Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Работилница на тема „Дигитална трансформација, податоци и вештачка интелигенција во Западниот Балкан“ од денеска до сабота ќе се одржи во Скопје. Настанот е во организација на Заедничкиот истражувачки центар на Европската Комисиja, а коорганизатори се Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации (FAO) и Глобалното управување со гео-просторни информации на Обединетите Нации (UN GGIM). На отворањето на работилницата се најавени обраќања на министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, Карлос Торецила Салинас, шеф на единицата во Заедничкиот истражувачки центар при Европска Комисија, Џулијан Васало, заменик шеф…
Во Собранието на Република Северна Македонија денеска се планирани седници на Комисијата за надворешна политика и на Законодавно-правната комисија. На дневен ред на Комисијата за надворешна политика се повеќе предлог закони за ратификации на меморандуми за разбирање и договори во повеќе области со Турција, со Франција, со Албанија и со Косово, како и Предлог закони за ратификација на измените и дополнувањата на Договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и ЕФТА државите и на Меморандумот за разбирање за олеснување на патниот транспорт на стоки во регионот на Организацијата за црноморска економска соработка. Покрај посочените точки, од Законодавно-правната комисија ќе бидат…
Во насока на одбележување на 9 декември, меѓународен ден посветен на борба против корупцијата, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска организира конференција „Избери го вистинскиот правец! Избери интегритет!“. Во рамки на конферецијата, на која ќе учествуваат релевантни државни институции и меѓународни организации, а која ќе биде хибридна, ќе се обратат претседателка на ДКСК, Билјана Ивановска, потпретседател на Собранието Горан Мисовски, заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ, Џулиан Васало и претседателот на ГРЕКО, Марин Мрчела. Конференцијата за одбележување на Меѓународниот ден за борба против корупцијата е дел од проектот „Промовирање на транспарентност и одговорност во јавната администрација”, финансиран од Европската…
Стопанската комора на северозападна Македонија денеска ќе ги прогласи најуспешните 100 компании. Станува збор за традиционална манифестација со која Стопанската комора на северозападна Македонија секоја година ги наградува најуспешните компании кои во изминатата година оствариле позитивни резултати. На настанот најавено е присуство на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров денеска и утре ќе престојува во посета на Сојузна Република Германија каде ќе се сретне со високи претставници на новоформираната германска Влада. Меѓу другото, предвидена е средба со новата државна министерка за Европа, Ана Лирман, која на првиот ден од преземање на функцијата од Михаел Рот, ќе се сретне со вицепремиерот Димитров. Димитров, како што информира Секретаријатот за европски прашања, ќе ја искористи посетата за уште во првите денови од мандатот на Владата на канцеларот Олаф Шолц, да го насочи вниманието кон европското досие на Северна Македонија и ангажманот на…
Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје“ денеска во салата за состаноци на Советот на Општина Центар ќе ги претстави кумот и здравичарот за Бадник 2022. Тоа, како што најавија од Здружението, ќе биде и можност за запознавање со членовите на Одборот, кои ги прават завршните подготовки за 30-тата средба на 6 јануари 2022 година на платото пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“. Поканети се и кумови и здравичари од изминатите манифестации, како и долгогодишни спонзори и симпатизери на традиционалното скопско бадникување.
Ф-16 и АВАКС над Скопје: Демонстрација на мисијата на НАТО за воздушно патролирање над С. Македонија
На Меѓународниот аеродром Скопје и во воздушниот простор над главниот град денеска ќе биде организирана активност со цел да се демонстрира начинот на изведување на мисијата на НАТО за воздушно патролирање над Северна Македонија. Како што соопштија од владината прес-служба, за време на планираната активност, медиумите и пошироката јавност ќе можат да се запознаат и да посведочат за начинот на кој се изведува воздухопловното патролирање, како и да се запознаат со борбените воздухоплови на НАТО Ф-16 и АВАКС кои ќе бидат вклучени во оваа активност. На настанот ќе присуствуваат министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и високи гости од Собранието и од Владата,…
Ковид-19 во Македонија: Активни 5.821 случај во моментот, вкупно 218.194 од почетокот на пандемијата
Бројот на активни случаи на ковид-19 во земјава, според вчерашниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), изнесува 5.821. Надлежните и натаму апелираат до граѓаните да се вакцинираат, бидејќи, како што посочуваат, само така ќе се дојде до колективен имунитет и ќе спречи ширење на мутации на Сарс-КоВ-2. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 218.194, бројот на оздравени пациенти е 204.685, а на починати е 7.688. Досега во земјава не е регистриран случај со Омикрон сојот на ковид-19. Се уште доминантен е Делта сојот, како кај нас, така и во дел од државите во регионот.…
Народната банка ги демантира информациите објавени на некои портали и на социјалните мрежи дека е покачен курсот на еврото. Девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво, велат од централната банка. Во објавите се прави забуна меѓу курсната листа за вршење на платен промет со странство за потребите на државните органи, со средниот курс кој е релевантен податок за вредноста на валутите. Средниот курс на еврото според курсната листа на Народната банка изнесува 61,69 денари и истиот е непроменет во однос на лани, потенцираат од Народната банка. На веб страницата на Народната банкa секојдневно се објавуваат…
Цената на електричната енергија нема да се зголеми за повеќе од 10 проценти, уверуваат надлежните министри. Според нив, понудата што ЕСМ треба да ја даде кон универзалниот снабдувач ЕВН Хоум ќе биде на ниво што нема да предизвика некое значително зголемување на цената на електрична енергија. Денеска се очекува и АД ЕСМ да достави понуда на отворениот повик на ЕВН Хоум. Министерот за економија Крешник Бектеши вчера изјави дека согласно сите проекции, од 1 јануари не очекува да се зголеми цената на струјата за повеќе од 10 проценти. Согласно Законот за енергетика, цената на струјата од 1 јануари за првите…
Времето денеска ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди во претпладневните часови. Попладне во западните делови на земјата ќе има врнежи од дожд што ќе продолжат и во текот на ноќта и ќе се прошират насекаде. На повисоките планини, врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а од пладне повремено засилен вета од југоисточен правец. Утринските температури ќе се движат од -6 до 0 степени, а дневните од 4 до 12 степени. Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува умерен,…
Специјалниот американски пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар денеска во Сараево изјави дека нема да има војна во Босна и Херцеговина, ниту армија на Република Српска. Тоа нема да се случи. Тоа еднаш го кажав и ќе повторам: Нема да има војна во БиХ. Ова не е 1991 година, изјави Ескобар во интервју за сараевската телевизија Н1, кое подетално ќе се емитува вечерва. На забелешката дека не се работи за војна, туку за армија на Република Српска, Ескобар рече дека ниту таа постои и никој не е заинтересиран за таква ескалација. Прво, не постои армија на Република Српска. Второ, имаме…