Познатиот руски новинар и поранешен политичар, Александар Невзоров ги окарактеризира случувањата и опсадата на украинскиот град Мариупол како „тероризам“.

„Не можам повеќе да молчам. Она што се случува во Мариупол е тероризам“, објави Невзоров преку платформата „Телеграм“ што ја објавува телевизијата „Ал Џезира“.

Руските медиуми објавуваат дека руските сили ја „ослободуваат Украина од ултранационалистите и неонацистите, додека припадници на баталјонот Азов ги држат во заложништво граѓаните и цивилното население во Мариупол“.

„Дали е ослободување кога убиваме стотици цивили за да ликвидираме десетина војници“, пишува Невзоров забележувајќи дека после објавувањето на неговата порака најверојатно ќе мора да ја напушти Русија.