Во насока на одбележување на 9 декември, меѓународен ден посветен на борба против корупцијата, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска организира конференција „Избери го вистинскиот правец! Избери интегритет!“.

Во рамки на конферецијата, на која ќе учествуваат релевантни државни институции и меѓународни организации, а која ќе биде хибридна, ќе се обратат претседателка на ДКСК, Билјана Ивановска, потпретседател на Собранието Горан Мисовски, заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ, Џулиан Васало и  претседателот на ГРЕКО, Марин Мрчела.

Конференцијата за одбележување на Меѓународниот ден за борба против корупцијата е дел од проектот „Промовирање на транспарентност и одговорност во јавната администрација”, финансиран од Европската Унија.