Владата денеска ја усвои информацијата за набавка на вакцини против ковид-19 за 2022 година, според која е утврдена потребата од набавка на 500.000 дози на мРНА (мРНК) вакцини од производителот „Фајзер“, во кои треба ќе бидат вклучени и педијатриските дози во количина од еден отсто од вкупниот број деца во Република Северна Македонија на возраст од 5 до 12 години, односно околу 10.000 дози.

Согласно информацијата, дозите за возрасните да почнат да се испорачуваат од месец мај, педијатриските дози во првото тромесечје на 2022 година, а вкупната количина треба да се испорача до декември 2022 година.

Набавката на оваа количина вакцини против ковид-19 за 2022 година е за заштита на јавното здравје и за рестартирање на економијата како јавен интерес.