Стопанската комора на северозападна Македонија денеска ќе ги прогласи најуспешните 100 компании.

Станува збор за традиционална манифестација со која Стопанската комора на северозападна Македонија секоја година ги наградува најуспешните компании кои во изминатата година оствариле позитивни резултати.

На настанот најавено е присуство на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.