Вкупно 158 казни, меѓу кои 30 за возење над дозволената брзина, се изречени во засилената акциска контрола во сообраќајот што вчера ја спроведе Министерството за внатрешни работи (МВР) на територијата на град Скопје.

Покрај тоа, како што информира МВР, изречени се и девет мерки за возење без возачка дозвола, осум за возење под дејство на алкохол и пет за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се и 18 мерки за користење мобилен телефон, 10 санкции за не користење сигурносен појас, осум мерки за не давање првенство на минување на пешаци, 37 за непрописно паркирање.

Од МВР најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат засилените акциски контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.