Author: Sashko

Владата на денешната 132-ра седница, согласно Законот за извршување на Буџетот за 2022 година, донесе Програма за зелен развој со која се утврдени дополнителни 670 милиони денари за реализација на проекти од областа на енергетиката, со цел надминување на состојбата со енергетската криза. Како што соопшти владината прес-служба, овие дополнителни средства ќе бидат наменети за производство и обезбедување на дополнителни количества на електрична енергија од обновливи извори на енергија за надминување на енергетската криза. На оваа седница Владата го задолжи министерот за локална самоуправа Горан Милевски, заедно со претседателот на Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата од…

Read More

Поради снежни врнежи, вечерва од 21 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки моторни возила на магистралниот пат А-2 од село Узем до Граничниот премин „Деве Баир“. Како што информира АМСМ, забрана за сообраќај за тешки моторни возила вечерва има и на планинскиот превој Плетвар.

Read More

Регулаторната агенција за лекови на Европската Унија (ЕУ) изрази сомнеж за потребата од четврта доза на вакцина против коронавирусот и порача дека моментно нема податоци што поддржуваат таков пристап, бидејќи се потребни повеќе информации за брзорастечкиот сој Омикрон. Додека користењето на дополнителни бустери може да биде дел од резервните планови, повторните вакцинирања во кратки временски интервали не би претставувале оддржлива стратегија на долг рок, рече на брифинг за медиумите, Марко Кавалери, раководител на стратегијата за вакцинирање на Европската агенција за лекови (ЕМА). Тој изрази загриженост дека стратегијата за давање на бустер дози на секои четири месеци, потенцијално претставува ризик од…

Read More

Серија земјотреси вечерва се регистрирани во епицентралното подрачје меѓу Битола и Лерин, од кои најсилниот потрес бил во 18:44 часот со интензитет од 4 степени според Рихтеровата скала. Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентрите на сите потреси биле во реонот на околу 120 километри јужно од Скопје, на територијата на Грција во близина со границата со земјава. Најсилниот од овие земјотреси на територијата на Битола и околината бил почувствуван со интензитет од IV до V степени според Европската макросеизмичка скала. Претходно, Сеизмолошката опсерваторија соопшти дека во истото подрачје во 16:14 часот бил регистриран земјотрес со…

Read More

Вчерашното заседание на Консултативниот совет за национална безбедност што го свика претседателот на Бугарија, Румен Радев, претставуваше навремена и корисна дискусија, оцени денеска бугарскиот премиер Кирил Петков, најавувајќи дека уште во текот на овој месец ќе ја посети земјава. Според Петков, како што јави дописникот на МИА, заседанието на Советот покажало дека сите негови учесници имаат заедничка цел – надминување на застојот во односите на Бугарија со Република Северна Македонија и давање нов почеток во стремежот кон добрососедство. Петков, кој се наоѓа во изолација поради контакт со лице заболено од ковид-19, во видео обраќање, најави дека бугарската Влада ќе почне…

Read More

Одлуките на здравствените власти на Република Бугарија за самоизолација на дел од владиниот Кабинет на премиерот Кирил Петков, нема да ја променат претходно договорената рамка за посета на високата бугарска владина делегација на Скопје, соопшти денеска Министерсвото за надворешни работи (МНР). Како што се наведува во информацијата на МНР, терминот 18 јануари, вторник, останува како утврден датум за реализација на посетата, која се очекува да соодветствува и со изборот на новата Влада во земјава. Одлуката, како што се наведува во соопштението, е донесена по денешните консултации меѓу двете министерства за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија. Прес-службата на бугарската…

Read More

Ми беше чест што изминатите 13 месеци бев специјален претставник на Владата за односите со Бугарија. Бев именуван, две недели по блокадата на Бугарија во исклучително сложени околности. Беше нарушена меѓусебната доверба и преовладуваше говорот на омраза, изјави за МИА досегашниот специјален претставник на Владата на РСМ за Република Бугарија, Владо Бучковски. И во вакви неповолни околности, дадов сè од себе да не замре дијалогот и да не дојде до натамошна негативна ескалација во односите меѓу двете држави. Еден мој пријател од Софија, често ми велеше „ти си тука чуварот на огнот, не дозволуваш да се изгас, огнот кој ја…

Read More

Владата предлага да ја субвенционира цената на топлинската енергија за домаќинствата во Скопје во висина од 80 отсто, а останатите 20 проценти да ги покријат Градот и скопските општини, со што трошоците за топлинска енергија на домаќинствата ќе останат непроменети, информираa денеска на прес-конференција министерот за економија, Крешник Бектеши и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски. Министерот Бектеши нагласи дека Владата, во координација со сите надлежни институции од енергетскиот сектор и по консултации со Регулаторната комисија за енергетика, им предложила на компаниите кои имаат лиценца за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, разликата од актуелната до…

Read More

Министерот за економија, Крешник Бектеши на денешната прес-конференција информираше дека утре ќе биде поништена лиценцата за туристичка дејност на туристичката агенција „Беса транс“, со чиј автобус се случи сообраќајната несреќа во Бугарија во која животот го загубија 46 лица. Бектеши соопшти дека денеска во Министерството за економија пристигнал извештајот од Инспекторатот за труд што се однесува на лиценцата за туристичка дејност на туристичката агенција „Беса транс“, според кој има разлика во сите информации за лиценцата кои што ги има таа агенција за транспорт. Министерот додаде дека на барање на Министерството за економија, Пазарниот инспекторат ќе направи дополнителна контрола на условите…

Read More

Владо Бучковски е разрешен од функцијата специјален претставник за Бугарија. Одлуката е донесена на седница во Владата по предлог на Комисијата за именување. Универзитетскиот професор и екс премиер ја презеде функцијата во декеммври во 2020 година, мандат што му беше продолжен минатиот месец. Засега нема образложение за ваквата владина одлука. Назначувањето на Бучковски беше во насока на обидите за решавање на спорот со соседна Бугарија и да се создаде атмосфера за реализација на прашањата од интерес на двете земји опфатени со Договорот за пријателство и добрососедство.

Read More

Првата победа во сезонава во шпанското фудбалско првенство на Леванте изминатиот викенд над Мајорка (2:0), во која Енис Барди учествуваше со асистенција при водечкиот гол, на македонскиот репрезентативец му донесе место во тимот на 20. коло во Ла Лига. Меѓу најдобрите единаесет се најдоа и клупските колеги на Барди, голманот Фернандез и дефанзивецот Везо. Тимот на 20-то коло во шпанското првенство го сочинуваат Фернандез, Бељерин, Везо, Алварез, Акуња, Моренте, Мерино, Барди, Винисиус, Бензема и Гарсија. Леванте е последнопласиран на табелата со 11 бода, седум помалку од зоната која носи опстанок во Ла Лига, а во следното коло на домашен терен…

Read More

Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од 4,5 степени регистрираше Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје попладнево во 16:14 часот во Грција. Епицентарот на земјотресот е во пограничното подрачје Битола – Лерин, на 120 километри јужно од Скопје. „Според досегашните податоци, земјотресот е најсилно почувствуван во градот Битола и околината со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала“, соопшти Опсерваторијата.

Read More