Легендарниот фудбалер на српскиот фудбалски клуб Партизан од времето на поранешна Југославија, Момчило Вукотиќ почина на 72-годишна возраст од рак на грлото, соопшти денеска белградскиот клуб.

Беше еден од најголемите и како таков ќе остане засекогаш. Легендите никогаш не нè напуштаат, остануваат да живеат во нашите срца. Вечна ти слава. Твој Партизан, објави клубот по повод смртта на Вукотиќ.

Тој го носеше дресот на „црно-белите“ од Белград од 1968 до 1978 година и од 1979 до 1984 година и според бројот на настапи за Партизан е втор фудбалер во клупската историја.

За репрезентацијата на поранешна Југославија одигра 14 натпревари.