Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Со „Алтернатива“ разговараме за одговорности во Владата, не распределуваме ресори

0
By Sashko on December 2, 2021 ПОЛИТИКА
FOTO tv21.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 2, 2021 22:05

Претпоставки и шпекулации се информациите во јавноста дека со „Алтернатива“ сме разговарале за распределување ресори или за определени имиња. Не сме дојдени на тоа ниво, туку зборуваме за одговорности во Владата по одредени прашања, вели кандидатот за претседател на СДСМ и заменик-министер за финансии, Димитар Ковачевски.

Ковачевски, кој вечерва гостуваше во дневникот на ТВ Сител, рече дека до крајот на неделата ќе има уште една или две средби. Во тек се внатрепартиските консултации.

Вчера имавме разговори со Гаши и неговиот тим, кажавме дека е постигнат напредок во усогласувањето на програмските определби на новата можна влада. Ги разменивме и нашите мислења во однос на преземање одговорности во Владата кој би е формирла ако се постиген  договор. Остана да се спроведат разговори низ партиите и да се видиме уште еднаш или двапати до крајот на неделата. Во овој момент воопшто не беше тема распределувањето ресори и определување имиња, тоа  што се зборува во јавноста се претпоставки и шпекулации, рече Ковачевски и изрази надеж дека со „Алтернатива“ ќе биде постигнат договор.

Според него, кој ќе биде примиер прво зависи од внатрепартиските избори во СДСМ. Потоа следува разговор и одлучување во партиските тела. Откако тука ќе се дефинира кој е мандатарот предложен од СДСМ, треба да се помине и филтерот на разговори со коалициските партнери. На крајот доаѓа гласањето во парламентот. Ковачевски нагласи и дека кон Заев има голема почит.

Тој ги донесе најтешките одлуки во државата благодарение на кои сме членка на НАТО и сме на чекор до почеток на преговорите со ЕУ. И при најавата на оставката тој кажа дека ќе остане премиер додека не се оформи парламентарно мнозинство кое ќе може да се справува со енергетската криза, пандемијата и евроинтеграциските процеси. Неговото останување на премиерското место не би го ограничувал временски на денови, недели или месец два се додека се овие процеси актуелни и додека тој може да име позитвно влијание врз нив, истакна Ковачевски.

Ако биде избран за претседател на СДСМ, Ковачевски, како што рече, ќе се потруди да ги идентификува најдобрите кадри и да привлече стручни лица однадвор, како и луѓе од дијаспората од приватниот сектор и науката, кои ќе можат да преземат одредени одговорности за поефикасно справување со предизвиците не само на партиско, туку и на институционално ниво.

Давање фер шанса на најдобрите и во партијата и во државата е мојата цел, подвлече Ковачевски.

На прашањето дали ќе ги врати дистанцираните членови на СДСМ како Максим Димитриевски, одговори дека е секогаш подготвен за разговор и отворен да слушне различни мислења

СДСМ има над 80.000 членови и сите делат социјалдемократски вредности. СДСМ има демократски капацитет да има и спротивставени мислења на членовите. Треба да се седне и да се разговара за да се види како може да се усогласат различните мислења и од тоа да се извлече нов квалитет. Ако бидам избран за претседател на партијата ќе бидам отворен секогаш за разговор со секој што има различно мислење, а дали јас ќе го иницирам тоа или некој друг, е ирелевантно, потенцира Ковачевски.

За спорот со Бугарија рече дека е задолжено МНР со учество на премиерот и СЕП.

„Се одвиваат раговори, ги немам деталите зашто сум дел од економските владини ресори. Не би сакал да прејудицирам одредени коментари кои би можеле да влијаат на процесот. Бугарија е наш прв сосед со кој треба да ги развиваме сорботка на сите нивоа и полиња. Со оглед дека земјава ги исполни сите предуслови на ЕУ и последоватлено има четири позитивни извештаи, сметам дека сега е време ЕУ да определи датум за прва меѓувладина конференција и почеток на преговорите, а Резолуцијата донесена во Парламентот со која се деифнирани црвените линии се почитува“, нагласи Ковачевски.

Алтернатива Влада Димитар Ковачевски коалиција Македонија мнозинство парламент преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.