Author: Sashko

На евентуална руска употреба на нуклеарно оружје во Украина, НАТО би требало да одговори со конвенционален, но уништувачки удар, изјави шефот на полската дипломатија Збигњев Рау за американската телевизија „Ен-Би-Си“. „Колку што ни е познато, претседателот на Русија, Владимир Путин се заканува дека ќе употреби тактичко нуклеарно оружје на територијата на Украина, а притоа не го напаѓа НАТО. Што значи дека НАТО е должен да одговори на конвенционален начин, но така што одговорот ќе биде разорувачки. И мислам дека сега НАТО ѝ праќа на Русија таков сигнал“, смета Рау, пренесуваат денеска дел од полските медиуми. Шефот на полската дипломатија ја…

Read More

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел предупреди дека се што зборува рускиот претседател Владимир Путин треба да се сфати сериозно. Во говор на свеченото отворање на фондацијата „Хелмут Кол“, таа нагласи дека тоа се однесува и на нуклеарните закани на Путин. „Сериозно сфатете ги зборовите. Немојте веднаш да ги отфрлате како блеф, туку сериозно да се соочите со нив. Тоа не е знак на слабост, туку доказ за политичко паметно дејствување“, нагласи таа. „Хелмут Кол би направил се за да ги зачува и заштити суверенитетот и интегритетот на Украина, но никогаш нема да го изгуби од вид и денот потоа“, истакна…

Read More

Вчера беше објавено дека руски гас истекува од двата „Северни тека“ во Балтичкото Море. Гасоводот е оштетен на три места, а „Норд Стрим АГД“, компанија која управува со мрежата, соопшти дека станува збор за штета без преседан. Властите на европските држави се сомневаат во саботажа на подводните инсталации кои станаа главно оружје на Кремљ во енергетската војна со Европската Унија (ЕУ). Инцидентот се случи во сенка на ескалацијата на руската агресија во Украина, во пресрет на почетокот на грејната сезона во Европа на 1 октомври и во пресрет на отворањето на алтернативниот гасовод од Норвешка до Полска, во истиот сектор…

Read More

Џорџа Мелони преку твитер вети целосна поддршка за Украина од новата италијанска влада. „Знаете дека можете да сметате на нашата лојална поддршка за каузата за слободата на украинскиот народ. Останете силни и одржувајте ја својата вера цврста!“, напиша Мелони на Твитер. Таа, исто така, остро ја осуди Русија и изминатите денови постојано повторуваше дека е на страна на Киев. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, исто така, преку Твитер ѝ честиташе на Мелони за изборната победа и ѝ се заблагодари на Италија за помошта поради руската инвазија врз Украина.

Read More

Претседателот Стево Пендаровски денеска упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во земјава по повод 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците. „Овој ден е еден од важните празници што го симболизираат богатството од етнички, верски, јазични и културни идентитети под македонското небо. Во нашата заедничка татковина, Република Северна Македонија, ние различноста на идентитетите ја разбираме не како слабост, туку како наша најголема сила и вредност. Оттука, одбележувајќи го Меѓународниот ден на Бошњаците, ние вложуваме во нишката на инклузивноста што ги држи различните етникуми заедно и во добро и во лошо“, стои во честитката. Шефот на државата посочува дека најголем…

Read More

Шефицата на Европската комисија (EK), Урсула фон дер Лајен, синоќа изјави дека протекувањето на гас од гасоводот „Северен тек“ во Балтичко Море е „чин на саботажа“. „Со данската премиерка Мете Фредериксен разговарав за чинот на саботажа на „Северен тек“, напиша Фон дер Лајен на Твитер. „Најважно е да се истражат инцидентите и целосно да се расветлат настаните и нивните причини. Секое намерно нарушување на активната енергетска инфраструктура во Европа е неприфатливо и ќе резултира со најсилен можен одговор“, напиша Фон дер Лајен на Твитер.

Read More

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во синоќешното обраќање повторно ги осуди референдумите на проруските власти во четири украински региони, нарекувајќи ги фарса. „Оваа фарса на окупираните територии не може да се нарече ниту имитација на референдум“, истакна Зеленски. Тој додаде дека Украина ќе го брани својот народ, кој сè уште живее под окупација во регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон и во делови од регионот Харков. „Ние напредуваме и ќе ја ослободиме нашата земја“, посочи Зеленски без да наведе детали од фронтот.

Read More

Американскиот амбасадор Кристофер Хил денеска за ФоНет изјави дека го видел Планот за консултации што го потпишаа министрите за надворешни работи на Србија и на Русија, Никола Селаковиќ и Сергеј Лавров и дека во него нема ништо посебно, туку дека Русија сака да ја оправда војната во Украина. Хил рече дека не знаеле што пишува во Планот за консултации што го потпишаа министрите за надворешни работи на Србија и на Русија на крајот од неделата на Генералното собрание на Обединетите Нации (ОН), но знаеле дека потпишувањето на договор со земја како Русија беше невообичаено и дека сакале појаснување. „Го видов…

Read More

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски соопшти дека леб, брашно, млеко и зејтин ќе има. „Леб, брашно, млеко и зејтин ќе има. Обезбедуваме доволно храна за сите граѓани“, истакна Николовски на прес-конференција откако претходно информира дека за млекопроизводителите се обезбедени уште 140 милиони денари поддршка, покрај основните и дополнителните субвенции. Николовски информира и дека на денешната седница која е во тек, Владата ја усвои новата Програма за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје во 2022 година. 

Read More

Ангела Агелар, на церемонија во Стејт департментот, положи заклетва како нова амбасадорка на САД во Република Северна Македонија, објави на фејсбук Американската амбасада во Скопје. „Амбасадорката Агелер е дипломат од кариера на Високата служба за надворешни работи, а до неодамна беше заменик-шеф на мисијата на САД во Пакистан каде што служеше како привремена в.д. амбасадорка. Претходно работеше и како советник за односи со јавноста во Амбасадата на САД во Париз, а извршуваше работни задачи и во Скопје, Њу Делхи, Ханој и Вашингтон“, се наведува во објавата на Американската амбасада. Во нејзината биографија, исто така, е запишано дека зборува македонски, француски…

Read More

Тетовската полиција информира дека е почната потрага по луѓе по водотекот на Вардар, откако околу 11:30 часот било пријавено дека патничко возило излетало од коловозот на мостот во Желино и паднало во реката.  „Констатирано е дека во реката Вардар е паднато возило „фолксваген голф 4“, со кумановски регистарски ознаки. Во возилото кое е пронајдено и ќе се извлекува од реката, засега не се пронајдени лица. На самото место се јавен обвинител, увидна екипа од СВР Тетово и други полициски службеници, кои ги пребаруваат водите на реката, а повикани ќе бидат и нуркачки екипи од МВР со цел да се пронајде…

Read More

Граѓаните да бидат внимателни при движење на локации во планинските пешачки зони на Водно каде може да наидат на диви свињи. При евентуална средба со дивите свињи граѓaните треба да бидат смирени, да не ги напаѓаат за да не ги предизвикаат, бидејќи при нивната одбранбена реакција може да ги повредат, изјави денеска Илија Бојаровски од Центарот за управување со кризи. Ако досега имало пријава само за контакт со диви свињи во високите шумски предели, сега, појасни тој, тие се појавуваат и во Скопје, како што е случајот со населбата Пржино, а и други населби на граница со природата во скопско.…

Read More