Author: Sashko

Судот во Москва ја прогласи „Мета“, во чија сопственост се Фејсбук, Инстаграм и Ватсап, за „екстремистичка организација“ и забрани нејзина работа во Русија. Руското државно Обвинителство прецизира дека корисниците на Фејсбук и на Инстаграм нема да се казнуваат ако продолжат да ги користат мрежите преку „обиколници“. Мерките за забрана, сепак, нема да се однесуваат на Ватсап, бидејќи Обвинителството оцени дека таа апликација за допишување нема функција за „јавно ширење на информации“. Обвинителството побара означување на „Мета“ за „екстремистичка организација“, откако се дозна дека Фејсбук и Инстаграм привремено им дозволија на корисниците во некои земји да можат да повикуваат на насилство…

Read More

Истрагата против лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер, Бојко Борисов за злоупотреба на 30 милиони евра е отпочната по пријава на бизнисменот Васил Бошков, порачаа властите во Софија. Борисов синоќа беше приведен од бугарската полиција, денеска треба да биде сослушан, а до крајот на денот ќе се знае дали против него ќе биде покренато обвинение и ќе биде побаран притвор. Приведувањето на Борисов е во рамки на обемната операција на бугарските власти во соработка со Европското јавно обвинителство во која се „чешлаат“ 120 досиеја. И додека членови и симпатизери на ГЕРБ денеска излегоа на протест во Софија на кој испорачаа…

Read More

Русија денеска одбележува годишнина од анектирањето на Крим во 2014 година. Централната манифестација е на стадионот „Лужники“ во Москва на кој се одигра и големото финале на Светското првенство во фудбал во 2018 година. Преполниот стадион, кој патем е храм и на фудбалскиот клуб Спартак Москва, е во исчекување на голем концерт, а до неговиот почеток имаа прилика и во живо да го слушнат претседателот Владимир Путин кој имаше обраќање за настаните пред осум години во Украина, но и за тековните кои ги опиша како „специјална воена операција“. Moscow’s Luzhniki stadium, which hosted the World Cup final in 2018, is…

Read More

Велика Британија и САД, но и локални политичари, со реакции на изјавата на рускиот амбасадор во БиХ, Игор Калабухов дека „Русија ќе реагира во случај на прием на БиХ во НАТО“. Иако состојбата во БиХ е загрижувачка, сепак, таа е политичко прашање, а не безбедносна криза, рече британскиот пратеник за Западен Балкан, Стјуарт Пич во разговор за Хина. Но, тој додаде дека војната во Украина е предизвик кој не смее да се прелее на просторот на Балканот. Пич го поздрави неодамнешното зголемување на бројот на војници на ЕУФОР од 600 на 1.100 и таквиот потег на меѓународната заедница, според него, е…

Read More

Европскиот парламент од денеска забрани влез во просториите за дипломати од Русија и од Белорусија. „Од денеска на дипломатскиот и на владиниот персонал на Русија и на Белорусија им е забранет влез во просториите на Европскиот парламент“, напиша Роберта Мецола на Твитер. „Во Домот на демократијата нема место за оние кои бараат да го уништат демократскиот поредок“, додаде претседателката на Европскиот парламент.

Read More

Канцеларијата за човекови права на Обединети нации (ОХЦХР) соопшти дека најмалку 816 цивили се убиени, а 1,333 се повредени во Украина од почетокот на конфликтот на 24 февруари. Вистинскиот број на загинати е веројатно значително поголем. ОХЦХР, која има голем мониторинг тим во земјата, сè уште не може да ги потврди извештаите за жртвите од тешко погодените градови како Мариупол. „Поголемиот број од жртвите настрадале од експлозиви, гранатирање од тешка артилерија и ракетни системи како и ракетни и воздушни напади“, се истакнува во извештајот на ОХЦХР.

Read More

На предлог на надлежните бугарски органи, а во координација со премиерот Кирил Петков, Бугарија денеска прогласи 10 руски дипломати за персона нон грата, давајќи им рок од  72 часа да ја напуштат земјата, соопшти бугарското МНР. Како што јави дописникот на МИА од Софија, заменик-министерот за надворешни работи, Васил Георгиев ѝ врачил вербална нота на руската амбасадорка, Елеонора Митрофанова. Според информациите, посочените дипломати, вработени во Амбасадата на Руската Федерација во Софија, на територијата на Република Бугарија извршувале активности неспоиви со Виенската конвенција за дипломатски односи. Руската амбасадорка Митрофанова коментира дека овој чин на бугарските власти го смета за крајно непријателски…

Read More

Украинската пратеничка Лесја Василенко вели дека рускиот претседател Владимир Путин сака да изгради царство какво што не е видено досега, а инспирација за тоа црпи од Сталин и од Хитлер. Затоа, нагласува таа, „колку поскоро биде задржан внатре во Русија, толку подобро за целиот свет“. „Путин нема да запре во Украина. Неговите омилени новинари пишуваат за одење натаму и создавање на големо царство во Европа. Целта на Путин е да изгради царство, поголемо од што видел светот досега“, вели Василенко. Таа смета дека Путин ќе продолжи со инвазијата и врз други европски земји, пренесува „Скај њуз“, а моментната ситуација во…

Read More

Руската војска и нејзините сепаратистички сојузници водат борби во центарот на Мариупол, стратешки важен пристаништен гран на југот на Украина, соопшти Министерството за одбрана на Русија. „Единиците на Народна Република Доњецк со поддршка на руските вооружени сили го стегаат обрачот околу Мариупол и се борат против националистите во центарот на градот“, изјави портпаролот на руското МО, Игор Конашенков. Мариупол е опколен од руските сили и претставува еден од најжестоко бомбардираните градови од почетокот на руската инвазија на Украина. Покрај борбите во центарот на Мариупол, на социјалните мрежи се споделуваат и снимки од целосно уништен трговски центар во градот за кои…

Read More

„Би-Би-Си“ пренесува дека две лица загинаа во гранатирање на градот Краматорск, на истокот на Украина. Регионалниот гувернер Павло Кириленко рече дека најмалку шест лица се повредени во нападот на станбен блок и управна зграда. Тој сподели и снимки, чија автентичност не може да се потврди, а на кои се гледа експлозија на голема огнена топка во градот во момент на удар на ракета, проследена со голем облак од црн чад.

Read More

Познатиот руски новинар и поранешен политичар, Александар Невзоров ги окарактеризира случувањата и опсадата на украинскиот град Мариупол како „тероризам“. „Не можам повеќе да молчам. Она што се случува во Мариупол е тероризам“, објави Невзоров преку платформата „Телеграм“ што ја објавува телевизијата „Ал Џезира“. Руските медиуми објавуваат дека руските сили ја „ослободуваат Украина од ултранационалистите и неонацистите, додека припадници на баталјонот Азов ги држат во заложништво граѓаните и цивилното население во Мариупол“. „Дали е ослободување кога убиваме стотици цивили за да ликвидираме десетина војници“, пишува Невзоров забележувајќи дека после објавувањето на неговата порака најверојатно ќе мора да ја напушти Русија.

Read More

Пред зградата на бугарската Влада денеска се одржа мирен протест за поддршка на лидерот на најголемата опозициска партија во земјат ГЕРБ и поранешен премир, Бојко Борисов, јави дописникот на МИА од Софија. На приврзаниците на ГЕРБ се придружија и членовите на пратеничката група на партијата со барање за оставка на владата, итно ослободување на Борисов од притвор и предвремени избори во Бугарија. Локалните медиуми забележаа дека ова е прв протест на партијата,  откако е во опозиција. Сообраќајот во реонот на бугарската Влада беше блокиран, а имаше зголемено полициско обезбедување. Протестот потоа се пресели пред зградата на бугарското МВР. Лидерот на…

Read More