Author: Sashko

Димитар Ковачевски е извесно дека ќе биде наследник на Зоран Заев на фунцкијата претседател на СДСМ по денешните втори внатрепартиски избори во владеачката партија. Ова го покажуваат податоците по обработени 49 избирачки места од вкупно 193. Ковачевски засега има 7.915 гласа и убедливо водство во однос на противкандидатите Фросина Ременски за која гласале 528 члена на СДСМ и Јован Деспотовски кој досега има 562 гласа, дознава Нова ТВ од свои извори. Неважечки се 108 гласа. Правото на глас на денешните вонредни внатрепартиски избори во СДСМ го искористиле 43.469 членови. Гласањето заврши во 19 часот и во тек е обработка на…

Read More

Христијан Мицкоски е реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Старо-новиот претседател на опозициска партија ја доби довербата на делегатите на 17-от Конгрес што денеска се одржа во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Во работата на највисокото партиско тело на ВМРО-ДПМНЕ учествуваа 493 делегати. Своето право на глас го искористиле 492 од кои 489 го поддржале Мицкоски, додека три ливчиња биле неважечки. ВМРО-ДПМНЕ излегува посилно, со поголем елан и енергија за времињата што доаѓаат. Народот е нестрплив да слушне решенија за промени, за визија која нема да се претвори во лага, за поинаков пристап во политиката. Им се обраќам на членовите на…

Read More

До 18 часот, на еден час до затворање на гласачките места, на вонредните избори за претседател на СДСМ гласале 40.220 членови, односно 78,5 отсто од активно регистрираните гласачи. Гласањето тече мирно и демократски на сите 194 гласачки места во сите 80 општини, нагласуваат од владеачката партија. Членовите на СДСМ денеска избираат меѓу Димитар Ковачевски, Фрсина Ременски и Јован Деспотовски за претседател на партијата по оставката што најави досегашниот лидер Зоран Заев по поразот на локалните избори. По затворањето на гласачките места во 19 часот и по обработка на податоците, Централната изборна комисија ќе ги соопшти резултатите од вонредните внатрепартиски избори…

Read More

Владата на Република Северна Македонија претставена од министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири и од советникот на премиерот за труд и социјална политика, Милан Живковиќ денеска разговараше со претставници на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и граѓанските синдикати што членуваат во него, во врска со синдикалните барања за повисока минимална плата, потребата од конечно воведување на неделата како неработен ден, правото на исплата на регрес за годишен одмор, односно К-15, за јавниот сектор и за општиот колективен договор за приватниот сектор. https://www.youtube.com/watch?v=6ZPeImYWv1c&feature=emb_imp_woyt Владините претставници ги изнесоа владините политички позиции за унапредување на правата и статусот на работниците…

Read More

Полициски службеници од СВР Тетово во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, вчеравечер во период од 21 до 02 часот по полноќ извршија контрола во 12 угостителски објекти на гостиварското подрачје. Откриени се шест лица кои не поседувале сертификат за извршена вакцинација против коронавирусот и едно лице кое приложило сертификат од друго лице. Три угостителски објекти се времено затворени од Државниот пазарен инспекторат, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). Од МВР додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Read More

Четири одбојкарки на екипата на Млади радник од Пожаревац и нивниот тренер се повредени, откако автобусот со првиот тим заврши во ендек кај Печинци во Срем. Како што пренесува РТС, една од одбојкарките е задржана во детската болница во Тиршова, додека три нејзини соиграчки и тренерот, кој е сместен во болницата во Земун, до крајот на денот ќе бидат пуштени на домашно лекување. Останатите, кои биле сместени во хотел во Печинци, се упатиле кон Пожаревац. Најголем дел од одбојкарките се на возраст од 14 до 16 години.

Read More

Американската писателка Ен Рајс, авторка на романот „Интервју со вампир“, почина на 80-годишна возраст, поради компликации кои се појавиле по срцев напад. Рајс е автор и на една од најпопуларните серии на книги „Вампирски хроники“, а инспирираше многу други писатели да пишуваат во истиот жанр. „Интервју со вампир“ е продаден во над 150 милиони примероци низ светот, по што следи истоимената филмска адаптација со Бред Пит во главната улога. Вистинското име на Ен Рајс е Хауард Ален Френсис О’Брајан. Таа го добила името по нејзиниот татко Хауард, но уште како дете инсистирала да ја викаат Ен. Романот „Интервју со вампир“…

Read More

Холанѓанецот Макс Верстапен (Ред Бул) е нов светски првак во Формула 1, откако денеска триумфираше за Големата награда на Абу Даби, последна трка во сезоната, пред Британецот Луис Хамилтон (Мерцедес). Верстапен до својата прва титула во кариерата дојде на драматичен начин, претекнувајќи го Хамилтон во последниот круг од трката. Верстапен и Хамилтон влегоа во трката во Абу Даби бодовно израмнети (369.5) што однапред ветуваше драматична завршница сезонава во Формула 1. Холанѓанецот стана 34. возач во историјата кој ја освоил титулата светски првак, а рекордери се Луис Хамилтон и Германецот Михаел Шумахер кои имаат по седум титули. Аргентинецот Хуан Мануел Фанџо…

Read More

Попладнево на излезот од Дебар, на патниот правец Дебар – Струга, во близина на објектот на поранешната Електродистрибуција, се случи тешка сообраќајна несреќа во која се повредени седум лица од кои две потешко. Во несреќата, учествувале две патнички моторни возила, едното од Дебар, а другото од село Новак, Oпштина Центар Жупа. По дојава од граѓанин веднаш на местото на настанот испративме возило за брза помош. Повредени се седум лица, од нив две потешко, додека петмина се со полесни повреди. На сите им е дадена соодветна здравствена услуга. Еден од повредените, жител на Дебар, кој имаше тешки повреди е транспортиран во…

Read More

Гласањето на вонредните избори за претседател на СДСМ на сите 194 гласачки места се одвива непречено, без застои во мирна и демократска атмосфера, со почитување на мерките за заштита од коронавирусот. Според последните информации од Централната изборна комисија, до 14 часот гласале 27.248 членови на СДСМ, односно 47 отсто од активно регистрираните членови. Гласањето трае до 19 часот. По затворањето на гласачките места и по обработка на пристигнатите податоци, вечерва Централната изборна комисија на СДСМ ќе ги соопшти резултатите за вонредните внатрепартиски избори.

Read More