Поради снежни врнежи, вечерва од 21 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки моторни возила на магистралниот пат А-2 од село Узем до Граничниот премин „Деве Баир“.

Како што информира АМСМ, забрана за сообраќај за тешки моторни возила вечерва има и на планинскиот превој Плетвар.