Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Прес-конференција на лидерите на Самитот Отворен Балкан. https://www.youtube.com/watch?v=F1gTZDJIfL4
Mинистерката за одбрана Славјанка Петровска, на денешната седница на Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Северна Македонија, ги запознала членовите со Информацијата и потребата на Армијата за набавката на современ систем за противвоздушна одбрана. „Станува збор за унапредување на системот за борбена готовност на Армијата во насока на остварување на основната задача за одбрана на независноста и територијалниот интегритет и суверенитет на државата, за чија цел Министерството за одбрана пристапува кон набавка на современ систем за противвоздушна одбрана, а за кој ќе склучи договор со Министерството за одбрана на Република Франција“, стои во соопштението од МО. Станува…
Државниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ поднесе оставка на функцијата од лични и здравствени причини. Како што соопшти Министерството за одбрана, Николиќ беше државен секретар во одбраната повеќе од пет години, од 28 јуни 2017 до 1 септември 2022 година. „Во периодот кога Николиќ беше поставен на оваа висока функција во Министерството, Република Северна Македонија стана полноправна членка на Алијансата, а во рамки на институцијата беа направени значајни чекори во однос на подобрувањето на условите за работа и статусот на припадниците на Армијата, а беа започнати и досега најголемите процеси на модернизација и опремување“, се вели во соопштението.…
Услов на бугарската влада за поддршка на отворање и затворање на поглавјата со Европската Унија (ЕУ) е Северна Македонија во целост да ги исполни одредбите од Договорот од 2017 година, во кој многу важен дел се историските прашања, изјави новиот бугарскиот амбасадор во Вашингтон, Георги Панајотов во интервју за „Гласот на Америка“. Според медиумот, амбасадорот изјавил дека Мешовитата комисија составена од македонски и бугарски историчари ќе мора да ги реши сите периоди од заедничката историја пред Северна Македонија да влезе во Европската Унија. „Многу важен дел од Договорот од 2017 година е билатералната Комисија за историски и образовни прашања и нејзината…
Вооружените сили на Украина ги натераа руските трупи да се повлечат во правците Славјанск, Бахмут, Новопавливка и Авдиивка, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина преку објава на Фејсбук, пренесува агенцијата „Укринформ“. Русите продолжуваат со воздушни и ракетни напади врз воени и цивилни објекти Состојбата останува непроменета во правците Волин и Полисија. Единиците на белоруската армија продолжуваат да ја извршуваат задачата за зајакнување на заштитата на делот од белоруско-украинската граница во регионите Брест и Гомел. „Останува заканата дека непријателот ќе изврши ракетни и воздушни напади од територијата и воздушниот простор на Белорусија“, се вели во извештајот. „Во североисточниот правец, непријателот држи посебни…
На ЕСМ од вчера доби на располагање 3,1 милијарда денари или околу 50 милиони евра за зголемување на производството и обезбедување на дополнителни количини на електрична енергија. Компанијата апелира да се почитуваат мерките за штедење струја. Секој заштеден киловат час, укажува ЕСМ, ќе значи помалку трошење јаглен, мазут и гас. И државата повикува да се почитуваат мерките за штедење електрична енергија. Воедно информира дека за справување со енергетската криза се обезбедени над 100 милиони евра. „На ЕСМ ѝ се ставаат на располагање 3,1 милијарда денари за да го зголеми производството и да обезбеди дополнителни количини на електрична енергија. Финансиската поддршка…
Конфликтот во Украина, намалување на последиците од кризата, енергетската безбедност, како и безбедноста на храна и вода ќе бидат во фокусот во претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, порача министерот за надворешни работи, Бујар Османи од Виена при презентација на приоритетите на нашето претседавање со Организацијата. „Претседавањето предиспонира лидерство и ние ќе се погрижиме да ја истражиме секоја авенија што води до консензус. Сепак, решенијата и напредокот зависат од сите нас. Единствениот пат напред е да се потпреме на ефективна мултилатералност водени од решенија, засновани на почитување на основните принципи кои лежат во срцето на нашата организација.…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска се обрати на официјалното отворање на Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“ во Белград. Саемот се одржува со покровителство на Република Северна Македонија, Република Србија и Република Албанија од 1 до 4 септември. https://www.youtube.com/watch?v=wJc_VDJw0-g&t=174s div dir=”auto” role=”none”> Во продолжение е интегралното обраќање на премиерот Ковачевски. „Почитувани Александар и Еди – претседател на Република Србија, премиер на Република Албанија, почитувана Ана Брнабиќ, почитуван мој пријател Дритан Абазовиќ, премиер на Црна Гора. Почитувани министри од Србија, Албанија, Северна Македонија, Почитувани претседатели на стопански комори, почитувани…
Косовскиот премиер Албин Курти, на денешната промоцијата на заедничкиот буквар за првооделенците во Косово и во Албанија, изјави дека албанскиот народ знае оти „обединувањето (на двете држави) е неопходно“, јави дописникот на МИА од Приштина. На церемонијата по повод промоцијата на букварот, одржана во Ѓаковица, Курти изјави дека „судбината на албанското училиште е иста“ со онаа на албанскиот народ и изрази задоволство поради тоа што „една нова албанска генерација го започнува патот на знаењето со еден буквар“. „Нашиот народ знае дека обединувањето е неопходно за севкупното добро на нацијата, за неговото чекорење напред. Како и во разни историски периоди, кога…
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски вели дека институцијата во целост ги следи препораките од Владата за штедење на електрична енергија што од денеска стапија на сила. -Денеска дојдов по скали на работа, имам проблеми со тежината и планирам да ја намалам. Како што гледате, светлото е ограничено, немаме пуштено ладење, така што апсолутно сите мерки коишто се за штедење ќе ги преземеме и тие се мерки коишто не ги презема само Македонија, ги преземаат и соседните земји, земји од ЕУ. Сметам дека целата јавност треба малку посериозно да се однесува кон овие мерки…
Денеска се отвори првиот меѓународен саем за вино, за храна и за туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“ во рамките на Самитот Отворен Балкан во следните четири дена во Белград, под покровителство на Србија, Северна Македонија и Албанија. На Саемот учествуваат над 330 изложувачи од 22 земји, а Северна Македонија ќе ја претстави својата традиција, обичаи, карактеристичната кујна, музика и фолклор, како и обележјата и вредностите на сите други заедници кои живеат во земјата. Под слоганот „Вкуси го животот”, нашата земја ќе се претстави, пред сѐ, со 42 винарии и три дестилерии кои пред посетителите ќе презентираат повеќе од 300…
Огревното дрво на ЈП „Национални шуми“ се продава по 20 проценти повисока цена, откако стапи во сила одлуката на УО на претпријатието од 21 јули годинава за која вчера е добиена согласност од Владата. „Управниот одбор на ЈП Национални шуми на 21 јули донесе одлука за зголемување на цените на главните шумски производи и за таа одлука чекавме согласност од Владата и ја добивме на 31 август. Национални шуми од вчера веќе ги продава своите производи со повисоки цени за 20 проценти од досегашните“, изјави за МИА в.д. директорот на ЈП „Национални шуми“, Валентин Груевски. Огревното дабово дрво, што најмногу…