Author: Sashko

Европскиот совет денеска донесе одлука за целосно суспендирање на договорот за визно олеснување меѓу ЕУ и Русија. Од следната недела за руските граѓани ќе важат општите правила на визниот законик, што ќе резултира со зголемување на таксата за аплицирање за виза од 35 на 80 евра, потреба од поднесување дополнителна документација, продолжување на времето за обработка на визата и рестриктивни правила за издавање визи за повеќе влезови. Чешкиот министер за внатрешни работи, Вит Ракушан рече дека денешната одлука е директна последица на постапките на Русија и доказ за европската посветеност кон Украина. „Договорот за визно олеснување обезбедува привилегиран пристап до…

Read More

Британската Влада денеска официјално прогласи почеток на периодот на национална жалост за кралицата Елизабета Втора со „насоки за национална жалост“. Во документот со упатства за веење знамиња, информации за патување и други деловни и јавни услуги, се наведува дека жалоста ќе трае до крајот на денот на државниот погреб. Владата соопшти дека нема обврска за откажување или одложување спортски и други настани и затворање на места за забава во тој период, додавајќи дека тоа е дискреционо право на поединечни организации. Бакингемската палата претходно соопшти дека периодот на жалост на британското кралско семејство за кралицата Елизабета Втора ќе трае од сега до седмиот…

Read More

Американскиот универзитет на Европа-ФОН денеска, на свечена церемонија, му додели титула почесен доктор или „Doctor Honoris Causa“ на Илхан Ќучук, европратеник и известувач на Европскиот парламент за Република Северна Македонија. Ко-сопственикот на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, Сефер Цаноски пред присутните гости, честитајќи му ја титулата почесен доктор на европратеникот Илхан Ќучук, истакна дека ова признание му се доделува на млад човек којшто со својот потенцијал секојдневно ги покажува европските вредности. Според Цаноски, Ќучук е пример како треба да се размислува колективно за доброто на сите. „Емпатијата, работата и секојдневниот труд кој го вложува во својата кариера, поттикната со…

Read More

Италија секогаш давала и ќе продолжи да дава силна поддршка на Северна Македонија на патот кон Европа. Создавањето на услови за неодамнешниот почеток на преговорите со Брисел претставува успех на кој оправдано треба да сте горди, во очекувањето да се достигне крајната цел за полноправно членство во ЕУ, како што впрочем се случи со вашата одлука да се приклчучите кон НАТО, рече претседателот на Италија, Серџо Матарела во неговото денешно обраќање во Собранието на Северна Македонија, Според Матарела, местото на Северна Македонија е во Европа заради вредностите, историјата и културата. Тој во своето обраќање посочи дека пријателството меѓу Италија и нашата…

Read More

Со големо задоволство ја следевме информацијата во јули конечно да почнат преговорите за влез на Северна Македонија во Европската Унија (ЕУ). Тоа што е со задоцнување, за жал, не беше разумно, но одлуката да почнат преговорите, сепак, го наградуваат напорот што ЕУ го направи кон Северна Македонија, истакна претседателот на Италија Серџо Матарела кој е во официјална посета на државава. На заедничката прес-конференција со претседателот Стево Пендаровски, Матарела рече дека тоа е потврда на заложбата на Северна Македонија и на сите земји кои, како што рече, со одлучност ја поддржуваа, како што тоа го направи Италија. „Сакам јавно да подвлечам…

Read More

Освоивме повеќе од 1.000 квадратни километри територија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Нашите херои веќе ослободија десетици населени места. И денеска продолжи напредувањето, има нови резултати. Од 1 септември вкупно се ослободени повеќе од илјада квадратни километри од нашата територија“, рече Зеленски во синоќешното обраќање. Тој потврди дека Украина ќе добие 675 милиони долари воена помош од САД и една милијарда долари од пакетот составен од голем број европски земји. „Секој од овие чекори на нашите партнери навистина влијае врз силата на нашата земја и на цела Европа во одбраната од рускиот терор“, рече тој.

Read More

Предложеното ограничување на цената на рускиот гас е спротивно на интересите на Европа и на Унгарија, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто пред вонредниот состанок на министрите за енергетика на ЕУ. „Планот со кој ќе се воведе ограничување на цената само за рускиот гас преку гасоводот е целосно против европските и унгарските интереси“, рече Сијарто во видео снимка на Фејсбук. Тој додаде дека тоа веднаш ќе доведе до прекин на испораките на руски гас и дека „не е потребна Нобелова награда за да се сфати тоа“. „Ова утро ќе дадеме се од себе за Брисел конечно да…

Read More

Австрија во моментот не може да гласа за предлогот на Европската комисија за воведување ограничувања на цената на рускиот гас, соопшти Министерството за енергетика на Австрија по повод состанокот на министрите за енергетика на ЕУ. Министерството соопшти дека се работи, пред сè за санкции, а не за енергетско политичко прашање. „Колку и да е болно, ние сепак сме зависни од рускиот гас“, нагласува Виена. Првите предлози на Европската комисија беа оцени од Министерството како чекори во вистинска насока. Министерката за енергетика Леоноре Гевеслер на средба со колегите од земјите членки на ЕУ ќе побара да се намали цената со паметни…

Read More

Периодот на жалост на британското кралско семејство за кралицата Елизабета Втора ќе трае од сега до седмиот ден по погребот, соопшти Бакингемската палата. Датумот на погребот на кралицата сè уште не е потврден. „По смртта на Нејзиното Височество Кралицата, желбата на неговото височество кралот е од сега до седум дена по погребот на кралицата да се почитува период на кралска жалост“, се вели во соопштението. Одделно од националната жалост, која се очекува владата да ја прогласи денеска, кралската жалост треба да ја почитуваат „членовите на кралското семејство, персоналот на кралското домаќинство и претставниците на кралското домаќинство на службени должности, заедно со трупите посветени на церемонијалните должности“. Знамињата на…

Read More

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, објави видео на кое се гледа како украинските војници известуваат за извршување на наредбата за ослободување од руските агресори, на градот Балаклија во регионот Харкoв. Видеото е објавено на профилите на претседателот Зеленски на социјалните мрежи, пренесува агенцијата Укринформ. „Сè е на свое место. Знамето на Украина е во слободен украински град под слободното украинско небо! Ви благодарам! Се гордеам со вас! Грижете се! До победата! Слава на Украина!“ напиша Зеленски. Како што е соопштено, вооружените сили на Украина ослободиле повеќе од 20 населени места во регионот Харков. Вкупно, повеќе од 700 квадратни километри се ослободени…

Read More

На церемонија со највисоки државни и воени почести, претседателот Стево Пендаровски денеска го пречека претседателот на Италија, Серџо Матарела, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Како што соопшти прес-службата на Кабинетот напретседателот, Пендаровски и претседателот Матарела одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на двете делегации. https://www.youtube.com/watch?v=Xgob-vt_Vcc Во фокусот на разговорите се севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Италија, политиката на проширување на Европската Унија, сојузништвото во НАТО и безбедносните предизвици во регионот и во Европа. Претседателот Пендаровски, изразувајќи задоволство од традиционалниот интерес и континуираната јасна и безрезервна поддршка на Италија за македонските евроинтеграции, порача…

Read More

Холандски брод потона денеска во Северното Море во близина на Данска по судир со друг брод, соопшти данската морнарица, наведувајќи дека нема жртви. Седум членови на екипажот на бродот „Хелге“ скокнале во морето и биле спасени со хеликоптер. Не се познати деталите за судирот на бродот „Хелге“, долг 89 метри и поголемиот брод „Дивиот Космос“, кој плови под знаме на Бахамите. Судирот бил на 37 километри од западниот брег на полуостровот Јитланд. Данската морнарица испрати неколку бродови и два хеликоптера на местото на настанот. Спасените членови на екипажот на холандскиот брод се префрлени во болница.

Read More