Author: Sashko

Убеден сум дека на средби на работните групи меѓу Северна Македонија и Бугарија, на кои теми би биле инфраструктурата, економијата, културата, образованието, итн., ќе може да покажеме дека ние и во изминатиот период имаме направено сериозни подготовки, оцени специјалниот претставник на Владата за Бугарија, Владо Бучковски во однос на предлогот на новиот бугарски премиер Кирил Петков за забрзување на билатералната комуникација и соработката низ повеќе работни групи. Во инфраструктура имаме направено многу повеќе од Бугарија. Факт е дека нашиот директор на Македонски железници, Хари Локвенец имаше неколку средби со нивниот директор Папуџиски, каде што дефинира динамика во која конечно ќе…

Read More

Земјите членки на Европската Унија (ЕУ) успеаја да постигнат компромис за заклучоците за проширување, но амбицијата за одржување на првите меѓувладини конференции со Скопје и Тирана не е дел од нив, јави дописничката на МИА од Брисел. Иако словенечкото претседателство јавно настапи со надеж дека преговорите со Северна Македонија и Албанија ќе започнат до крајот на оваа година и тоа беше експлицитно наведено во нацрт заклучоците, по денешните преговори меѓу министрите за европски прашања временската одредница не беше задржана. Европската комисија и Советот на ЕУ изразија задоволство за компромисот постигнат во делот на проширувањето и го нарекоа „ремек дело на…

Read More

Владата денеска ја усвои информацијата за набавка на вакцини против ковид-19 за 2022 година, според која е утврдена потребата од набавка на 500.000 дози на мРНА (мРНК) вакцини од производителот „Фајзер“, во кои треба ќе бидат вклучени и педијатриските дози во количина од еден отсто од вкупниот број деца во Република Северна Македонија на возраст од 5 до 12 години, односно околу 10.000 дози. Согласно информацијата, дозите за возрасните да почнат да се испорачуваат од месец мај, педијатриските дози во првото тромесечје на 2022 година, а вкупната количина треба да се испорача до декември 2022 година. Набавката на оваа количина…

Read More

Европските полициски сили уапсиле 544 лица и заплениле голем број на нелегални средства за допинг и фалсификувани лекови, вклучително и лажни лекови против ковид-19, соопшти денеска Европол. Во операцијата, која се одвивала низ целиот континент од април до октомври, запленети се фалсификувани лекови и допинг производи кои се проценуваат на вкупна вредност од 63 милиони евра, се вели во соопштението на Европската полициска агенција. Операцијата била насочена против 33 „криминални групи кои шверцувале допинг агенси, како што се хормонски и метаболички регулатори и разни лекови“, наведува Европол. Криминалците шверцувале лекови против рак, аналгетици, анксиолитици и лекови за еректилна дисфункција. Дополнително, од почетокот на пандемијата,…

Read More

Во последните 24 часа во земјава се регистрирани 353 случаи на ковид-19 од направени 3.162 теста, десет починати пациенти и 450 оздравено, објави Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Најголем дел од новите случаи се евидентирани во Скопје – 174, а по главниот град следуваат Прилеп со 42, Битола со 27, Кавадарци со 22, Куманово и Велес по 13, Валандово со девет, Охрид со осум, Кичево, Гевгелија и Неготино по шест, Тетово со пет, Кочани со четири, Свети Николе и Радовиш по три, Штип, Струмица, Крива Паланка и Богданци по два и Гостивар, Делчево,…

Read More

Малта ќе стане првата членка на Европската Унија (ЕУ) што ќе дозволи употреба, купување и одгледување на канабис за рекреативна употреба по денешното гласање во Парламентот на земјата. Според новиот закон, возрасните лица ќе може да носат до седум грама канабис, да одгледуваат до четири растенија дома или да купуваат мали количини од здруженија формирани за трговија со канабис. Здруженијата за канабис ќе мора да работат како непрофитни организации и ќе им биде забрането да ги рекламираат своите производи или услуги. На лицата со претходни пресуди за кривични дела поврзани со поседување канабис ќе им биде избришано криминалното досие. Парламентот на Малта…

Read More

Рускиот претседател Владимир Путин денеска повика на „итни“ преговори со НАТО и со САД за руските безбедносни гаранции во услови на тензии околу Украина. Владимир Путин ја истакна потребата од итно почнување преговори со САД и НАТО со цел да се утврдат правните гаранции за безбедноста на нашата земја и да се спречи идното проширување на Алијансата на исток и распоредувањето на вооружените системи во Украина и соседните земји што би биле закана за Русија, се наведува во соопштението на Кремљ објавено по телефонскиот разговор на Владимир Путин со финскиот претседател Саули Ниист, чија земја е долгогодишен посредник меѓу Русија…

Read More

Секоја агресија против Украина нема да мине без политички последици и високи економски трошоци за Русија, изјави денеска во Европскиот парламент високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел. Сепак тој додаде дека ЕУ првенствено ќе се обиде да спречи ескалација на тензиите меѓу двете земји. Секоја агресија против Украина нема да помине без политички последици и високи економски трошоци за Русија, изјави Борел пред европратениците. Украина, Европската унија и САД со недели ја обвинуваат Русија за планирање напад врз Украина, иако Кремљ демантира. Русија од ноември на необичен начин трупа војници и оружје долж границата со…

Read More

Владата, на денешната 127. седница, ја усвои Предлог-одлуката за прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачје во категорија V-заштитен предел, со што територијата на заштитени подрачја на ниво на држава се зголеми на 13,8 проценти, информира министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.  Во оваа прилика изразувам благодарност до Министерството за економија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за разбирањето и поддршката во заштитата на природните вредности и обезбедувањето на одржлив социо-економски развој и на ова подрачје, вели Нуредини. Министерот додаде дека површината на идното заштитено подрачје заштитен предел-Малешево изнесува 11.460.89 хектари, во рамките на кое…

Read More

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска го назначи Борис Настов за в.д. директор на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје, откако претходно од директорската позиција беше разрешен Бобан Црничиќ, соопштија од Град Скопје. Од таму додават дека Борис Настов е дипломиран машински инженер со долгогодишно работно искуство на раководни позиции во Гранит АД Скопје, БАУЕР БГ Скопје, ЈП „Комунална хигиена“ Скопје и во Министерство за финансии.

Read More

Следниот самит на групата Г7 ќе се одржи во Шлос Елмау, во германската покраина Баварија, од 26 до 28 јуни 2022 година, јави денеска агенцијата ДПА. Со нетрпение очекуваме целиот свет да дојде во Баварија, изјави денеска покраинскиот премиер Маркус Зодер во Минхен. Германија ќе го преземе ротирачкото претседателство со Г7 следната година, а ќе биде домаќин на лидерите од Франција, Велика Британија, Италија, Јапонија, Канада и САД, пренесува германската агенција. Последниот состанок на Г7 во Германија се одржа во 2015 година, во луксузен хотел во планините во близина на Гармиш-Партенкирхен.

Read More

Најмалку две лица загинаа во поплавите во северна Шпанија, а повеќе од 50 се евакуирани од погодените области, соопштија денеска властите. Причините за смртта на две лица во претходните три дена, владата ги лоцира во излевање на надојдените реки по обилните врнежи од дожд и снег. Поради излевање на реката Ебро, властите денеска наредија евакуација на 55 жители од селата на границата на регионот Навара и Арагон, каде во сила е тревода за опасни временски услови. Нивото на реката Ебро во некои области се искачи на 8,5 метри, со што беше соборен рекордот поставен за време на поплавите пред шест…

Read More