Над 8.000 фалсификувани сертификати за вакцинација се издадени во швајцарскиот кантон Сент Гален, изјави регионален официјален претставник.

Истрагата сега е фокусирана на група вработени кои работат во приватен центар за тестирање на ковид-19, бидејќи нивната работа им овозможила пристап до национален систем за сертификација за вакцинација. Осомничените ќе треба да платат одредена сума како казна или ќе се соочат со казна затвор до пет години.

Оние кои платиле големи суми за лажни потврди за вакцинација добиле и казни или морале да платат одредена сума, велат од кантоналната управа. Фалсификуваните сертификати повеќе не се валидни.

Со стапка на вакцинација од околу 61 отсто од населението, Сент Гален е еден од најслабо имунизираните кантони во Швајцарија.