Владата, на денешната 127. седница, ја усвои Предлог-одлуката за прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачје во категорија V-заштитен предел, со што територијата на заштитени подрачја на ниво на држава се зголеми на 13,8 проценти, информира министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини

Во оваа прилика изразувам благодарност до Министерството за економија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за разбирањето и поддршката во заштитата на природните вредности и обезбедувањето на одржлив социо-економски развој и на ова подрачје, вели Нуредини.

Министерот додаде дека површината на идното заштитено подрачје заштитен предел-Малешево изнесува 11.460.89 хектари, во рамките на кое се предложени и дефинирани три зони во заштитено подрачје, воспоставени заради вршење на дејноста за заштита и унапредување на природата.