Канцеларијата на главниот украински тужител објави дека од почетокот на руската инвазија се убиени најмалку 379 деца, а 733 се повредени.

Сепак, како што додаваат од таму, вистинската бројка се очекува да е поголема, со оглед дека во изнесените бројки не се опфатени и жртвите на териториите под руска контрола и подрачјата во близина на првите линии на фронтовите.