Судот во Версај го прогласи Карим Бензема, напаѓач на Реал Мадрид, за виновен за уценување на поранешниот фудбалер Матје Валбуена, пишува „Л’Екип“.

Бензема е прогласен за виновен за соучество во обид за уцена и осуден на една година условна затворска казна и парична казна од 75.000 евра. Максималната казна која можеше да ја добие фудбалерот е пет години затвор. За виновни се прогласени и четворица други обвинети.

За потсетување, 33-годишниот Французин беше обвинет во 2015 година дека дејствувал како посредник, поттикнувајќи го Валбуена да им плати на уценувачите да не објавуваат интимно видео за него.

Двајцата играчи добија забрана за настап во француската репрезентација поради ситуацијата со уцена, но Бензема годинава се врати во националниот тим на „триколорите“.