„Алтернатива“ во Влада, а со тоа и зголемување на актуелното парламентарно мнозинство, и добивање на датум за почеток на преговори за членство на Македонија во Европската Унија (ЕУ). Ова се очекувањата на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи со заедниците, Артан Груби што ги испорача во вечерашното гостување на ТВ 24.

Очекувам „Алтернатива“ да бидат дел од парламентарното мнозинство и владината коалиција зошто ги делиме истите вредности. И тие сакаат да ја видат Македонија интегрирана во ЕУ, го поддржуваат членството во НАТО, ја поддржуваат имплементацијата на Охридскиот и Рамковен договор. Немаме разлики во стратешките интереси на државата. Треба реконструкција на владата, а не цел нов кабинет, вели Груби.

Тој изрази надеж оти земјава во декември, сепак, ќе добие датум за првата меѓувладина конференција со што и официјално би почнале преговори за членство во ЕУ.

„Се надевам дека ќе постигнеме нешто такво со поддршка на сите лидери на Европската Унија по теркот на решението што го добивме во 2008 година во Букурешт за НАТО, кога добивме покана за членство во НАТО и, како што знаете, тоа се реши на амбасадорско ниво, истакна Груби.