Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Новата варијанта на коронавирус, Омикрон е идентификуван во 38 земји во светот, но досега не се пријавени смртни случаи, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Немам никакви информации за смртни случаи поврзани со Омикрон, рече портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмаер. Шефица на техничкиот тим во одделот за итни случаи на СЗО, Марија ван Керхове информира дека Омикрон е регистриран во 38 земји. СЗО соопшти дека потребни се неколку недели за да се добие попрецизна слика за потенцијалното влијание на Омикрон, за да се одреди степенот на заразност, јачината на вакцините, како функционираат тестовите и третманите. Прелиминарните податоци се чини дека укажуваат на поголема зараза, а тоа е главно сè…
Преку сеопфатни политики и мулти-институционален пристап градиме инклузивно општество во кое лицата со попреченост имаат еднаков пристап за напредок и развој, објави на својот фејсбук профил премиерот Зоран Заев по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Оваа година го одбележуваме 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост со позитивни промени, како резултат на спроведувањето на најдобрите светски практики за поддршка и вклучување на лицата со попреченост во нивното секојдневие, во здравството, образованието и социјалната заштита. И не само денес, инклузијата на овие лица во општеството е процес на којшто сме посветени секој ден од годината. Тие се дел…
Помошникот на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека видеоразговорот со американскиот претседател Џозеф Бајден ќе се одржи по патувањето на рускиот лидер во Индија што е планирано за следната недела. Јуриј Ушаков не прецизира кога точно ќе се одржи видео-повикот меѓу двајцата претседатели, велејќи дека сè уште се работи на последните детали за разговорите. Состанокот ќе се одржи за неколку дена. Веќе имаме конкретен датум и време за видеоконференцијата. Но, подобро е да се почека сите подготовки да бидат целосно договорени со американската страна. Тогаш ќе имаме можност да излеземе со официјално соопштение, рече Ушаков. Тој рече дека двајцата лидери…
Главната научничка на Светската здравствена организација (СЗО), Сума Сваминатан денеска ги повика луѓето да не паничат поради појавата на Омикрон и рече дека е премногу рано да се извлечат заклучоци за новата варијанта. Во интервју за „Ројтерс Некст“, Сума Сваминатан рече дека е невозможно да се предвиди дали Омикрон ќе стане доминантна варијанта на коронавирусот. Треба да бидеме подготвени и внимателни, но да не се паничи бидејќи сме во поинаква ситуација од пред една година. Делта сочинува 99 отсто од инфекциите во светот. Оваа варијанта би требало да биде позаразна за да ја надмине Делта и да стане доминантна во…
Околу 84 проценти од жените во руралните средини за време на пандемијата на коронавирус се соочиле со намалување на нивните економски приходи од земјоделските активности, а нивните производи и натаму остануваат непродадени. Речиси 54 отсто од жените во руралните средини немаат пристап до информации за можностите и финансиската поддршка што им се нуди, а работат по 11 часа на ден, работа што не е евидентирана и платена, покажуваат податоците на платформата „Рурална коалиција“. „Рурална коалиција“ денеска на платформата „Зум“ го лансираше и презентираше првиот женски рурален е-пазар „Наша тезга“. Животните приказни на нашите жени од руралните средини, традицијата на нашето…
Прекин на водоснабдувањето од 18 часот ќе имаат корисниците на дел од улица „Партениј Зографски“ и потегот од улица „Ѓорги Скрижевски“ до улица „Востаничка“, во општина Центар. ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека прекинот на водоснабдувањето ќе биде поради санирање уличен дефект од ф-150 мм. на улица „Партениј Зографски“ број 13.
Оваа зимска сезона на Попова Шапка ќе има дополнителни места за паркирање, информираат од ски-ценарот. Станува збор за две нови локации на ски-центарот кои се адаптирани за паркиралишта. Покрај веќе познатиот паркинг спроти полициска станица означен како П1, оваа сезона се пуштени во целосна употреба и два нови постоечки паркинзи. Паркингот П2 е лоциран под хотел „Славија“, a Паркингот П3 се наоѓа спроти хотел „Скардус“. Истите се обележани со соодветна сигнализација и континуирано ќе се одржуваат од службите на ски-центарот. Апелираме до граѓаните да ги користат овие паркинг места за да се спречи создавањето на сообраќаен хаос којшто го имаме со години, особено за време на…
Најверојатно ќе донесеме одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи, најавува министерот за економија Крешник Бектеши. Подготвен е предлог што утре или во вторник ќе биде доставен на разгледување до Владата. Секторот за трговија при Министерството за економија веќе ги направи пресметките во делот на зголемување на цените, за основните производи. Предлогот е веќе подготвен и во сабота или во вторник ќе биде испратен на разгледување во Владата и најверојатно и Северна Македонија ќе донесе одлука за замрзнување на продажните цени на основните прехранбени производи, лебот, млекото, брашното, шеќерот, зејтинот, а можеби и месото, рече Бектеши во интервју…
Наспроти шпекулациите дека би можел да седне на клупата на хрватскиот шампион Динамо Загреб, 60-годишниот фудбалски стратег Матјаж Кек го продолжи договорот со Фудбалската федерација на Словенија и останува селектор до завршувањето на квалификациите за ЕП 2024. Матјаж Кек ќе ја предводи словенечката репрезентација и во следниот циклус на Лигата на нации на УЕФА и квалификациите за Европското првенство во 2024 година, објави Словенечката федерација. Кек ја предводеше Словенија од 2027 до 2011 година, а на селекторската клупа повторно седна на крајот од 2018 година.
Легендарниот фудбалер на српскиот фудбалски клуб Партизан од времето на поранешна Југославија, Момчило Вукотиќ почина на 72-годишна возраст од рак на грлото, соопшти денеска белградскиот клуб. Беше еден од најголемите и како таков ќе остане засекогаш. Легендите никогаш не нè напуштаат, остануваат да живеат во нашите срца. Вечна ти слава. Твој Партизан, објави клубот по повод смртта на Вукотиќ. Тој го носеше дресот на „црно-белите“ од Белград од 1968 до 1978 година и од 1979 до 1984 година и според бројот на настапи за Партизан е втор фудбалер во клупската историја. За репрезентацијата на поранешна Југославија одигра 14 натпревари.
Mинистерството за образование и наука (МОН) посветено работи на обезбедување инклузивно образование. Образовните институции треба да бидат целосно пристапни и достапни и затоа, денеска на 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост кој се одбележува преку пораката „Лидерство и учество на лицата со попреченост, кон инклузивен, пристапен и одржлив пост ковид-19 свет“, го започнуваме проектот „ЕУ за вклучување“ којшто се реализира преку Акциската програма на 2019-ИПА 2 и преку кој ќе се обезбеди целосна вертикална и хоризонтална пристапност на 14 образовни институции – шест основни и по четири средни и високо образовни установи. Како што соопштија од МОН, токму…
Подружницата на судии на Кривичниот суд Скопје на денешната седница повторно го избра судијата Илија Трпков за претседател. Реизборот на судијата Трпков, како што информираат, е поради претходните успешни активности и потврдена анимација на работата на Кривичниот суд Скопје. „Сето ова е во интерес на самите судии и сите принципи на обезбедување на правдата согласно законите и Уставот и ратификуваните меѓународни договори. Подружницата се залага за сите права на судиите, како и за правата на граѓаните-странките во постапката. Очекуваме конструктивни предлози кои соодветно ќе ги проследиме и реализираме“, се вели во соопштението од Подружницата на судии на Кривичниот суд Скопје.