Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Светската полициска агенција Интерпол утре во Истанбул треба да избере нов претседател, а групите за заштита на човековите права предупредуваат дека на функцијата би можел да се најде генерал обвинет за „тортура“. Генералот Ахмед Насер ел Раиси, генерален инспектор во Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), се кандидираше за претседателската функција со четиригодишен мандат во Интерпол. Тој од минатата година води кампања за претседател, а негова ривалка ќе биде Шарка Хавранкова од Чешка. Ел Раиси, кој веќе е член на извршниот комитет на Интерпол, во саботата објави дека приоритет на ОАЕ е заштитата на човековите права во…
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека бројот на случаи на заразени со коронавирус во Европа во минатата недела се зголемил за 11 отсто и стариот континент е единствен регион во светот со пораст на инфекции, тренд што почна од средината на октомври. СЗО во неделниот извештај за пандемијата објави дека бројот на нови случаи на инфекција и смртни случаи од последиците на коронавирусот ширум светот се зголемил за околу шест проценти. Минатата недела беа пријавени 3,6 милиони нови инфекции и 51.000 смртни случаи. Директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге предупреди дека доколку не се преземат итни мерки, Европа наскоро…
Американскиот претседател Џо Бајден и неговата сопруга Џил пакуваа оброци за училиштата и засолништата за бездомници во Вашингтон во Централната кујна на ДЦ пред овонеделниот празник Денот на благодарноста. На првата дама ѝ се придружија потпретседателката Камала Харис и нејзиниот сопруг Даг Емхоф кои служеа боранија и сос. Американците утре го слават Денот на благодарноста со традиционален оброк кој често вклучува мисирка, сос и пире од компири. По општествено корисната работа, Џо и Џил Бајден се упатија кон Масачусетс, каде треба да го поминат својот одмор до крајот на неделата.
Етиопскиот премиер Абиј Ахмед се приклучи во првите борбени редови против бунтовниците од провинцијата Тигреј, додека вицепремиерот Демеке Меконен Хасен ги презеде сите рутински државни работи, јавија денеска државните медиуми. Владиниот портпарол Легесе Тулу на прес-конференција детално објасни што значи префрлувањето на одговорностите за извршување на рутински должности, пренесуваат британските медиуми. Премиерот на Етиопија пред два дена најави дека лично ќе ја води борбата против бунтовничките сили од провинцијата Тигреј и нивните сојузници. Ајде да се сретнеме на првата линија на фронтот. Дојде време да ја водиме земјата посветено, напиша Ахмед во понеделникот вечерта. Минатиот месец силите на Ослободителното движење…
Британскиот премиер е во „одлична форма“, а говорот пред деловната елита во кој тој неповрзано зборуваше за паркот „Светот на Прасето Пепа“ не предизвикува загриженост за неговите способности, изјави во средата вицепремиерот Доминик Раб. Џонсон завчера беше гостин на состанокот на Конфедерацијата на британската индустрија (CBI), каде што одржа говор пред деловните лидери во североисточна Англија што ги загрижи неговите соработници и јавноста, коментираат британските медиуми. Накратко остана без зборови кога се изгуби во белешките, за набрзо да раскаже анегдота за неговата неодамнешна посета на тематски парк посветен на Прасето Пепа, лик од британски цртан филм, и неколку пати се навраќаше на него. Премиерот…
Зачекорувајќи со испакнати гради напред, вртејќи се со карактеристичното движење на колковите и стегајќи ја едната рака во тупаница… За пејачот на „Квин“ (Queen), излегувањето на сцената со класичен држач за микрофон, беше незамисливо. Вистинското име на Фреди Меркјури е Фарук Булсара. Роден е на 5 септември во 1946 година во Занзибар. Пораснал во Индија и на 17 години се доселил со семејството во Лондон. Таму се запознава со гитаристот Брајан Меј и тапанарот Роџер Тејлор, првично помагајќи им за турнејата… Малку подоцна почнува и да компонира и изведува свои песни во различни групи. Во 1970 година е родена „Кралицата“…
Вкупно 1.440 ученици се киднапирани во Нигерија од почетокот на 2021 година, додека во истиот период биле извршени 25 напади врз училишта, соопшти УНИЦЕФ. Нигериските деца и натаму трпат последици од кризата. Долготрајниот конфликт беснее во североисточна Нигерија веќе 12 години. Илјадници деца во регионот се убиени, осакатени, киднапирани, раселени и доживеале повеќекратни прекршувања на човековите права, се вели во соопштението од Агенцијата на ОН. Истакнувајќи дека секој четврти потврден случај на сериозно прекршување на законот во светот е извршен во Западна и Централна Африка од 2005 година, УНИЦЕФ наведе дека минатата година повеќе од 6.400 деца биле жртви на…
Шведскиот парламент денеска ја избра лидерката на Социјалдемократската партија и актуелна министерка за финансии, Магдалена Андерсон за прва жена премиер на земјата, откако таа постигна договор во последен момент кој и обезбеди клучна поддршка. Андерсон ќе го наследи актуелниот премиер Стефан Ловен по поддршката што ја доби од 117 пратеници во парламентот, 57 беа воздржани и 174 гласаа против. Според шведскиот систем, на кандидатот за премиер не му треба поддршка од мнозинството во парламентот, туку само против него да нема мнозинство. Шведскиот Устав вели дека премиерите можат да управуваат се додека парламентарното мнозинство, минимум 175 пратеници, не е против нив.
Од 22 јануари, САД ќе бараат сите патници кои влегуваат во земјата, а чие патување се карактеризира како исклучително важно, да бидат целосно вакцинирани против коронавирусот. Тоа е барање на американскиот претседател Џо Бајден кое се разгледува и треба да биде објавено наскоро. САД овој месец воведоа барање за целосна вакцинација на сите поединци кои пристигнуваат во земјата како туристи. Одлуките ќе важат и за сите лица кои влегуваат во земјата со траект, изјави анонимен претставник на Белата куќа. Мерката се однесува на оние луѓе кои не се американски државјани. Секој што има американско државјанство или постојан престој во таа…
Куба повторно се отвора за туристи, откако со својата домашно развиена и произведена вакцина успеа да го запре ширењето на коронавирусот. По тешки 12 месеци и пребрзото отворање на земјата во услови на пандемија на ковид-19, државата воведе „затворање“ и спроведе успешна програма за вакцинација што го забави ширењето на вирусот во земјата. Куба сега е една од ретките земји со пониски приходи каде не само што е вакцинирано мнозинство од населението, туку и единствената што го направи тоа со вакцина што ја разви сама. Кога почна пандемијата на ковид-19, Куба одлучи да не чека остатокот од светот да развие…
Судот во Версај го прогласи Карим Бензема, напаѓач на Реал Мадрид, за виновен за уценување на поранешниот фудбалер Матје Валбуена, пишува „Л’Екип“. Бензема е прогласен за виновен за соучество во обид за уцена и осуден на една година условна затворска казна и парична казна од 75.000 евра. Максималната казна која можеше да ја добие фудбалерот е пет години затвор. За виновни се прогласени и четворица други обвинети. За потсетување, 33-годишниот Французин беше обвинет во 2015 година дека дејствувал како посредник, поттикнувајќи го Валбуена да им плати на уценувачите да не објавуваат интимно видео за него. Двајцата играчи добија забрана за…
Како дел од тестирањето на планетарниот одбранбен систем, НАСА успешно лансира вселенски брод чија задача е да удри во астероид и да го пренасочи од траекторијата што потенцијално може да доведе до судир со Земјата. Вселенскиот брод „ДАРТ“ беше лансиран на ракетата „Фалкон 9“ од базата „Ванденберг“ во 22:21 часот по локално време од американскиот брег на Пацификот, 240 километри северозападно од Лос Анџелес. Бродот со големина на мал автомобил се откачи од ракетата неколку минути подоцна и започна патување во длабоката вселена кое ќе трае десет месеци, на растојание од околу 6,8 милиони километри од Земјата. Откако ќе се…