Техничката раководителка на Светска здравствена организација (СЗО) за ковид-19, Марија ван Керкова изјави дека според првичните информации лицата заразени со сојот Омикрон обично имаат поблага форма на болеста. Но, Керкова додаде дека е прерано да се зборува за тоа.

Ван Керкова наведе дека е потребно време за заразените да минат низ целиот процес на инфекција и оти можеби ќе минат неколку недели пред навистина да стане јасно колку луѓе од заразените со сојот Омикрон ќе развијат тешка форма на болеста.

Сепак, таа предупреди дека дури и да се работи за полесна форма на болеста, важно е брзо да се делува за да се преземат мерки за контрола на нејзиното ширење.