Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Светската здравствена организација (СЗО) денеска ја одобри вакцината против коронавирус на американската компанија Новавакс и Серум институтот во Индија, што ја отвори вратата за нејзино вклучување во програмата Ковакс. Вакцината позната како Ковавакс (CovavaxTM) е деветта одобрена од СЗО за итна употреба. Иако долго се очекуваше дека вакцината „Ковавакс“ ќе придонесе за зголемување на глобалните испораки, бидејќи таа може да се чува во обичен фрижидер, прашање е колку дози и кога Институтот може да испорача. Одобрувањето на вакцината треба да го зголеми пристапот до вакцини, особено во посиромашните земји, од кои 41 сè уште не вакцинирале ни 10 отсто од населението,…
Најчести симптоми на омикрон, новата варијанта на коронавирус, се течење на носот, главоболка, кивање, замор и болка во грлото, тврдат британски научници и предупредуваат дека луѓето треба да обрнат повеќе внимание на овие симптоми за да не се припишуваат само на настинка, туку и на можна зараза со омикрон сојот. Научниците посочуваат дека симптомите на омикрон се многу поблиску до оние на настинка од претходните варијанти на коронавирус и посочуваат дека е можно симптомите да се смениле поради поголемо ширење на инфекцијата меѓу населението или поради својствата на оваа мутација, пренесува „Глас Истре“. Исто така, се нагласува дека омикронот се…
Репрезентацијата на Франција е прв финалист на 25-то Светско ракометно првенство за жени. Французинките до 40-тата минута во полуфиналето имаа негатива од четири гола, но успеаја до пресврт и на крајот триумфираа над Данска со 23:22. Најефикасна во победничката селекција беше Паулета Фопа со четири гола додека данската репрезентативка Лин Хаугстед беше прв стрелец на натпреварот со пет погодоци. Французинките, кои се и актуелни олимписки шампионки, во неделното финале ќе играат со победникот од вечерашниот дуел меѓу Шпанија и Норвешка.
На конкурсот за финансирање на проекти за производство на долгометражен, краткометражен, документарен и анимиран филм (втор рок на одлучување) аплицираа вкупно 53 проекти (играни, документарни и анимирани) од кои 35 долгометражни и 18 краткометражни, информираат од Агенцијата за филм на Северна Македонија. Поддршка за реализација на мнозински долгометражни играни филмови добија дебитантските проекти на режисерот Игор Алексов за проектот „Тајната на голиот рид“ во продукција на „Сити стар продукција“ и режисерот Сабедин Али за „Паркот“ во продукција на „Визиони плус“. Оттаму соопштија дека ќе се снимаат и шест краткометражни проекти од кои четири играни филмови, еден документарен и еден анимиран…
Кога станува збор за регионот на Западен Балкан, гледам четири предизвици. Најнепосреден е Северна Македонија и Албанија што поскоро да ги започнат пристапните преговори со Европската Унија (ЕУ). Најсериозен проблем е кризата во БиХ. Предизвик од најголема стратешка важност е нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина, бидејќи тоа не ги засега само тие две земји, со оглед на тоа дека Срби и Албанци живеат во секоја земја на Балканот, а односот меѓу Србија и Косово влијае на регионалната соработка и затоа тоа е предизвикот од најголемо стратешко значење, изјави за аудио подкастот на бањалучкиот портал Бука специјалниот пратеник на…
Од 18 поднесени иницијативи од Стопанската комора до Министерството за финансии од моментот кога министерот Бесими раководи со овој сектор, досега седум се целосно прифатени, девет се во фаза на реализација, а две се одбиени. Овој резултат е пример дека преку дијалог и дебата врз база на аргументи, анализи и факти, може да се постигне успех односно, Владата да носи решенија во интерес на бизнисот, изјави претседателот на Комората Бранко Азески на денешната заедничка прес-конференција со министерот за финансии, Фатмир Бесими. Трајното укинување или намалување на царинските стапки кај околу 260 суровини и репроматеријали кои се користат во производствениот процес…
Полициски службеници вчера на граничниот премин „Табановце“ го лишиле од слобода О.К. (18) од село Шишево, Општина Сарај, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека за него бил распишан централен распис од ЕВР Ѓорче Петров поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по член 233 од Кривичниот законик. Како што соопшти МВР, тој бил спроведен во ЕВР Ѓорче Петров и во службен разговор признал дека го сторил делото, односно дека во текот на летото фрлил куче од мост во река и потоа објавил фотографии на социјалните мрежи. По целосно документирање на случајот против него ќе…
Времето во земјава утре ќе биде променливо облачно, студено и ветровито, a на места ќе провејува снег. Ќе дува засилен северен ветар, повремено со брзина над 60 км./час. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4 степени, а максималната ќе достигне од 0 до 8 степени. Во Скопје ќе биде претежно облачно и студено со засилен северен ветар, а во делови од котлината повремено ќе провејува снег. Минималната температура ќе се спушти до 1 степен, а максималната ќе достигне 4 степени. Од недела ќе преовладува стабилно и суво време со подолги сончеви периоди и со пониски утрински температури.
Европската Агенција за лекови (EMA) го продолжи рокот на употреба на вакцината Comirnaty од шест на девет месеци. Согласно, извршената промена, носителот на одобрение Pfizer SRB d.o.o поднесе документација за одобрување на варијацијата и во Република Северна Македонија и истата е одобрена на 20.10.2021 година од Агенцијата за лекови и медицински средства. На 29.11.2021 година, Комисијата за безбедност и огласување при МАЛМЕД, на седница го одобри Писмото за здравствени работници за продолжување на рокот на употреба на вакцината Comirnaty. Истото е дистрибуирано до здравствените работници на вакциналинте тимови, информираа денеска од МАЛМЕД. Оттаму додаваат дека збирниот извештај за карактеристиките на лекот и Упатството за употреба следствено се…
Земјотрес со јачина од три степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во 11:49 часот на 65 киломтери југоисточно од Скопје, со епицентар на подрачјето Свети Николе – Штип, соопшти попладнево Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. „Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда од три степени, а беше почувствуван од населението на Свети Николе, Кочани, Штип и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информира Опсерваторијата.
Полскиот парламент усвои закон за медиуми за кој критичарите велат дека е првенствено насочен против телевизискиот канал ТВН24, во сопственост на американскиот медиум „Дискавери“, што може да доведе до дипломатски спор со САД. Законот, кој не беше на распоред за гласање, но беше вклучен во последен момент, сега претстои да биде потпишан претседателот Анджеј Дуда. Пратениците од опозицијата тврдат дека гласањето е одржано надвор од процедурата и затоа е незаконско и ги крши демократските стандарди. Тие предупредуваат и дека промената на правилата за странска сопственост ќе ја отежне работата на информативниот канал ТВН24 на американската медиумска куќа „Дискавери“. Предложениот закон…
Предлогот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски до лидерот на „Алтернатива“, Африм Гаши да биде мандатар за состав на нова Влада, наместо новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковечевски е неприфатлив од причина, како што велат, партијата е дел од еден друг процес. Му благодариме на господинот Мицкоски за искажаната почит кон претседателот Африм Гаши, но „Алтернатива“ моментно е во еден процес кој е во тек и сè уште не е завршен. Во овој период немаме причина и не можеме да зборуваме за ништо друго, изјавија од „Алтернатива“ за МИА. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција изјави дека на…