Author: Sashko

Времето на чекање за излез од државата на граничниот премин „Табановце“ е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е умерен и се одвива непречено, по суви коловози. Од 18 август до 12 септември на патниот правец Охрид – Ресен, преку Галичица, поради изведување градежни работи (асфалтирање) сообраќајот е во прекин меѓу 9 до 15:30 часот. Работите се изведуваат само во работни денови. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на…

Read More

Поддршката на земјоделството и менаџирањето со енергетската криза остануваат врвни приоритети на Владата во пресрет на очекуваната тешка зима, најави премиерот Димитар Ковачевски, додека во исто време лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара надлежните да произведуваат струја која, ќе завршува како помош во стопанството. Премиерот Ковачевски вчера, по пуштањето во употреба на системот за наводнување „Славишко поле“ во Општина Ранковце, најави дека Економскиот совет ќе ги разгледа барањата на бизнис секторот за ублажување на ударот од високите цени на струјата за компаниите и штом ќе ги имаат пресметките, Владата ќе интервенира во тој дел. Сепак, според него, евентуално дополнителното намалување…

Read More

Пратениците од утре започнуваат со работа по годишните одмори. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, според најавите, за утре најави средба со потпретседателите на Парламентот и со координаторите на пратеничките групи на која треба да се договори динамиката на работа за неделава и периодот што доаѓа. Засега на веб-страницата на Собранието нема закажани активности. Меѓу првите активности во Собранието се очекува да биде продолжување на работата на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за изборот на уставните судии за да може што поскоро да се пополнат испразнетите места во Уставниот суд. Според најавите од пред одморот, може да се…

Read More

Манастирот Трескавец ќе добие интензивна заштита со програмата за наредната година и проект за конзервација на црквата „Успение на Пресвета Богородица“, што подразбира ангажирање домашни и странски експерти, најавува научниот советник, археологот Бранко Ристески од прилепскиот Институт за старословенска култура. Македонските научници пред три месеци на конференција за заштитата на културното наследство, преку примерот на светско признатото културно богатство – манастирскиот комплекс Трескавец, предупредија и алармираа дека комплексот итно треба да се заштити, особено Црквата која е во опасност од подземните води и временските неприлики. „Завршниот сегмент на работилницата на крајот на мај, токму во манастирот Трескавец, беше оформување тело…

Read More

Македонскиот јазик, литература и култура имаат нови поддржувачи и афирматори низ светот. На јубилејната 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), којашто се одржува во Охрид, и тие, како и низа истакнати странски универзитетски професори, значајни истражувачи од славистичкиот свет – лингвисти, книжевници и културолози и книжевни преведувачи, веќе искажаа не само решеност за продлабочено познавање и проучување на македонистиката, туку и подготвеност да остварат сопствен влог во афирмирањето на македонската научна мисла и македонскиот збор низ светот, преку конкретни остварувања. Како што соопштија…

Read More

Канцеларијата на главниот украински тужител објави дека од почетокот на руската инвазија се убиени најмалку 379 деца, а 733 се повредени. Сепак, како што додаваат од таму, вистинската бројка се очекува да е поголема, со оглед дека во изнесените бројки не се опфатени и жртвите на териториите под руска контрола и подрачјата во близина на првите линии на фронтовите.

Read More

Германската влада основаше холдинг компанија за да ја изврши евентуалната национализација на „Газпром Германија“, објави денеска германскиот весник „Велт ам Зонтаг“, цитирајќи владин документ. Германскиот енергетски регулатор во април најави дека ќе управува со компанијата „Газпром Германија“ (трговија, складирање и пренос) во интерес на Германија и Европа. Новиот холдинг наречен Securing Energy for Europe Holding GmbH (SEEHG) е одговорен за инвестициите на компанијата, објави весникот, наведувајќи дека директорите се двајца адвокати од адвокатската фирма CMS Hasche Sigle, која одби да го коментира извештајот, повикувајќи се на обврските за доверливост. Германското Министерство за економија соопшти дека е запознато со холдинг-компанијата и…

Read More

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Дневните температури ќе бидат во интервал од 28 до 34 степени Целзиусови., вредноста на УВ индексот ќе изнесува 7. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, а попладне во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне до 34 степени. Од утре до среда, под влијание на нестабилна воздушна маса, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни…

Read More

Времето на чекање на граничниот премин „Богородица“ за излез од државата е меѓу 20 и 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Според информацијата од АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно…

Read More

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски смета дека Саемот за вино „Отворен Балкан“ во Белград е одлична можност да се испрати пораката на обединетост, подготвеност за заедничка соработка и носење на мудри одлуки. Јаневски во пресрет на Саемот вели дека на манифестацијата ќе се претстават 333 винарии од регионот, Европа и светот, а со оглед дека и храната ќе биде во фокусот, како вид традиција, ќе има по пет мастер шефови од земјава, од Србија и од Албанија. Вкупно 300 метри квадратни, пак, се резервирани за туризмот. „Очекувам од Саемот за вино да ја…

Read More

Поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез и излез од земјава на граничниот премин „Табановце“ е околу 45 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Read More

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Дневните температури ќе биде во интервал од 27 до 34 степени, додека вредноста на УВ индексот ќе изнесува 7. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Попладне во делови од Скопската Котлина ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне до 33 степени. За време на викендот ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена облачност и услови за локална…

Read More