Репрезентацијата на Франција е прв финалист на 25-то Светско ракометно првенство за жени. Французинките до 40-тата минута во полуфиналето имаа негатива од четири гола, но успеаја до пресврт и на крајот триумфираа над Данска со 23:22.

Најефикасна во победничката селекција беше Паулета Фопа со четири гола додека данската репрезентативка Лин Хаугстед беше прв стрелец на натпреварот со пет погодоци.

Французинките, кои се и актуелни олимписки шампионки, во неделното финале ќе играат со победникот од вечерашниот дуел меѓу Шпанија и Норвешка.