Author: Sashko

Вкупно 158 казни, меѓу кои 30 за возење над дозволената брзина, се изречени во засилената акциска контрола во сообраќајот што вчера ја спроведе Министерството за внатрешни работи (МВР) на територијата на град Скопје. Покрај тоа, како што информира МВР, изречени се и девет мерки за возење без возачка дозвола, осум за возење под дејство на алкохол и пет за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се и 18 мерки за користење мобилен телефон, 10 санкции за не користење сигурносен појас, осум мерки за не давање првенство на минување на пешаци, 37 за непрописно паркирање. Од МВР најавуваат дека и во…

Read More

Најмалку четири лица загинаа и околу 90 чекаат да бидат спасени, откако потона чамец со мигранти во Егејското Море, северно од грчкиот остров Антикитира, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми несреќата се случила вчера, а мигрантите преку европскиот број за итни случаи 112 побарале помош и рекле дека во едрилицата со која се превезувале имало околу 100 лица, по што започнала спасувачката акција на грчката крајбрежна служба. Биле извлечени четири безживотни тела, а околу 90 лица успеале да стигнат до мал карпест ненаселен остров каде што чекаат помош. Веројатно е дека чамецот тргнал од Турција, а крајната…

Read More

„Јунајтед ерлајнс“ и „Делта ерлајнс“ соопштија дека откажале десетици летови на Бадник, бидејќи ширењето на сојот Омикрон ги погоди нивните екипажи и други вработени. „Јунајтед“ со седиште во Чикаго за денеска откажа 120 летови, а Делта со седиште во Атланта околу 90. Двете компании соопштија дека контактираат со погодените патници за да избегнат метеж на аеродромите. Наглиот пораст на случаите со Омикрон директно влијаеше на нашите екипажи и на нашите оперативни менаџери. Како резултат на тоа, за жал моравме да откажеме некои летови и да ги информираме засегнатите патници пред да пристигнат на аеродром, соопшти „Јунајтед“. „Делта“ наведува дека „ги…

Read More

Собранието на Србија синоќа усвои сет закони од областа на образованието, меѓу кои се и измените на Законот за основите на образовниот систем со кои се дефинира – учебната година да започнува на 1 септември со химната на Србија. Во случај образовната институција да не ја изведе химната ќе треба да платат предвидени казни од 100.000 до милион динари (од 850 до 8.500 евра). Исто така, казна од 25.000 динари (212 евра) до 100.000 динари (850 евра) може да се казни и директорот на училиштето, односно одговорното лице. „Предложено е на почетокот на воспитно-образовната работа што се одвива во текот…

Read More

Во земјава досега се регистрирани вкупно 222.333 ковид-дијагностицирани лица. Новата варијанта омикрон забрзано се шири како во светот, така и во соседството, иако кај нас сè уште не е регистриран ниту еден случај. Според надлежните, вакцинацијата останува единствен излез од пандемијата, а за време на празниците не најавуваат нови дополнителни мерки. Министерот за здравство Венко Филипче најави оти ќе нема нови мерки за претстојните новогодишни и божикни празници, а, исто така, и затворање на дел од ковид центрите, додека Клиниката за интерни болести се враќа во нормала. Според Филипче, сегашните рестриктивни мерки во пресрет на новогодишните празници се доволни со…

Read More

Се наврши еден месец од автобуската несреќа во Бугарија, а бугарските истражни служби најавија дека резултатите од вештачењата (судско-медицинското, техничкото и пожарно-техничкото) би можело да бидат готови и до 25 декември. Според шефот на бугарската Национална истражна служба, Борислав Сарафов податоците покажувале дека брзината на автобусот најверојатно била несоодветна со условите на патот, а ноќта на инцидентот врнел дожд и коловозот бил влажен. Брзината на автобусот била прилично несоодветна со условите на патот. Мислам дека возел над 90 километри на час. Барањата за еден професионален возач на автобус се повисоки отколку за кој било друг возач, рече Сарафов. Тој нагласи…

Read More

Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска ќе го информира врховниот командат на вооружените сили и претседател на државата Стево Пендаровски за борбената готовност на Армијата во тековната 2021 година. На реферирањето, кое е редовна годишна обврска на началникот на Генералштабот, ќе биде презентирана состојбата во Армијата по функционалните области кои се однесуваат на персоналниот менаџмент, моралот, операциите во земјата и странство, обуката и вежбите, логистичкото обезбедување, планирање, врски и комуникации, буџетирање и цивилно-воена соработка, како и за трансформацискиот процес во Армијата.  На брифингот за борбената готовност најавено е присуство и на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, генералите во Армијата и членови од Кабинетот на претседателот.

Read More

Над 8.000 фалсификувани сертификати за вакцинација се издадени во швајцарскиот кантон Сент Гален, изјави регионален официјален претставник. Истрагата сега е фокусирана на група вработени кои работат во приватен центар за тестирање на ковид-19, бидејќи нивната работа им овозможила пристап до национален систем за сертификација за вакцинација. Осомничените ќе треба да платат одредена сума како казна или ќе се соочат со казна затвор до пет години. Оние кои платиле големи суми за лажни потврди за вакцинација добиле и казни или морале да платат одредена сума, велат од кантоналната управа. Фалсификуваните сертификати повеќе не се валидни. Со стапка на вакцинација од околу…

Read More

По четири и пол години на чело на Владата, Зоран Заев замина од премиерската функција. Неговата оставка беше констатирана вчера во Собранието, а потоа беше испратено формално известување до претседателот на државата со што почнуваат да течат уставните рокови за избор на нова влада. Според член 90 од Уставот, претседателот на државата е должен во рок од десет дена да го довери мандатот за состав на Влада на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Претседателот на државата Стево Пендаровски очекува доверувањето на мандатот да се случи следната недела. Тој синоќа во интервју за ТВ Канал 5…

Read More

Австралија ќе го намали временскиот интервал за примање на дополнителна доза на вакцина против ковид-19 на три месеци. Сега интервалот е пет месеци, но од 4 јануари истиот ќе биде намален на четири месеци, а од 31 јануари ќе биде три месеци, изјави австралискиот министер за здравство Грег Хант. Земјата повторно бележи рекорден број на новозаболени од сојот Омикрон.

Read More

Професор во средното училиште „Ибраим Темо“ во Струга денеска околу 13:30 часот повредил ученик со метален предмет. Момчето било примено на Хируршкото одделение со повреда на главата, потврди директорот на струшката болница, Арменд Арслани. Од одделението за Хирургија ме известија дека во 13:45 часот е примено дете со повреда на главата. Извршено е шиење и детето е пуштено на домашно лекување, изјави Арслани. Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, полицијата го привела сторителот, 57-годишен стружанец. „Во ОВР Струга е приведен Е.С. (57) од Струга, кој во средното училиште „Ибраим Темо“ го нарушил јавниот ред и мир и…

Read More

Директорот на меѓуградската автобуска станица во Приштина, Арианит Грезда информира дека објектот попладнево бил целосно евакуиран, поради сомневања за поставена експлозивна направа, објави „Газета експрес“. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Грезда изјави дека од станицата се евакуирани сите патници, како и тамошните вработени. Сите сме излезени. Ги отсранија сите луѓе, изјави Грезда. За тоа дали се работи за сомневања за поставена бомба, Грезда ги упати новинарите да побараат информација од надлежните органи. Од полицијата сè уште нема информација за тоа што се случува на автобуската станица, меѓутоа медиумите јавуваат дека на местото на настанот е видно присуството…

Read More