите на Полска, на Словенија и на Чешка отпатуваа за Киев со воз. Минатата…

Read More

„Атлантик Траде Скопје“ ДОО Скопје, како дистрибутер на асортиманот на производи на компанијата „Фереро“ во земјава, на барање на производителот започна со превентивно повлекување на неколку серии на производите „Шоко бонс“ (46 гр. и 125 гр.) и „Сарпрајс макси“ (100 гр.) од брендот „Киндер“. Повлекувањето, како што посочуваат од „Атлантиц Траде Скопје“ ДОО Скопје, се однесува само на наведените производи што се произведени во Белгија, со следните лот броеви на пакување: Киндер surprise макси 100G L006LZB-NR, Киндер surprise макси 100G L330RZB-MJ, Kиндер шоко бонс 46G L293RZD-KX, Kиндер шоко бонс 46G L328RZD-MI, Kиндер шоко бонс 46G L336RZD-MU, Kиндер шоко бонс 125G…

Read More

Деведесет и три земји денеска гласаа за суспендирање на Русија од Советот за човекови права на ОН поради злосторствата во киевското предградие Буча и други места во Украина. Единствениот друг актуелен член на Советот за човекови права на кој му беше суспендирано членството беше Либија во 2011 година, кога силите лојални на Моамер Гадафи насилно ги разбија антивладините демонстранти.

Read More

Првиот авион кој доставува нуклеарно гориво од Русија слета во Унгарија, што е дозволено бидејќи тоа е изземено од санкции, напиша унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто на Фејсбук. Унгарија има нуклеарна централа во Пакс, проектот за нејзино проширување беше доверен на рускиот нуклеарен гигант „Росатом“ во 2014 година. Авионот на пат до Унгарија го прелета Белорусија, Полска и Словачка. „Транспорот на нуклеарно гориво претхподно се реализираше со железница преку Украина, но тоа сега не е возможно поради војната“, додаде Сијарто.

Read More

Поднесени се кривични пријави против три лица кои на 12 февруари оваа година на ГП „Табановце“ прикажале фалсификувани антиген тестови, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „Регионалниот центар за гранични работи „Север“ поднесе кривична пријава против Д.Г. (57) од Кочани, С.Б. (53) и М.П. (62), и двајцата од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, посочуваат од МВР.

Read More

Црногорското Министерство за надворешни работи прогласи уште четворица дипломати од Амбасадата на Русијa во Подгорица за персона нон грата. Тие имаат рок од седум дена да ја напуштат државата. „На рускиот амбасадор денеска му беше врачена официјална нота за оваа одлука, со која се одредува рок од седум дена за напуштање на територијата на нашата земја. Министерството ја донесе споменатата одлука врз основа на оценката на релевантните безбедносни тела во Црна Гора за активностите на руските дипломати и член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи“, се наведува во соопштението на црногорското МНР. Министерството на почетокот на март, врз основа…

Read More

Српската Влада денеска донесе Заклучок со кој се одобрува извоз на пченица и пченка во Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград. „Владата на Србија донесе Заклучок со кој се одобрува извоз на меркантилна пченица и меркантилна пченка на правни лица кои ги извезуваат овие производи во Република Северна Македонија врз основа на договори склучени пред влегувањето во сила на Одлуката за привремена забрана за извоз на основни земјоделско-прехранбени производи“, се наведува во соопштенито на српската Влада по одржување на денешната седница. Овој заклучок овозможува реализација на веќе договорени деловни аранжмани меѓу компании од Република Србија и регионот. Тоа,…

Read More

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров денеска нагласи дека нацрт мировниот договор што Киев ѝ го предложи на Москва содржи „неприфатливи“ елементи. Тој додаде дека Русија, сепак, ќе продолжи со преговорите и ќе работи на исполнување на сопствените безбедносни барања. „Мировните разговори меѓу Москва и Киев не напредуваат толку брзо како што се посакува“, рече Лавров, обвинувајќи го Западот дека се обидува да влијае со привлекување внимание на наводните воени злосторства за кои Москва негира одговорност. „Украина во средата предложи мировен договор што отстапува од претходно договорените предлози од двете страни. Оваа неможност повторно да се постигне договор ги…

Read More

Европскиот парламент побара од Европската Унија да воведе уште поостри санкции против Русија, вклучително и целосен прекин на увозот на енергенси од таа земја, како и вклучување на Белорусија, која е сојузник на Кремљ. Во резолуцијата што беше усвоена денеска со 513 гласа „за“, 22 „против“ и 19 воздржани, европратениците повикаа на дополнителни санкции за Русија, вклучително и „целосно ембарго за увоз на руска нафта, јаглен, нуклеарно гориво и гас што е можно поскоро“. Тоа треба да биде придружено со план за гарантирање на безбедноста на снабдување со енергија во ЕУ, како и стратегија за „запирање на санкциите доколку Русија…

Read More

Воениот сателит Космос-2554 е лансиран во орбитата од космодромот „Плесецк“ според планираниот временски распоред, соопшти денеска руското Министерство за одбрана. Сателитот Космос-2554 е лансиран од борбениот тим на Воздухопловно-вселенските сили, а вселенските трупи се испорачани до целната орбита според предвидениот временски распоред и ставени под контрола на Главниот испитен вселенски центар на Воздухопловно-вселенските сили „Титов“, Со сателитот, како што наведуваат руските медиуми, е воспоставена телеметриска комуникација (комуникација во реално време) и дека инсталираните системи работат без пречки.

Read More