Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Данска денеска објави дека открила вкупно 183 заразени лица со Омикрон сојот на коронавирус. Земјата во петокот имаше само 18 потврдени случаи и 42 осомничени дека се заразени. Данска е една од водечките земји на ЕУ во секвенционирање на варијанти на коронавирус. Тамошните здравствени власти им препорачуваат вакцинација на повозрасните од 18 години, бидејќи утврдиле дека имунитетот се намалува и кај помладите. Според мерките што моментно важат во земјата, барем до средината на овој месец ќе биде потребен дигитален сертификат за влез во ресторани, ноќни клубови или кафулиња.
Со доаѓањето на постуденото време, почна да се шири и нов бран на коронавирус во Европа. Повеќето земји воведоа голем број на епидемиолошки мерки, како носење на маска и забрана за собирање, но препорачаа и работа од дома. Австрија и Германија се „заклучени“, Австријците подготвија и предлог Закон за задолжителна вакцинација, но, сепак, има и земји како Обединетото Кралство каде во моментот на сила се благи мерки. Имено, во цела Европа постои загриженост за појавата на нов Омикрон сој на коронавирусот, кој првпат беше откриен во Јужна Африка. Сепак, засега, видот Делта сè уште е најраспространетата варијанта на коронавирус во…
Техничката раководителка на Светска здравствена организација (СЗО) за ковид-19, Марија ван Керкова изјави дека според првичните информации лицата заразени со сојот Омикрон обично имаат поблага форма на болеста. Но, Керкова додаде дека е прерано да се зборува за тоа. Ван Керкова наведе дека е потребно време за заразените да минат низ целиот процес на инфекција и оти можеби ќе минат неколку недели пред навистина да стане јасно колку луѓе од заразените со сојот Омикрон ќе развијат тешка форма на болеста. Сепак, таа предупреди дека дури и да се работи за полесна форма на болеста, важно е брзо да се делува…
Американските политичари треба да престанат да повикуваат на дипломатски бојкот на Зимските олимписки игри во Пекинг за да се избегне нарушување на билатералните односи. Кина ќе преземе „контрамерки“ доколку е потребно, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи. Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден се очекува оваа недела да објави дека претставници на американската влада нема да присуствуваат на Олимписките игри во Пекинг во 2022 година, јави „Си-Ен-Ен“. Оние кои повикуваат на бојкот се „егоцентрични“ и треба да престанат да го прават тоа „за да не влијаат на дијалогот и соработката меѓу Кина и САД во важни области“. Ако САД…
Вооружени напаѓачи во движење со мотор во Филипини убија еден градоначалник, а друг градоначалник повредија. Во нападот е убиен и возачот на градоначалниците, а нивниот телохранител е повреден. Истражителите се обидуваат да ги идентификуваат двајцата вооружени напаѓачи и да ги утврдат нивните мотиви. Двајцата градоначалници наводно се кандидирале на изборите што треба да се одржат на 9 мај во 2022 година. Изборите во Филипини во минатотот беа обележани со крвави судири и обвиненија за измами, посебно во руралните региони.
Русија е победник на Дејвис Купот за оваа година, откако во финалето во Мадрид ја совладаа Хрватска со 2:1. Андреј Рублев го совлада Борн Гоја со 6:4, 7:6 во првиот меч за водство на Русите со 1:0 што подоцна беше дуплирано по триумфот на Данил Медведев над Марин Чилиќ со 7:6, 6:2 за трет трофеј на руската селекција во натпреварувањето по 2002 и 2006 година. Четири нации веќе се квалификуваа за Дејвис Купот во 2022 година. Тоа се годинaшните финалисти, Хрватска и Русија, како Велика Британија и Србија кои добија вајлд карта.
Препораките говорат да не се позајмуваат пари на пријатели и на роднини, ако не сакате да ги одредувате условите за враќање и ако ви е непријатно да ги побарате назад, за да не ги расипете блиските односи, смета психотерапевтката Ана Стори. Доколку, сепак, треба да дадете заем, таа советува да подготвите писмен договор во кој ќе се наведе износот и условите за отплата на заемот. Доколку не го направите ова однапред, бидете подготвени да не ви се вратат парите. Од друга страна, не би требало да има проблем со отплатата доколку сте сигурни дека вашиот близок е свесен за својата…
Мандолинскиот оркестар „Скопје“ вечер од 19 часот во Националната опера и балет ќе го одржи традиционалниот годишен концерт, со кој ќе одбележи 20-годишен јубилеј. Концертот ќе се одржи под диригентска палка на Рамадан и Ерхан Шукри. „Во своето 20-годишно опстојување, оркестарот е добитник на многубројни први, специјални и гран-при награди на фестивали и натпревари надвор од државата, претставувајќи достоен амбасадор на македонската музичка култура и уметност“, се наведува во соопштението за најавата на концертот.
Филмот „Исчезнатиот” во режија на Арбен Тачи е прогласен за најдобар странски филм на Интернационалниот фестивал во Швајцарија. Филмот е финансиран од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и со малцинско учество од Центарот за кинематографија на Косово и Националниот кинематографски центар на Албанија. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, монтажата е на Благоја Неделковски и Шпетим Амети. Музиката за филмот е на Тримор Доми, дизајнот на звук е на Дарко Спасовски, сценографијата на Билгаип Кочишта, а костимите беа изработени од Албулена Боровци. Арбен Тачи претходно ја доби наградата за најдобар дебитантски режисер на Фестивалот на независен филм во Монтреал,…
Фондацијата „Отворено општество – Македонија“ и Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ денеска ќе го организираат седмото издание на настанот Speech4Teach, како дел од активностите на проектот „Образование на помалкубројните етнички заедници“. Оваа година Speech4Teach ќе се одржи онлајн на тема за менталното здравје. Како што соопштија организаторите, целта е да се акцентира потребата од превенцијата уште од најмала возраст и важноста на вклучување на сите чинители – државни институции, училишна управа, наставниците, стручната служба и родителите, за да се овозможи создавање безбедни средини за учениците и достапни програми за развивање на социоемоционалните вештини, но и навремена…
Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден оваа недела ќе објави дека ниту еден американски владин претставник нема да присуствува на Зимските олимписки игри во Пекинг во 2022 година, согласно дипломатскиот бојкот на Игрите. Ова го тврдат неколку неименувани извори за „Си-Ен-Ен“. Бајден во ноември изјави дека размислува за дипломатски бојкот, откако демократските и републиканските пратеници, вклучително и претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, повикаа на бојкот во знак на протест поради наводните прекршувања на човековите права во Кина. Според „Си-Ен-Ен“, не се очекува целосен бојкот, што значи дека на американските спортисти, сепак, ќе им биде дозволено да се натпреваруваат. Последниот…
Во Италија од денеска стапија во сила построги мерки против коронавирусот со кои невакцинираните лица ќе бидат исклучени од многу јавни активности и нема да можат да користат јавен превоз без ковид-потврди. Од денеска само оние кои биле вакцинирани или прележале ковид-19 можат да јадат во ресторани, да одат во кино, да излегуваат во клубови и да гледаат фудбалски натпревари на стадионите. Владата на премиерот Марио Драги донесе нови правила кон крајот на ноември и ќе останат во сила до 15 јануари. Правилата важат и за користење на јавен превоз и хотелско сместување. На пример, досега, патниците кои патувале со…