Author: Sashko

Општина Брвеница со јапонски грант ќе обезбеди комунално возило во износ од 67.026 евра со кое треба да го подобри квалитетот на комуналните услуги за своите граѓани. Новото комунално возило ќе му овозможи на општинското јавно комунално претпријатие да пристапи и до поодалечените села во општината со цел да обезбеди одлагање на отпадот. Договорот за реализација на проектот за обезбедување на комуналното возило го потпишаа амбасадорот на Јапонија, Хиронори Савада и градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски, во присуство на директорот на Општинското јавно комунално претпријатие. Ова е вториот грант од  Јапонија за Општина Брвеница. Претходно преку GPP-грант програмата за мали…

Read More

СВР Битола поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола против А.Н. (37) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). Од МВР соопштија дека пријавениот, во својство на службено лице, директор на Националната установа – Музеј на албанската азбука во Битола, во периодот од 2015 до 2020 година во повеќе наврати постапил спротивно на Закон за јавни набавки и Закон за музеите и на повеќе физички лица им овозможил незаконски да се стекнат со имотна корист, а со тоа го…

Read More

Трети декември го одбележуваме како Меѓународен ден на лицата со попреченост, но инклузијата на овие лица во општеството е процес кој трае 365 дена во годината. Тие се дел од нашето секојдневно живеење, наши пријатели и роднини, рече министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, при посетата на малиот групен дом за лица со попреченост кој се наоѓа во скопската населба Капиштец. Како што соопшти МТСП, министерката потенцираше дека овие лица најмногу од сè бараат еднаквост, самостојно живеење и функционирање во општеството и затоа врвен приоритет на Министерството за труд и социјална политика и на Владата е инклузијата на…

Read More

Град Скопје и Агенцијата SWOT Research, агенција за анализа на квалитетот на услугата, по 14-ти пат го реализираа проектот „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите“ во главниот град. Најдобри угостителски објекти во Скопје за 2021 година, во четирите категории се: Категорија ресторани 1 место: Пелистер 2 место: FOUR 3 место: CARPE DIEM Категорија гостилници 1 место: Дебар маало 2 место: Градска кафеана – Кај Јоле 3 место: Дукат Категорија Lounge и мезе барови 1 место: ДISTRIKT BAR &KITCHEN 2 место: Public room 3 место: SOUL KITCHEN Категорија кафулиња 1 место: Mr. Jack 2 место: CHILLIN’ BAR 3 место: DEUS Агенцијата ангажираше…

Read More

Проширувањето на Европската Унија (ЕУ) повторно треба да биде ставено во фокусот, порача министерот за правда Бојан Маричиќ во своето обраќање на двете работни сесии на средбата на министри што се одржа денеска во рамки на министерскиот форум за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан, во Брдо кај Крањ. На претстојниот декемвриски самит на Советот се надевам на отпочнување на процесот на проширување, со донесување на консензуална одлука за отворање на пристапните преговори и одржување на Првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија, кажа Маричиќ по споделувањето на сe она што е реализирано во рамки на Стратегијата за реформа…

Read More

Нема да почитуваме договор што би го потпишал Зоран Заев, е пораката што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја испрати до бугарскиот претседател Румен Радев и владата во Софија од студиото на Алсат ТВ за врерме на вечерашното гостување во емисијата „Патот кон…“. „Моја порака до Радев и до бугарската влада е дека едностран договор, потпишан од политички бегалец, како Зоран Заев, новата влада на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го почитува. Затоа што ниту учествува, ниту знае каков е. Треба да знаат дека немаме намера да го почитуваме“, рече Мицкоски.

Read More

„Алтернатива“ во Влада, а со тоа и зголемување на актуелното парламентарно мнозинство, и добивање на датум за почеток на преговори за членство на Македонија во Европската Унија (ЕУ). Ова се очекувањата на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи со заедниците, Артан Груби што ги испорача во вечерашното гостување на ТВ 24. Очекувам „Алтернатива“ да бидат дел од парламентарното мнозинство и владината коалиција зошто ги делиме истите вредности. И тие сакаат да ја видат Македонија интегрирана во ЕУ, го поддржуваат членството во НАТО, ја поддржуваат имплементацијата на Охридскиот и Рамковен договор. Немаме разлики во стратешките интереси на државата.…

Read More

Од новата варијанта на коронавирус Омикрон постои трипати поголем ризик од повторна инфекција од моментално доминантниот вид Делта и Бета видот на вирусот, соопштија денеска група јужноафрикански здравствени тела. Јужноафриканскиот центар за епидемиолошко моделирање и анализа, заедно со Националниот институт за заразни болести, соопштија дека најновите наоди „обезбедуваат епидемиолошки докази за способноста на Омикрон да го избегне имунитетот од претходни инфекции“. Нивното соопштение беше објавено откако група јужноафрикански здравствени организации објавија прелиминарна верзија на трудот, која беше претставена на научната јавност, која треба да го анализира и одобри пред да биде објавен во научно списание.

Read More

Претпоставки и шпекулации се информациите во јавноста дека со „Алтернатива“ сме разговарале за распределување ресори или за определени имиња. Не сме дојдени на тоа ниво, туку зборуваме за одговорности во Владата по одредени прашања, вели кандидатот за претседател на СДСМ и заменик-министер за финансии, Димитар Ковачевски. Ковачевски, кој вечерва гостуваше во дневникот на ТВ Сител, рече дека до крајот на неделата ќе има уште една или две средби. Во тек се внатрепартиските консултации. Вчера имавме разговори со Гаши и неговиот тим, кажавме дека е постигнат напредок во усогласувањето на програмските определби на новата можна влада. Ги разменивме и нашите мислења…

Read More

„Модерна“ би можела да го заврши тестирањето на засилувачката доза за варијантата Омикрон во март и да поднесе барање за одобрување во САД, изјави претседателот на компанијата, Стивен Хог. Хог рече дека бустер дозата која содржи гени кои посебно ги таргетираат мутациите на новата варијанта ќе биде најбрзиот начин да се реши проблемот со намалената ефикасност на вакцините. Веќе ја започнавме таа програма, изјави Хог. Компанијата исто така работи на поливалнтна вакцина која би била ефикасна против четири различни варијанти на коронавирусот, вклучително и Омикрон. Тоа може да потрае уште неколку месеци, рече Хог. Следејќи ги упатствата на американската Агенција за храна…

Read More

„Novavax Inc.“ денеска соопшти дека во јануари 2022 година ќе може да почне со комерцијално производство на вакцина против ковид-19, што ќе биде ефикасна против новиот сој на коронавирусот – омикрон, во време кога ги изведува тестирањата дали нејзината сегашна вакцина делува против оваа варијанта. Британските медиуми пренесуваат дека лабораториските податоци што се очекуваат во следните неколку недели ќе покажат дали антителата на лицата кои претходно ја примиле вакцината на „Новавакс“ можат да ја неутрализираат новата варијанта, соопшти компанијата. „Новавакс“, исто така, соопшти дека почнала и со развој на антиген на шилестиот протеин, што е специфичен за омикрон, и дека…

Read More

Велика Британија денеска потврди уште 10 инфекции со загрижувачката варијанта на коронавирусот Омикрон, со што вкупниот број се искачи на 42. Британската агенција за здравствена безбедност објави дека уште седум случаи на сојот Омикрон се откриени во Англија, додека уште три заразени лица се идентификувани во Шкотска. Британскиот премиер Борис Џонсон пред два дена изјави дека Владата сака на сите возрасни лица да им понуди засилувачка доза на вакцина против коронавирус до крајот на јануари следната година, поради страв од ширење на Омикрон. Нашата цел е да понудиме бустер дози на сите што ги исполнуваат условите до крајот на јануари, рече Џонсон. Тој додаде дека е малку веројатно…

Read More