Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Малта е првата членка на ЕУ што го легализира канабисот за рекреативна употреба

0
By Sashko on December 14, 2021 СВЕТ
Фото: endevio.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 14, 2021 18:16

Малта ќе стане првата членка на Европската Унија (ЕУ) што ќе дозволи употреба, купување и одгледување на канабис за рекреативна употреба по денешното гласање во Парламентот на земјата.

Според новиот закон, возрасните лица ќе може да носат до седум грама канабис, да одгледуваат до четири растенија дома или да купуваат мали количини од здруженија формирани за трговија со канабис.

Здруженијата за канабис ќе мора да работат како непрофитни организации и ќе им биде забрането да ги рекламираат своите производи или услуги.

На лицата со претходни пресуди за кривични дела поврзани со поседување канабис ќе им биде избришано криминалното досие.

Парламентот на Малта го одобри законот и покрај тоа што пратениците од опозицијата гласаа против. Сега се очекува одобрениот закон да биде потпишан од претседателот на Малта во рок од неколку дена.

Владата на Малта тврди дека реформата е мерка за намалување на штети која ќе го задуши црниот пазар за канабис и ќе стави крај на криминализацијата на корисниците.

Ако возрасен човек одлучи да користи канабис, тој или таа мора да имаат безбеден и регулиран пат од каде може да се добие канабис, рече министерот за реформи Овен Боничи, кој се заложи за реформата.

Законот беше усвоен и покрај жестокото противење од работодавачите, медицинските здруженија на едукатори и организациите предводени од црквата.

Додека земјите како Холандија и Шпанија толерираат рекреативен канабис, Малта е првата земја од ЕУ што официјално донесе закон кој дозволува негова продажба и производство. Луксембург и Германија, исто така, посочија дека имаат намера да воведат закони со кои се регулира рекреативната употреба на канабис, а се очекува и Италија да организира референдум за ова прашање.

ЕУ канабис легализација Малта Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.